Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    17.948
    Стана насмеана. Си одбра што ќе носи. Побара сама да и прснам од спрејот со оригано. Почна нешто да бара во нејзината соба и најде два цртежи што ги спремила за учителките:inlove:
    Влезе насмеана. Ни рекоа да ја земеме пред спиење. Прв ден после година ипол пауза. Се надевам дека вака ќе остане.
    Не дека е моја, ама златна ми е :inlove:
    За џабе мама се плашеше.
     
    На L.i.n.a.a, hello-kitty.90, Larahappy и 19 други им се допаѓа ова.
  2. SophiaBella

    SophiaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.885
    И мојот од прв ден сакаше да оди, со таа разлика што јас овој септември прв пат го пуштив во градинка.
    Многу сака да се дружи, плачеше кога го земав првите два дена по два саати, не сакаше да си оди :rofl: си мислам единствен е што плачи за во градинка да оди :lol:
     
    На CareTee, eli25, duffi и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    17.948
    Срцко бе:inlove:
    Се надевам така ќе биде и кај нас. Си викам, може си има некоја замисла во глава и ако тоа очекување не и се исполни можеби ќе одбива од утре. :?:
     
    На SophiaBella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SarChee

    SarChee Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2013
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    372
    Мајки ве молам за искуства
    Значи вака ќере за прв пат тргна во градинка во група 2-3.. Таа има точно 2ипол години. Во групата се сите деца родени 2019,ќере во април.Детево мое зборува буквално се, како стар човек, и физички е напредна.А во групава дечината сеуште не биле прозборувани баш баш, а и нели има разлика во месеци иако сите се 2019.Исто не носи и памперс, а 90% од дечината носеле. И сега муабетов ми е, кога ќе ја земам од градинка јас заприметив некои промени кај детево, прави бебешки гестикулации, како што прават децата, ги емитира и се понаша како нив. Се до петокот каде што учителката кога ја земав ми кажа дека (во градинка оди 10дена, до преспивање) детево ви е и физички и психички понапредно за минимум година дена.Има 100% развијан говори ментално е како да има некои 4год.а и физички исто па таа и така се понаша и другите деца ги смета за бебиња. Сака да разговара а нема со кого, сака да учи песни а ние сега не го можиме тоа зошто и децата кои зборуваат не се дојдени до таа фаза.Ми предложија да си побарам детето да ми го префрлат во група 3-4 со деца родени во 2018,ако од градинката се нафатат да направат исклучок, зошто ми посочи дека еве јас мислам дека ако детето остани во оваа група се плашам дека ќе заостани. Не знам како да постапам, дали некое детенце ваше оди така во група со деца од друга година?Дома и мене детево ми вели мамо во градинка се сите бебина, мали се и јас ништо не правам. Како да постапам правилно. Ви се извинувам на рефератов, ама стварно сум во дилема
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Зошто си во дилема ако и самата си забележала промени кај детето, а и воспитувачката ти рекла?
     
  6. SarChee

    SarChee Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2013
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    372
    Зошто се плашам дека сепак моево дете е 2ипол години а во таа група децата се веќе 3ипол.сепак не и се генерација, и има разлика.Воспитувачката само ми посочи тие што заприметиле и ми рече одлучете си вие, и ако сакате поднесете барање кај раководителката на градинката,а инаку ова не било во пракса често да се случува, помали деца до одат во поголеми групи.Барем кај нас се така составени групите. Затоа барам мислење дали секаде е така, ако не какво е вашето искуство. А инаку детево има промена дури да си дојдиме дома, да се врати во нормала и после си продолжува по старо.
     
  7. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    17.948
    Мојава има 4 год, а веќе оди во голема група, од истата причина. Е сега малку е незгодно што најголем дел од децата ова им е последна година, а мојава ќе мора да остане уште една. Ама тоа е.
     
    На fana и SarChee им се допаѓа ова.
  8. SarChee

    SarChee Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2013
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    372
    Да истото ќе биди и со мојата ако ја префрлиме. Дали вашето дете од почеток оди во поголема група? И како се снајдува? Јас се плашам да не не се снајди со поголемите дечиња, зошто по карактер е многу мека, срамежлива и попустлива.

    Едит:И дали и кај вас ви беше посочено од учителките или сами заприметивте нешто?
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    17.948
    Од 2 год кога почна, неколку дена одеше во помалата група и ја префрлија во поголемата. И мојата е некој сличен карактер, ама одлично се снајде. Брзо се адаптираше и си одеше со мерак.
    Имавме пауза поради короната, сега пак почна па ќе видиме.
     
    На Jana06 и SarChee им се допаѓа ова.
  10. Katerina94

    Katerina94 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.307
    Внука ми почна градинка на 2ипол години и не можеше да го помине периодот на адаптација. Родена е во март 2017. Ноќни мори, врескање, липање. Мајка ми работи во таа градинка и ја праша директорката дали за почеток додека се навикне може да ја стават во на мајка ми групата( деца поголеми една година). Директорката одобри. Внука ми таму се навикна лесно дека баба и е таму и одеше додека не ги затворија градинките поради ковид. Супер и беше со сите дечиња, ми кажуваше што правеле секој ден.
    Нема што да се плашиш, верувам нс детето ќе му е поубаво со другарчиња со кои ќе комуницира.
    Едит: внука ми е тежок интроверт, а немаше проблем со поголемите дечиња, баш напротив
     
    На SarChee, Luna91 и Jana06 им се допаѓа ова.
  11. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    17.948
    Сега го гледам едитот.
    Взаемно беше.
    И јас видов дека не и одговара таа група. Почна во јасли. И викаше не сакам кај бебињата сакам песнички. Плус без памперс беше половина година. И учителката забележа дека многу двои од другите деца. По некој ден кога ја однесов, гледам излегува учителката од поголемата група и ни рече од денес кај нас.
     
