Искрено и јас сум презадоволна од учителките. Алал да им е колку нерви имаат. Синко на почекотот многу плачеше и само во раце седеше кај едната, а не е мал и не е веќе толку лесен за држење. Еднаш не ми се пожали жената. Си кажа демек си сака во раце, ама стално некое дете е поприврзано за учителката. Синко е тоа дете во оваа група. И ден денес и се пика одма чим го однесам. Ама кај нас е помала градинка, помалку деца, 2 воспитувачки на некои 10/12 деца што е сосема океј, за разлика од тие градинки во Скопје.
Мало е уште, не постои мало дете што не прави проблем за во градинка, верувај. Сум го поминала тој пат, и ќе се адаптира, па ќе се разболи ќе заседи дома па пак ќе бидат плачки. Но, поминува, ќе порасне и созре, ќе му стане интересна градинката, дечињата и активностите понатака. Сите горе-доле го поминуваме тоа со деца во градинка
Сите поминуваат низ тоа, не се разочарувај. Мојата некој ден ако е отсутна од градинка, следиот ден кога ќе отиде е со плачки уште кога ќе ја види улицата плачеше и таму со другите деца ама после заборава, па и уште сама заспивала. Муабетот ми е треба време и трпение, ама ќе биде и тоа
Немам совет ама имам проблем како твојот Игра само со воспитувачките, плаче на идење до таму, зборува се па цел пат само меле: не сака иде. Од мене ја зема само директорката, кај другите не иде на влез. Е сега за таму ми викаат не плаче, ама не сака да игра со децата, воспитувачките и директорката во раце ја носат Има две години и ова и е втора недела моментално, седи цел ден без проблем ама не знам отсабајле како ја спремам, не сака да се облече, не сака косата да и ја фатам, ништо не сака и само зборува дека не сакала да иде. Колку годинки има твоето и колку време веќе оди? Со што ги храбрите мајки отсабајле? Устата пења ми фати
Кога тргна мојава на 2 год, само киндер јајце вадеше ситуација. И кажував дека ако е умна, ќе и купам киндер јајце кога ќе ја земам. Може не е баш ок метода поткупот, ама кај нас делуваше. После едно 30 киндер јајца се навикна
Мојот е помал 13 месеци има скоро и го облакам во боди по долги од вечерта и долни тенки пишами за сабајлето додека е успан му менувам пелена чорапи долни тренерки и горна на закопчување, јакна и додека да се освести веќе е во количка . Кога стигаме таму не го предавам во раце туку за рака е држиме и така влегува внатре. Али ако го разбудам па да го облакам тоа хорори ќе биде дерење до немај каде
Кога не сакаше да оди исто како @Luna91 го залажував дека ќе му купам чоколадце или дека ќе одиме некаде кај што сака
Не пали веќе мито и корупција, само првите неколку дена за киндер јајце и сега ништо не функционира За ова ќе пробам да ја спремам така успана, ама тешко, спијач е ко мене, ко стражар некој е, на штрек, ако направам чекор низ соба а веќе е светло надвор она станува, плус спие во креветче и морам секако да ја кренам Па пробав со киндер јајца ама палеше некој ден, сега пробувам и со дека ќе идеме некаде, најчесто кај прабаба и, да игра со мачето ама еве сабајлево ни тоа не ми запали, не се смируваше. А смирено и зборувам, полека, со молење, ко џабе да е
Хахаха, и моево се приврза за учителката и не ја пуштал ни на пауза да оди . 2год и 9 месеци е, оди 2 недели. И он многу лесно спие, па успевам само чорапи да му облечам без да примети, после се буди и следува вриштењето. Дури пред да излеземе се тресе, како од страв и после престанува додека се возиме, само повторува дека не сака да оди, и после пак почнува со плачење штом се паркираме за во градинка. Плаче и се смирува внатре на моменти. Учителката вика, едно ако се расплаче, тие што се "плачковци", му се придружуваат, па затоа и најчесто си плачат. Ми изгледа дека ќе ја засака, барем не губам надеж, ама сакам и да си се игра со децата, да се опушта, ама ај може му треба време. Не се сите опуштени и дружељубиви. Битно ми е да се прилагоди и да ја засака градинката, ќе се стрпиме дотогаш
Воспитувачките имаат по 6ч работа со деца, а дома знаете колку имаат за да спремат деца? Најмалце уште 3ч, плус час-часиполовина да пополнат администрација. Плус идат на работа во црни зори, од 6ч отвараат они градинка, негователките идат покасно. Малку им е таа плата, малку е платата секаде кај нас не само во градинка.
Малата ми оди од минатата среда во јасли, 3 дена по 2ч одеше, а овие 3 дена по 4ч ја оставам. Денес ми кажаа од понеделник да ја оставам цел ден, мирна била. Не очекував толку бргу
Очигледно зависи од градинката. Во секоја е различна. Кај нас според договор работи од 6 до 18 часот но они си одат порано. Зборам за јасли за другите поголемите групи не знам како е. Кај нас се 3 негователки на 10 деца.
Јас мислам дека 40.000 треба да земаат воспитувачките. Мозокот на децата се формира до 6 години, воспитувачките поминуваат многу голем од денот со децата и имаат и те колку голема улога во воспитувањето на децата. А децата, колку и да се мали, се знаат да забележат, која учителка каква е, затоа од некои плачат, кај некои одат со трчање. Воспитувачките мора да ја сакаат работата која ја работат и да се соодветно платени за тоа.
И мојата многу брзо се адаптира денес 3ти ден беше од 6 и 45 до 14 часот жал и паднало на свеќи ја земала.оваа утро на врата ме чекаше да ја однесам.исто мирна била,се си јадела и денес млеко пиела(им реков дека непие никакво млеко) .
Колкаво е? Моето е 8м. Помалите побрзо се адаптираат изгледа. Имам комшиче на 4 и пол години прв пат почна во градинка еве 2 месеци скоро оде и уште плаче на оставање. Јас се изненадив од мојата оти она обично плачеше на оставање кајбабите. Ама тогаш и помала беше.
Мојата е 16 месеци,не е оставувана кај бабите до пред да тргнам на работа,не дај боже некој да и прозбори веднаш почнува да плаче.Кошмари имав цела недела од страв дека многу ќе плаче во градинка.Од ова короната и дружбите се намалени,сметам дека на нејзе и беше веќе здосадено по цел ден со баба и и мене,од возбудува кога ќе ја прашаме што има во градинка,радосна вика дади,бато,тете,топи...Мислам дека многу влијаат и воспитувачките овде кај што ја носам јас се 7 деца во јасли на 2 воспитувачки,сабајлето прва ја оставив од цела градинка не ми правеше никаков проблем. Дури ми е мака што не ја запишав порано
Kolku obroci im davate na decata posle gradinka? Rucekot e dosta porano vo gradinka, doma ni bese vo 2... i dali za grupa 18-24meseci vi prakaat sliki il imate viber grupa, vo nasata gradinka nema a bas bi sakala da vidam kako e vnatre...
Во која градинка е? Баш скоро пишувавме за ова. Јас му нудам од нашиот ручек, некогаш јаде ама почесто не. Повеќе му се јаде некое овошје, ужина или салата. И после вечера му давам пред спиење.