Мојата плачеше од вечерта кога ќе прашаше кај ке оди утре? И ќе добиеше одговор во градинка. Па штом отвореше очи, почнуваше, со солзи си се спремавме и како се приближувавме со колата до градинка се погласен и погласен беше плачот.
Леле и видеа и слики имам и тоа со апарат Преслатка е, плачеше со устето такво испрчено, а не доаѓаше накај мене си стоеше во редот со другите дечиња и расплака уште две на крајот
Мојава 3 години оди во градинка па некогаш ќе ѝ текне насабајле да плаче и да вика дека не сака да оде во градинка. Од лигавење е тоа кај неа, не од друго.
Мајки што е до настинкиве од градинка, децава уште малку ќе прават две години, во градинка почнавме пред три недели, додека не имаа почнато со градинкава се на се дали три пати ми имаа настинато, ниту еднаш не сме пиеле антибиотик и сега само што почнаа да одат почнавме со настинки, до сега само носе течеше ама од синоќа имаме и тт па ќе мора да се земе антибиотик. Дали ова ќе има некогаш крај? Ако секоја недела сме болни не гледам никаква смисла да одат во градинка.
Ако не мора да одат тогаш нека не одат, ако мора тогаш ќе мора да се спријателите и со настинките, за жал
Доколку ова е постојано, затнат нос, кашлица апсолутно не гледам смисла, се измачувам и јас и децата, по цели ноќи не спиеме, вистинска тортура доживуваме откако почнаа. Доколку нема подобрување сигурно дека нема да ги носам
Додека не стекнат имунитет. Сега ако не ги пуштиш може да си напрајш проблем па поголеми да не сакаат да одат воопшто. И плус после во школо ќе бидат болни. Ова од мое искуство баба ми ме чуваше одев директно во школо на секое се разболував. Пред да тргнам школо мајка ми вика дали 1 сум била болна. Ама да имам некој да го чува би скокнала градинка бар до 3 4 години не ради болести туку ради условите.
За жал очигледно првата година од почнување со градинка така е. Немаат крај настинките и вирусите. Една недела оди, две не оди. И јас едвај чекам да порасне малку па да намалат. Потполно те разбирам.
Сите истото го поминуваме. Ако седат дома не значи дека нема да се разболуваат. Периодот на јакнење на имунитетот со чести разболувања мора да помине кога децата се вклучуваат во колектив. Ако не сега во градинка, кога ќе почнат во школо ќе го поминат тој период.
Кога тогаш ќе мора да се помине тој период. Знам луѓе кои не го пуштаа во градинка и после во училиште цело прво полугодие детето дома беше на секое болно. Синчето може некои 2г беше таков, а малата 1г.. Има крај не се грижи, скоро сите сме го поминале тоа... Непреспиени ноќи, трчање по лекари, тон пари на лекови. Па особено ако се две мали на мала разлика Ама има надеж, еве сме раат ние некоја 1ипол 2 год. Одат без пауза, ретко да фатат некој вирус (скоро 4г ми е малата, големото 6ипол).
Кога ќе тргнат во школо, пак ќе мора истото да го поминат доколку не одат во градинка. Еве тргам од себе, со коронава дека претежно дома, контакт сведен на минимум, или на отворено или со маски, два пати се разболев од ништо. И не е секоја тт за антибиотик. Мојава нема пиено ич антибиотик а качила и 40+ тт.
Не е исто бебе од осум, девет месеци и веќе дете кога се разболува. Гледам и по мојата како се справува сега, наспроти како се справуваше тогаш. Има разлика и тоа како. Ако може да е дома со родителите подобро отколку да е постојано на антибиотици.
Мислењата поврзани со имунитетот се преместени во соодветната тема. https://forum.femina.mk/threads/Имунитет.5014/ Нека биде оваа за тоа за кое е наменета, прашања поврзани со адаптирање и сите други работи поврзани директно со градинките. Благодарам.
Да и според мене подобро е ако може да се најде решение кој да го чува, бар до 1ипол 2 да не се пуштаат во градинка... А дека полесно се справуваат и полесно е за нас родителите не би рекла, зависи и од дете до дете. Стомачен кога фативме летото син ми од 6г најстрашно помина и најтешко, душа ми се тресеше кога го гледав... И иако е поголем од сестра му, секогаш потешко поминувал и потешко поднесувал. А има и такви кои на 9м пуштиле во градинка дете и океј поминале. Сепак зависи од дете до дете..
Зависи мојот никогаш не беше настинат се до градинка во градинка кога отиде фати и стомачен вирус ама на нозе го пројде како ништо да не е додека ние многу лошо го поминавме особено јас. На другарка малиот и пред градинка и во радинка по месец дена нема одено од што бил болен и кенкав и како што расте исто ги поднесува настинките и вирусите. Се зависи од имунитет секој е различен.