Околу 25000 зимаат воспитувачки. Туку, од кога се праќаат бебиња во јасли и дали е задолжителна мрп вакцина?
Мрп е задолжителна освен ако имаш медицинска потврда дека не смее да ја прими од некоја причина. Со пандемијава толерираат да не се прими до 15 месеци. Во јасли може да тргне од кога сакаш, пример во приватната претходно кај што одеше син ми имаше бебенце кое тргнало на 4 месеци, за во државна прашај ама мислам дека е исто. И јас сум тргнала во градинка порано, пред да направам 9 месеци.
Аха. Не брзам јас, само ете за секој случај да си знам. Значи ако добро те разбрав, помаливе, на пример 9-10 м, ги примаат без вакцина? Дека таа на 13 м најрано мислам се прима така?
Така. Значи додека трае пандемијата може да ја прими од 13 до 15 месеци. Ама знам и порано дека ја ставаат особено во странство, во некои земји е задолжителна на 9 месеци.
Се сложувам многу тешка работа имаат ние со едно крајот не може да си го најдиме. Од нашите сме многу задоволни на почетокот они настојуваа да седи повеќе време секогаш убаво пречекано дете, средено, пресоблечено една флека да има на блуза ја пресоблекуваат, иако спие само пола саат никогаш не ни се јавиле да ја земиме. Они не бодреа и храбреа на почеток шо за родителот е голема утеха. Е сега за жал не се сите такви на другарка не и дозволуваа да го остави повеќе од пола саат на почеток ке плачело па им ѕвонеа на секое да си го земат оти не сакало да спие додека не им пукна филм да реагираат таму кај шо треба и се стана магично од еднаш искрено јас би го отпишала така од таа градинка па ако можам да го зимам во секое време зошто да го праќам.
И тука адаптацијата траеше 2 недели ама и ние не се брзавме. Битно ми беше да не плаче. Тие ни кажуваа колку да останува ама не ми ѕвонеа да го земам. За во некои групи имаше такви жалби и директорката скоро излепи низ цела градинка известувања во стил 'Никој не може да ви каже колку време да го оставате детето во градинка' и пред некој ден имаше официјално известување за родителите тие да си го одредат времето на престој. Така да, лесно се решава тоа ако некоја негователка претерува. А имаше неколку деца кои стварно многу плачеа и родителите на влез не можеа да се справат, па си ги враќаа дома. Претешко, не знам што би правела така, среќа моево радосен иде, радосен се враќа.
Да има деца шо плачат многу и јака им душа на родителите многу од нив немаат друг избор освен градинка. Малиот на другарка ми не плачеше до тој степен нормално плачење беше тоа ама дали дека ново дете сите веке адаптирани и терет им беше да се замараат со него, не знам како да е муабетот ми беше дека ги има секакви.
Кај нас најрано е на 12 месеци да може да се стави. Јас прашував и порано дали смее ми кажаа од диспанзер дека не може. Јас сега кога му ја ставив имаше премногу гужва и повеќето беа за мрп и тоа сите беа годинка изгледа луѓево почнаа да разбираат дека подобро е да се вакцинира одколку да заврши трагично(не дај боже). И јас би им дала 1000 евра да можам зошто се супер. Али треба веќе да го регулираат чувањето место ај да е болно во ред да не оди ама за не дај боже по година дена да чуваат место не е во ред.
Може информацијата да ми е од времето на епидемијата ама мислам од 6 месеци веќе дека може да се вакцинира, со тоа што ќе треба ревакцина на 18 месеци и повторно на 7 години.
Не реков дека им е многу таа плата. И јас ги гледам, слушам колку има посветени воспитувачки и колку е напорно да останеш смирен и да смируваш деца кои плачат во исто време. Па и не е само тоа, треба да се пазат, едно не можеш да допазиш, или две ако се, не па 15-20. Сите просветни работници зимаат над 20-25000 плата, па зошто и воспитувачките во градинка би земале помалку?! Секаде, во секоја професија има понекои кои не си ја сакаат и не си ја работат работата за која се платени,не само во градинките. Само за жал таква ни е државата. Знаеме дека во образованието, градинките, држ. институции не се прима квалитетен кадар, туку партиски, па затоа и се примаат кадри кои работат колку да одат на работа и да земаат плата, па затоа и не добивме квалитетна услуга од поединци.
Mojata ne ode na gradinka jas sum momentalno bez rab od zdrastveni pricini I pak ovie denovi e nastinata
еве ме со бебето што се растура од плачење и и се јавуваат да го зема. Сменив градинка немам многу време да пишам низ каков терор поминав таму со негователки од типот да го зимаш до 14ч и ну држевме раце и му бутавме храна со сила до тоа детето да ми одбива храна... Во оваа се пофини со тоа што ми викаат плаче ако имаш можност дојди 30м порано од договореното време. Ве читам и ви љубоморам што децата ви сакаат да одат во градинка денес дури до плачење ми дојде веќе се изморив од тоа "дојди плаче" "не е добар плаче" . Они ме тешат дека секако е адаптација и ќе помине и со душа го чекам денот насмеан кога ќе влезе.
Жално и гревота за детето искрено. Се надевам дека во оваа градинка ќе се адаптира. Не секој е за оваа работа. Ќе дојде и тој ден насмеан да влезе.
И мојата не оди на градинка и исто овие денови е со растечено носе, ама брат и ги донесува од школо и од него прифаќа се
И моето кога почна во градинка имаше 2 и пол години и постојано седеше и играше со учителките. Среќа едната се погоди многу фина, дури и во раце ја држеше кога ќе имаше потреба. Мислам дека тоа беше период на привикнување и бараше родителско присуство како подршка, а го наоѓаше во учителките. Сега не може да се оддели од другарчињата, не сака дома да си иде
Тие си одат и најрано во 12 и 30 после негувателката е сама. Со оглед колку работа и обврски имаат малце зимаат.
Кај нас една недела едната доаѓа порано, ама и порано си оди,другата покасно. Следната недела обратно