Здраво, го запишав во Кочо Рацин - на Козара, и ми рекоа дека земање било до 4. Јас сум на раб до 4 и најрано што можам да стигнам е 4.30, ако има гужва и 5. Мене нема кој да ми го зема зашто нашите се во друг град, тука сме сами. Им кажав, почнаа со тоа дека е ковид па морало, па нз што. Дали има некој што во оваа градинка носи дете? Кога го носите и земате? Поздрав
Негователката тоа ти кажа? Да си прашаш во управа они треба да се до 4ипол на работа. А за до 17ч треба да имаат можност да го згрижат. Мене така во прошлата градинка дури бурно ми изреагира како до 16ч пази во 14ч да сум го зимала...
Во градинката на ќерка ми имаме определено време кога ги носиме. Секоја група во различен термин, како и сегде. А за земање никој ништо не ми рекол. Денес ја земав во 16 ипол, никому ништо...Баш ме чудите со ова што ви викаат порано да ги земате.
Обрати се во управата. Кај нас имало обид за иста манипулација, па имаше јавна објава на web странат на градинката од директорката дека градинката работи до 18 часот и дека не смее никој да ги тера да ги земаат децата порано. Само мислам дека требаше потврда од работа до кога е работното време на родителот и они се обврзани да го чуваат детето. Ева што пишува како инфо на општина центар
2 оброци и не му нудам ручек зошто цели тањири јаде таму и кога ќе дојде дома не му се јаде. И за заспивање млеко и го држи до сабајле. Ние имаме група на вибер и се што има таму се пишува.
Ужинка и вечера,не сака да руча мојата пие млеко во градинка кога ќе стане од спиење и ја држи.и нудам ручек од нашиот ама не сака.
Те молам пиши тука што ќе одговорат. И мене исто ми одговорија од градинката. Најдоцна до 15 за 4 да ја земам. За следниве 3 месеци нема да ми биде проблем, ама за понатака сигурно.
Моево од кога почна- 1 септември, вторпат е веќе болна од ангина до воспаление на уво и кашлици и кашлање корнење.... втор антибиотик и ексик веќе незнам што е паметно дали да оди или да не оди......така растат ама два антибиотика месец дена и таа мака ние мака многу тешко оди,повеќе дома од градинка
Здраво, почнавме во градинка и веќе стигнаа првите родендени. Па ме интересира, што најчесто подарувате на дечињата за роденден? Искрено, ниедно од дечињата не знаеме зошто само 2 недели одевме во градинка, а 3 сме дома болни, но небитно. Учителката ни рече да носиме поскромни подароци како боички, фломастери, тетратки. Дали тоа купувате или двоите малку повеќе од буџет?
Не сме носеле поклони во градинка. Само ако сме оделе во игротека на роденден. И сега во школо не носиме.
Isto bevme i nie na pocetokot, ne gi znaevme decata, pa samo prasuvav dali e momce ili devojce, kupuvav najcesto mala kniga, boenka ili slikovnica, do kaj 100-150denari, spakuvani vo hartija za kinenje. Se vodev po toa sto moeto sakase vo toj period. Nema potreba i od premnogu, sepak detenceto ke dobie najmalku desetina podaroci samo vo gradinka i poveke ke se raduva na proslavata so decinjata i otpakuvanje na podarocite
Досега имаше три родендени во групата кај син ми, кога ја прочитав @Girly90 срам ме изеде дека не сум купила ништо за ниедно дете. Само честитаме во групата. Ама штом никаде не носите ок, веројатно и кај нас не носат, ништо не ми спомнале