Во ред е твоето размислување, баш заради сето тоа и јас не сум сигурна и сум во дилема Меѓутоа си викам сепак ова ми е посочено од воспитувачка која ја следи таму а јас од страна сепак не гледам и не знам ништо. Во поголемата група биле деца родени 2018 а мојата е во април 2019 што значи дека максимум со некое детенце родено во јануари ќе бидат разлика 1год и 3м.А во нејзината група има деца кои во декември ќе почнат 2год и се разлика 8месеци.па и кога ми посочија ми рекоја дека ова дете е подобро да биди со 8месеци поголеми деца спрема 8месеци помали. Еве не знам ни јас што е правилно
Да, мојата исто, во градинка молк, а вака дома ќе те продаде и навистина доста знае и е напредна, али нели не е Ајнштајн. Уште знае да не збори пред други, да се срами или да ми каже ти кажи мама, едноставно такво е детето. Познавам деца што исто така биле понапредни,па еве сега на 5 години се изедначени, гледам споредено со мојата(4) нема големи отскокнувања. Мојата оди од 10 месеци, на 11 веќе почна да збори, збориме за точно кажани зборови со намена. Во јасли не сакаше памтам се жалеа да ја хранат дека веќе на 15 месеци јадеше сама и не блендирано, а таму беше блендирано. Но кај нас веќе во групата 2-3 год учеа песнички, имаше научено да дипли алишта и ред други работи. Сите скоро беа по пелени и тек тогаш ги одвикнуваа. Се е до учителките јас мислам и колку се залагаат.
^ И јас би го оставила со генерацијата а понатаму школски нека скока одделенија ако е напредно. Затоа што кога ќе дојде до предшколска група, ќе му дојде како 2 пати да ја повторува, во секоја група има нешто што прават и учат. Па на крај и приредбата за испраќање сите деца одат во школо, а тоа ќе ти остане уште една година да тера во градинка и пак истото да го учи... да заостане не може, а тоа правење бебешки работи тек какви глупости учат од градинките ова по внук ми го знам. Најсрамотните зборови во градинка ги научи. Исто збореа бебешки се глупираа на 4ипол 5г. Машките песничка не знаеја од што беа "клан" што не учи и се тепа. Никој не гарантира дека во поголема група подобро ќе и оди. Одлуката секако е твоја на крајот од денот. Ја би разговарала со некој поссодветен дали педагог психолог раководител ...
Го делам мислењето во врска со учителките, но ете и можеби има разлика и од градинка до градинка.Учителката ми посочи дека ќе имаат активности од ноември зошто сега уште е период на адаптација па е хаос. Само што таа е со ставот дека јас мнозинствово од деца допрва треба да ги одвикнувам од цуцли, памперси, да ги учам сами да јадат додека ова дете тоа го знај. Мнозинствово деца треба да чекаме да прозборува, додека ова дете зборува 100% чисто има скроз развиен говор до буква. Веќе знај многу работи (кои никој не ја форсира да ги научи, но ете сите сме различни) ии дека јас и да седнам сега да ги учам песничка освен твоево дете и делумно уште 2 другите деца не се заинтересирани. Ова е став кој ми е мене посочен
Мислам дека детето кое е понапредни треба да е во поголема група. Вака ќе уназадива, нема што да го заинтересира, веќе тие чекори му се поминати. Со поголема група ќе учи повеќе и ќе му е позабавно. Понатаму, ќе најдат начин учителките дали ќе треба да му помогнат ако оди два пати последна група. Јас не би оставила дете да назадува, до три години мозокот највеќе се развива и детето има добра основа да учи повеќе. Ризик е ако големите се поголеми физички па го тргнат настрана или го тепаат. Но за тоа има учителки. Ти не го форсираш детето, самото дете е напредно и тоа се гледа од учителките.форсирање е ако со сила го ставаш во поголема група кај што децата се попаметни а он е развиен според возраста. Овде не се работи за тоа дали побрзо ќе заврши образование туку да се развива добро. Мое мислење, да биде во друштво кое му одговара.
Мила, мојата ја знае цела азбука и на мк и на анг, сите бројки, знае поголемо помало, поскапо поефтино, повеќе помалце, знае број да поврзе со количина, знае да си го напише името сама и да си го прочита односно препознае. Ако и диктирам буква по буква збор ќе го напише. И ова никој не и покажувал, туку од што гледала по книги и сликовници. Да не редам што се знае. Наспроти тоа, пример, не знае уште да сече со ножици, што некои други деца на нејзина возраст знаат. Има другар што вози точак на 2 тркала, мојава уште трицикл. Ти кажувам чисто ради споредба, дека ете за нешто е напредна, меѓутоа за друго уште не е доволно зрела. Колку и да се напредни, на емотивно поле се уште се на својата возраст. И покрај се тоа, јас гледам да има активности наменети за нејзина возраст(4-5 сега) зошто е во таа група,(предходно 3-4 иако многу работи ги имаше совладано). Се ова не значи дека неа и е досадно во градинка и еве пример дека треба да оди во школо да речеме зошто ги знае буквите. Зошто утре ќе тргне во школо и ќе мисли дека треба да го прерипа тоа што го знае место убаво да го совлада. Со тоа напредна е, мене ми ја пукнаа главата, знаат тука на форумов колку се имам жалено. За се, за сите проблеми беше, напредна е затоа е таква, што сакаш ти... Да спомнам само и дека баш нејзината учителка ме насочуваше со активностите и никако не ги дозволуваше оние кои не се за нејзина возраст иако ги знае и прави без проблем.
