Со детето е разговарано, нешто кажува, нешто не. Стално избегнува да раскажува за градинката. Кога и да се спомне градинка молчи или таа мене ме прашува дали во сабота нема да оди. Секако, после ова денес ќе се разговара и со учителката иако е пробано и само ни вика не знам што и е.
Мора да се открие причината зошто плаче или може плаче пошто и недостигате, биди упорна со воспитачките, не може да не знаат или да не превземаат ништо. Ако со нив нема разбирачка појди си и кај директорката. Малата се однесува сосем нормално, не сите деца зборуваат за градинки и раскажуваат. Мојот едвај ќе нафрли нешто што правел, вика не е убаво, не сака да оди и секој ден прашува уште колку е сабота. Ама кога го зимам блика од радост, видеа ми пуштаат и детево е во полн елемент, јаде се што му се сервира.. Немам никаква сомнеж дека не му е убаво, ама табиетлија, со мене е многу поврзан, ма уште знае да покенка на врата, ама па у истиот момент едвај чека да се пикне таму и да види што го чека. Друго. Вчера добив видео како бебе ми рецитира, аиииии ко паун се надував, ма колку ми стопли душа
И на грло исто. Колку што е штетно без потреба да се пие антибиотик толку е и да не се пие кога треба. Мислам дека мајките од страв, нема да дадат и ќе искомплицираат. Ако не им верувате на докторите, сменете ги.
Па да, ќе ти рече црвено грло, ова е за антибиотик. И некоја ќе рече, аааа не, како он без крвна слика знае дали ЦРП е качено? Не давам. И стептококата знае да искомплицира мноооогу. А знаат докорите. И затоа даваат кога треба. јас правам се што ќе каже матичен, знам дека има 5 години медицина и уте 6 специјализација, јас 0 имам од областа завршено. Ако не сум сигурна, може ќе отидам кај друг доктор, ама сама да давам или да не давам антибиотик, да мачам дете крв да му зимаат за црп... не. Освен ако докторот не рече.
Ама ти како знаеш што видел докторот? Дали видел вакво грло или видел малку црвено грло? Во кој момент стекнуваш толкава доверба во него? Еве прво дете, прво разболување и ти вика ова е за антибиотик, без брисеви, без крвна слика и ти го даваш зашто имаш доверба во него. Од каде веднаш му ја сервираш довербата? И какво мачење е зимање крв од прст? Јас мислам сите гласно зборат за (не) давање антибиотик без целата слика за пациентот. Од друга страна, пред некое време пишуваше за давање витамини на деца и колку е тоа непотребно ама за антибиотик веднаш му веруваш. Не оспорувам дека има добри лекари, дека можат да препознаат состојба за антибиотик ама дека на слепо е во ред да дадеш антибиотик само затоа што доктор рекол апсолутно не се согласувам.
И јас сум многу против антибиотик и исто како тебе еднаш грешка направив, дежурен од Систина ни препиша и веднаш го купив и му дадов. Ни го препиша антибиотикот, пред да стигне резултат од крв и брис. Испадна дека антибиотикот е сосема погрешен за бактеријата која излезе во нос. И нормално после тоа кај матичен го носев и се чудеше зошто тој антибиотик. Ама бидејќи сме почнале мораше минимум 5 дена да даваме. Па правевме контрола, не беше излечено. И на крај со локална терапија се излечи. Од таа пракса на клукање со антибиотици ко дете, сега имам алергии и несакани ефекти од поголем дел од антибиотиците и ништо освен Сумамед не ми делува. Едит: А не секогаш Сумамед е соодветен, па 4 месеци се борев со бактерија на епизиотомијата.
Апсолутно му верувам оти знае повеќе од мене. Траума на дете да влечам по доктори и по крв зимање оти јас не сум убедена, е ту мач. Јас не давам ништо од витамини и имуностимулатори оти докторот рекол дека детето преку храна внесува се. Имаше и од многу друго доктори објасувања дека ако нема недостиг на витамини, а ти му бираш на детето, му правиш проблем. Вие можете слободно да чекате да се качи црп, да одите на два дена крв да зимате оти црп не се качува брзо, ама на грло се гледа дека е бактерија. Докторот и по осип на стмак рече ова е стрептокока. Ако не е сигурен сам вика одете за крвна слика. Ама ако он не е сигурен. А јас од хирови, нема да дозволам детето у 21 век да не прими антибиотик. Оти од еден антибиотк плус, нема да умре. Ама сериозни оштетувања се прават ако не дадеш, а требало. Јас дотолку знам. Јас од медицина, само биологија у средно учев, и не сакам да се правам самоук доктор. Ако докторот имам осет дека не чини, ќе го сменам. А да се правам доктор на дете, не фала. Ти може си општ доктор па знаеш. Мединска сестра не смее да каже дали е или не е за антибиотик. What does Streptococcus pneumoniae cause? Streptococcus pneumoniae (pneumococcus) can cause a range of different illnesses including sinusitis, otitis media, pneumonia, bacteraemia, osteomyelitis, septic arthritis and meningitis. И покрај ова, доктор да вика дај антибиотик, јас да чекам црп да се качи? Да ризикувам менингит оти сум попаметна од доктор? Апсолутно не.
Јас не се согласувам дека земање крв од прст е траума за дете. Самите им влеваме страв за тоа како да е нешто кој знае што. 3 мин работа е. Самото со тек на време ќе сфати дека не е страшно.
