Ништо, освен стандард Д3 и ДХА. Ако има проблем со имунитет тогаш нешто по препорака на педијатар, ама превентивно ништо. Гледај што можеш повеќе преку храна. Најдобро е сами да изградат имунитет без суплементи.
Од понеделник стартуваме со градинка беба за недела ипол 9 месеци ќе полни. Јас врска си немам со градинкиве ниту нешто ме упатија што како треба Сакав да ве прашам тоа портфолиото го потполнувавте ? Има и за матичната да заведе нешто, го носевте да потполнува ? Исто, читам дека претопло било во градинките па како ги облекувате малите ? Боди на кратки и тренерчиња ? И во ташничето што им ставате? Марамици, памперс , шишенце за вода ? Фала ви и извинете на долгиот пост
Има дел што го пополнува родител и дел за матичната, ќе и го однесеш да го пополни и да ви даде потврда дека е здраво детето. Од градинката ќе ти дадат уплатница и после ќе потпишете договор. Во ранчето му ставам алишта за пресоблекување, пижами и цуцла, се друго носам на почеток на месец памперс, влажни марамици, крема. Топлинките му стојат таму во шкафче. Ќе ти кажат тие дали треба месечно или секој ден во ранче. Инаку кај нас во градинката секој месец носиме брисачи за раце, пластични чаши, тоалетна хартија, прашај си што треба за кај вас. Го носам во боди на кратки и блуза и панталончиња на долги, тренерки сеедно. Топло е ама не претопло, ќе си прашаш. Со лесно адаптацијата.
Majki eden mesec odime vo gradinka i dva pati se razbolevme, sreka samo mrsuli bea pa pominavme i dvata pati bez antibiotik. Kolku cesto se razboluvaat vasite decinja, ova mi e premnogu, dva pati vo mesec dena
3дена оди 4тиот ден е болен Од тоа што ми кажале првата година цело време се болни, втората еднаш на месец... секако се е индивидуално секако. Имам внуче што ниту еднаш не било болно и не отсуствувало од градинка. Освен понекогаш растечен нос и еднаш годишно температура што е ништо наспрема ова сега што се дешава. Сите се жалат
Во август 2пати антибиотик пиеше. Доволно ѝ беше, нека си мирува сега. Иначе кога ја запишав малата се жалев овде од учителките, ептен се разочарав кога ми кажаа кои ќе бидат. Сега испадна дека малава пруже раце кон нив и им се смее. Се чудев мм кога ми кажа сабајле. Беше бебе кое плачеше ако ја оставев на друг, а во градинка ниеднаш не заплака. Сѐ повеќе се изненадувам од неа
Моето во првата градинка мах 4 дена имаше во континуитет одено. Обично 3 дена одеше, четвртиот со температура. Во сегашнава да не го урочам ама 3та недела му е.
Мојот тргна на први септември прв пат на 4 години, се разболи на 15ти. Паузираше една недела и после тоа одеше дури 5 недели без прекин. Една недела така подзатнат одеше виранто давав на своја рака ама немаше подобрување повеќе од недела дена, денес го носев на доктор грло жар црвено си доби антибиотик и една недела дома пак. Сепак добро е мислам 5 недели без прекин без настинка како за прв пат одење во градинка. Се надевам и молам дека нема многу често да се разболува
На моите деца никогаш не дале антибиотик за црвено грло. Секогаш одело со нешто друго за да дадат. Има други проблеми? Крвна слика?
Стрептокока се гледа на грло, затоа се дава. Ако е само малку црвено не. Знае докторот зошто за едно црвено грло дава а за друго не.
Докторката на син ми не дава антибиотик непотребно, баш е поборник против давање антибиотици без потреба и досега сто пати го лечела без антибиотик. Штом даде има причина. Инаку не правевме крвна слика сега. А и доста време го држев така јас без да го носам мислејќи дека е вирус ќе помине, ама не се подобруваше.
Тргна керка ми за прв пат во градинка од септември на 3 годишна возраст. Детето беше среќно и возбудено, сака деца, нежна е, весела, не дека е моја ама е многу разбирлива и смирена. Не е воопшто проблематично дете. После две три недели детето не сака да слушне за градинка, не останува подолго од 12 часот, се зима пред спиење. Таму не прави проблеми ама плаче тивко и цело време прашува кога ќе ја земе татко и. Денес маж ми кога ја зимал однадвор ја слушнал воспитувачката како вика на негувателката дека детето треба да си го земеме и да е го носиме повеќе. Јас не знам како да се понашам во оваа ситуација и не можам да дознаам што се случило за ќерка ми да има таква аверзија кон градинката. Ве молам, ако некој имал такво искуство, па и да немал дајте ми совет.
Во ред. Пишав зошто цело време читам по форумов како за се се дава атб. Инаку стептокока во грло дава јагодест јазик
Зошто е толку тешко да се испита дали има потреба од антибиотик? Баш дека порано даваа антибиотици од ракав и од око, се крева свеста за ова. Јас еднаш ја направив таа грешка, дадов антибиотик без да размислам ама дежурен лекар ми го препиша, ме исплаши, детето гореше од температура и имаше црвено грло. Се подсреди и за некој ден пак истата температура, црп 140 и заврши со Сумамед од лечено недолечено. Можеше побрзо и поедноставно да се заврши проблемот со правилен совет ама нели идеш кај доктор и очекуваш решение, а не да барам совети по форуми. Чудно, за витамини толку се пишува да не се даваат, ќе направат проблем кај децата, а за антибиотик никој не реагира.