7:10 ја однесов сабајлево ,не можев да ја разбудам и им кажав дека Веројатно цело време така ќе ја носам зошто не можам да ја разбудам. Искрено би седела дома да ја чувам преладно е тоа време а допрва зима доаѓа ,ама тоа е се мора. Рече не е проблем а после свеки прашала дали може од 8 и рекле не ,7:30 најкасно зошто во 8 има доручек. Реално од 7- 8 требало да е ама ради коронава вака. Не изеде веќе коса ми се крева ко ќе слушнам ради коронава ова или она . Инаку си заспала сонце во 11 онака потпрена на воспитачката од рано станата
Од искуство - да ја преместиш во поголема група, инаку ќе уназадува. Исти случај ми е поголемата. Во мала група кога одеше, група од 2-4 години, ја приметив дека почна на бебешки начин да гестикулира и зборува, иако убаво си збореше претходно. На 2 ипол почна да оди во мала група инаку, ама беше одвикната од пелени, самостојно јадеше и се облекуваше и сето тоа. Некои од децата не ни зборуваа сеуште. Учеа основни работи како што е дрво, јаболко, работи што мојата одамна ги знаеше. Кога направи 3 години, ми предложија учителките да ја префрлат во голема група зошто е позрела и во малата само ќе се уназадува. Не размислив двапати, зошто и јас почнав да се загрижувам што така бебешки се однесува. Тоа што ја префрлив во група 4-6 ми е најдобрата одлука. Како возрасна е, се’ зборува и разбира, самостојна 200%, со неа можам да си муабетам до бескрај. 3 год и 8 месеци има сега и супер и’ е во големата група, одлично се вклопи уште одма. Ја разви моториката премногу последниве месеци баш приметувам, црта и бои одлично, и многу други работи. И активностите и’ се баш интересни и со внимание ги следи и учествува, се гледа дека и’ е забавно. Префрли ја, нема да погрешиш.
Здраво феминки денеска ние прв ден во градинка да замолам за искуство со градинка весели цветови кисела вода клон синоличка? Ви благодарам
Претпоставив. И во Пиколини се вака групите и во оваа возрасна рамка и те како има разлика. На 3.5 год со деца од 2 е голема развојна разлика и ја разбирам потребата да оди во поголема група. Оваа група па од 4-6 исто е чудна. Деца што се спремни за школо и деца од 4 години развојно се на различно рамниште. И во овие групи многу е битно каква е структурата. Можно е во група 4-6 да има многу што ќе бидат на горната граница, или обратно, на долната. Во државна нема ваков голем распон и подобри се групите бидејќи детето е со своите врсници. Значи дете од 2 год оди во група 2-3 години. Пс. И јас барав да оди во поголема во приватна, ама само затоа што на дете од скоро 4 не му е место со деца од 2 год. Ама па и во другата не мислам дека е соодветно со деца што заминаа во школо. Си игра мојава со првачиња и сега, ама гледано од страна и те како има разлика. Да требаше да се исто, така ќе одеа во школо.
Лелеее, ќути не ја спомнувај короната коа ќе ми текне дека 3 недели се адаптираше едвај стигна до 3 саати, сега 2 недели во изолација, како ли ќе биде кога пак ќе почне... Страшнооо
Хетерогени групи . Постојат и во некои државни градинки. Мојот е моментално во 2-4. Најмал е, тргна со полни 2. Учи од поголемите и успеваат да му обрнат повеќе внимание со работи со кои му треба помош - пример со јадење, бидејќи поголем број од децата се посамостојни. Активностите се адекватни за поголемите, мојов колку успее толку. За сега сум многу задоволна.
Не мора да значи дека е бактерија ако се зелени и густи, ете кај нас секогаш прво се бели водени па после зелени искачаат. Само со физиолошки чистиме и минува. И кај двете деца се такви секогаш и кај мене кога ми се растечува нос. Вируси се, ги има милијарда, аман веќе
Јас по стомачен на двајцата, па вирус со 41 температура проследени со фебрилни грчеви, па згора на тоа кашлање и давење со шлајм од почетокот на септември до денес одлучив да не ја пуштам во градинка. Во рок од 3 недели детето ослабе 1.5кг, што на почетни 14 кг за 2.5 годишно дете се премногу. Дополнително бебето ми е малечко 6 месеци за скоро, грчи целото од шлајм, по 3 пати дневно го наслушува доктор од што се плашам дека ќе спушти на плуќа..
Учат песнички, а од нас побараа материјали за цртање, блок,боички,листови во боја и хамер за изработки. За ден без автомобили правеле велосипед на кој на местото за тркала децата залепиле корпи за мафини со помош на воспитувачот. Денес ми дадоа молив од хартија како честитка на која има цвет со отпечатоци од прст, за денот на учителот.