5 и пол години има и уште вришти на зимање крв. Не е од мене стравот внесен. 5 и пол години докторот не дал безвеза антибиотик. За мој хир и недоверба, 3 минути не сакам да ми вришти детето. Тое е проблем у мојата глава, нема што она да пати.
Не сакам да се мешам, сепак ваше дете и ваша е одлуката. Само произнесов мислење како паталец од тоа што на своја кожа го имам осетено поради постојаното примање антибиотик.
Не е хир, ете ти пример погоре од емитс за погрешно препишан антибиотик. И не е само стрептококата бактерија. Не мора да биде црвено грлото, може да има други симптоми. Не знам во кој универзум доктор ќе препише антибиотик за ниско црп, за секој случај да не се качи. Мислењето ти се коси со сите светски препораки и предупредувања. Ти си знаеш.
Имала погрешен антибиотик, не непотребно давање антибиотик. Ако има други симптоми, докторот ќе ги види и ќе каже, одете на дополнителни испитувања. Ако докторот е глуп и се коси со сите светски препораки и предупредувања, онада и јас сум глупа. Но, психичкото здравје на детето да не го занемариме. Ако докторот знае што е и знае што да даде, без да се двоуми, која сум јас да го носам детето на второ мислење, црп на два дена, брис од нос и грло за антибиограм? јас нема проблем да го однесам, ако докторот рече така. Ако смета дека не треба, не треба. Досега ќерка ми три пати примила антибиотик, еднаш за уво и два пати за стрептокока која е видлива. Никогаш повеќе. Никогаш не спуштила на гради, никогаш не кашлала, никогаш не пиела витамини ко бонбони и не одела по доктори оти јас сум неверни Тома. А оди у градинка редовно. Може имате лоши доктори, а ако е така, сменете ги и не се правете вие доктори. ЦРП последен пат беше 1, грлото беше жар со стерптокока која јасно се гледаше. Правевме крвна слика оти у Систина бараа. Докторот после кажа дека ЦРП за два дена ќе биде над 20, а ќе има темперетура како што има (над 41) додека не делува антибиотикот. Да бев ти, ќе речев, не треба антибиотик, ќе чекав уште два дена, детето да му ослабеше организмот со 41 темепратира над три дена, да се појават не дај боже конвулзии од толкава температура, да не јаде уште 48 саати, да чекам антибиограм за брис, и бактеријата да отиде у дробовите, па да лежиме у Козле. Плус не можеше да голта и да пие вода, па гратис дехидратација и инфузија. Јас одбрав да послушам доктор, не да изигравам доктор. На крај, сите сме одговорни за своите деца, не за туѓите.
3та недела во градинка завршивме до инхалации на сила,Трицефт антибиотик,црп-то 35(до 6 е во нормала)едвај дише .јас очекувам да се разболува ама само да не биде многу често
Не изигравам доктор туку доктор ми вика испитај крвна слика и брисеви ако има потреба. Ете ти си имала таков случај со стрептокока и било видливо. Јас сум имала друг случај кај што не било видливо и даде антибиотик за секој случај. Затоа сега ќе одам ќе го 'трауматизирам' со крвни слики за да не ми се повтори. Не знам зошто толкава нервоза да ми извадиш од контекст се што кажав, дека докторот е глуп, дека јас би чекала конвулзии итн кога ти си параноик што мисли на менингитис.
Јас ја разбирам што збори @Cka, јер носиме дете на ист доктор. Еве вчера бев со онакво досадно поткашлување суво, како да прочистува грло, рече дојдете пак во петок да видиме, ама ок е, нема ништо, ама сепак он е со чести опструкции да не биде не сме провериле 2 пати. И нема да трчам да земам сируп за сува кашлица оти мене така ми вика совеста. Безрезервно му верувам, а кога го гледа друг доктор напоменувам кои се неговите препораки, пример докторката во истата ординација инсистираше на Амоксиклав, а он е алергичен и прави црвени осипи на гениталии, на страна од тоа што не реагира на него, и напоменав не ме сфати озбилно, бидна што бидна следниот пат докторот напиша со црвено на картонот да не се дава Амоксиклав кај него зошто не реагира на него добро, односно реагира лошо. И како да не му верувам кога после 2ипол години го носиме прв пат кај него вчера и он се сеќава што се дешавало пред 2ипол години.
Многу е тешко да се најде матичен лекар што ќе му веруваш 100% ама многу е полесно кога го имаш, кога ти ја знае историјата и знае да препознае веднаш за каква терапија е. Работата е што Цка си збори за нејзиното дете и нејзиниот случај и си е убедена дека така е правилно, а постојат милион други ситуации кај деца, милион различни случаи кај што не може да се расфрлаш со антибиотици. И се тоа е во ред, и јас сум пиела антибиотик без додатни испитувања зашто мака мачев со стрептокока ама во секој друг случај ќе го трауматизирам детето и ќе бидам сигурна дека проблемот се решава со антибиотик. И да, докторот бара кс и брисеви, да повторам уште еднаш дека не е мој хир и не го правам тоа пошо си го мразам детето. Само не сакам да пие антибиотик безпотребно.
Мене од детска клиника ми го препорачаа, и не згрешија. Другарка што работеше таму 15 години рече, да е мое дете, само него би му го дала.