    На SarChee му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SophiaBella

    SophiaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.885
    И мојот оди во група со поголеми дечиња, мојот само што наполни 4, а групата е со деца од 5+ години. Засега нема никакви поплаки ни од него, ни од воспитувачките. Со ќеф оди во градинка, ужива таму.
     
    На SarChee и Luna91 им се допаѓа ова.
  13. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Слободно премести ја во поголема група(по напредна) деца и со 3 месеци што се разлика па има многу големи разлики. Добро е и кога сака да оди во градинка овозможи и да напредува. Во градинките кај нас стално повеќе внимание се обрнува на тие деца што им треба повеќе внимание јадење, пиење, спиење, анимирање. Во твојов случај твојата не носи пелени, знае да збори, песнички да пее додека во нејзината група тек допрва почнуваат да зборуваат и да ги одвикнуваат од пелени и нормално е тоа, затоа и те советувале да ја преместиш во поголема :)
     
    На SarChee, Luna91, Snowflake92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Јас па мислам дека на 2 год нема потреба од форсирање. Нека си оди со генерацијата. Секако во школо со нив ќе оди.
    Меѓу 2 и 3 им се приметува на дечињата разлика во моториката/говорот во однос н поголемите, колку сака напредни нека се.
    деца во група од 2-3 не се јасли, туку веќе имаат активности. Не знам каква група се погодила кај членката, ама па дека сите се бебиња и така се однесуваат, малку чудно. Значи таму има деца со полни 2, кои од јануари ќе почнат да полнат по 3.
     
    На emkaemka, BabyT*, SarChee и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.398
    Допаѓања:
    18.643
    Се согласувам со мислењето.

    Мојот за некој ден полни 2г,а веќе од 16м зборува, пее песнички, раскажува приказни и одговара на прашања.
    Сега почна во нова градинка и поради тоа што зборува толку (за разлика од неговите врсници) учителката вика на сите вработени им е омилен (во смисла да си позборуваат нешто со него).
    Во група од 2-3г е,и веќе знае 3 песнички од новата градинка,за неполн месец како оди.
    Сметам дека учителките си ја работат програмата,но е оставено на развојот на децата кое колку ќе научи. Тие ќе им ја испеат песничката,но до детето е дали ќе ја научи или не. Не верувам дека поради тоа што децата од група не зборуваат, за разлика од некое што се истакнува во говорот-нема да се испее песничката.

    На возраст од 2 до 3г се израмнуваат децата во развојот, затоа нели и конкретно препораките за говор се да се почека да наполни детето 3г,па да се реагира ако има проблем.

    Моето не само што зборува туку и размислува, знае да се извини кога ќе згреши (пр. Скокал додека јадел,му рекле дека нема да му наместат креветче и нема да му облечат пижами кога сите ќе спијат, се свртел и рекол извини) и ми кажува некои детали од градинка.

    @SarChee јас би рекла тоа што покажувала како правеле бебињата дека покажува имитација. Нека ти каже и стручно лице но не верувам дека ќе се уназади со говорот или развојот ако остане во група со својата возраст.
    Па тоа не се деца со посебни потреби туку само поспоро имаат некои достигнувања.
    Сепак и вакви деца (понапредни) се потребни во групите за да научат и другите нешто од нив, покрај твоето дете некое ќе се пушти да збори на пример...
     
    На SarChee, haruki и kukla21 им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.920
    Допаѓања:
    203.165
    Пол:
    Женски
    Премести ја слободно, детето ќе има само бенефит.
     
    На SarChee и Luna91 им се допаѓа ова.
  17. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.252
    Допаѓања:
    118.914
    Пол:
    Женски
    @SarChee да ја преместиш, без размислување.
     
    На SarChee и Luna91 им се допаѓа ова.
  18. SarChee

    SarChee Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2013
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    372
    Е баш заради тоа и мислам дека ми посочија учителките, зошто таа е самостална сама јади, мочка, зборува а вниманието е на дечината на кои им треба помош.

    Да, тоа е група 2-3 и има деца кои се родени и и во февруари и март, мојата е во април а сите други се со скоро наполнети 2год или до нова година треба да наполнат.Но ете можеби така се погоди групата од 17дечиња прозборувани биле само 4. А само моето целосно. Активности ќе имале од ноември зошто сега е адаптација и е хаос,тие дошле до овој заклучок зошто ја следеле како се понаша, ја потпрашале некои работи, песни и ствари кои ги знае и смеатаат дека со менталниот развој е понапред. А би сакала да си биди со генерацијата
     
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    За мене е сосема нормално да има разлики на таа возраст, ама таа разлика се намалува со тек на времето. Другите деца може не зборуваат затоа што им е нова средина. Моето многу слабо зворуваше во градинка, а дома и со блиските си беше отворена. И на @Цвет88 мислам слично беше.
    Деца во следната група се далеку поспремни моторички и со зборување колку сака нека е напредно дете од 2 години. Таму ќе има деца од 4 години и (за мене) нема споредба со дете од 2 години.
    Добро е децата да ни ср напредни, знам и за такви што имаат скокано одделение, ама за дете кое штотуку почнало со развој ми е преагресивно.
     
    На Coco31, emkaemka, Sofi.ja и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.920
    Сметам дека ако ја оставиш, ќе биде водич во групата и тоа ќе биде супер за нејзината самодоверба. Ќе постигне се и ќе учи низ годините, они ќе се изедначат за брзо. Сепак играта со врсниците не треба да се занемари. Она со оваа група ќе тера до училиште, што е супер.
    Кај поголемите стално ќе биде помала.
     
    На emkaemka, Мамичка, BabyT* и 5 други им се допаѓа ова.