Кој рече да висат на вибер? еден до два сегмента од нивниот ден поминат во градинка само може на мајката да и ја стопли душата, посебно за деца кои за прв пат одат во градинка.. воспитачката убаво си ја вршеше таа работа самоволно, никој ништо не и наметна ниту пак ние како родители нешто ја оптеретувавме да прави повеќе од тоа што таа ни го презентираше... сигурно има некоја причина ама не ја знаеме.. сепак мислам не е ферски..
Мојов кашла, па оди во градинка. Минатата недела седеше дома, кашлицата се разви покасно, не почна од сам старт со инфектот. Матичната вика детето е здраво, нека си оди во градинка. Кашлицата може и месец да трае, а да нема ништо. Па не планирам да го чувам дома ако е се во ред, последна година во градинка му е и не сакам да отсуствува ако не мора. Матичната уште за првото ми кажа дека дете во градинка не се носи ако е со температура, пролив, повраќање или ако има бронхит/пневмонија или некоја заразна болест. Во сите други случаи, слободно може да оди. И со растечен нос и со кашлица, па и да пие антибиотик ако е во фаза на оздравување може да оди, оти така се јакне имунитетот кај децата. И јас ја слушам, и за големиот беше така, и за малово е. Никој ништо не ми пререкол, еве и за последнава кашлица, таков вирус има, со одложено кашлање, како напади кои го фаќаат најчесто навечер и не помага ништо, се смирува само од себе. Градинките не можат да бидат стерилни, се работи за колектив од деца и возрасни кои не се изолирани од други луѓе. Како ќе ојачаат ако не се мешаат меѓу себе? И не може секој да си дозволи да седи дома и да чува дете постојано. Не даваат боледувања така лесно.
Мене напротив дури пиеше антибиотик за воспалено уво ми отворија боледување и рекоа да не се меша со деца ради паднат имунитет. Различни лекари различни мислења...
Малата ми е 8 и пол месеци, оди во градинка 3 недели веќе и појма немам што прави таму цело време. Ни некој ми праќа слики, ни ме известува додека е таму. Сите информации ми ги кажат на врата. И со големата исто беше. Големата и сега не кажува што правиле во градинка. Епа за да го заштитиш твоето дете, а не за да не зарази други е тоа боледување. Во право се погоре што пишуват, не може за течење нос дома да седе со недели. Јас не ја ни носам на доктор ако само ѝ тече нос
Ама тоа е друго. Детето има болка во увото плачливо е не му е добро и не е за во градинка, тотално се согласувам. Ама растечен нос кај дете кое има енергија планина да помести и има апетит ко возрасен не гледам стварно причина да седи дома.
Никој не рече за растечен нос. Дебатиравме пошто мајката што ја отвори дискусијата пиша: " се заинатив дека сите болни пуштаат, па кашла, кашла и ја ќе го пуштам" епа извини ама има разлика дебела од растечен нос и КАШЛА КАШЛА а за инат ќе го пуштам... не разбирам за чив инат? За ина да се разболат сите па ако може и да завршат во болница за мој инат абе ајде...
Мајка, во две страници успеа да стигнеш од: “не се носи болно дете во градинка” до: “ќе носам болно дете за инат”. Не правиш лошо само на другите. И твоето дете е во оваа “игра”. Има различни кашлици, течења нос, симптоми….со две години живеење со корона зарем уште има некој што не знае како функционира вирус? И дека твоете дете може да фати вирус од дете без сиптоми, а не од тоа што кашла? Вируси и бактерии неможе да се контролираат. Посебно не во градинка. Така да не се нервирај. Гледај полесно да ги поминувате, јачајте имунитет и тоа е тоа. А да не ни почнуваме муабет за тоа дека некои родители по приватните фирми се заробени и боледување е мисловна именка. Али ај, на крај секој се снаоѓа како знае и умее
Првите пет дена не го носам ако прима таква терапија, после носам. Матичната испадна во право за многу работи, затоа и ја слушам. Од антибиотикот паѓа имунитетот, точно, ама ако детето е во добра општа состојба, може да посетува градинка. Секој следен инфект ќе биде полесен, па на крај ќе биде само носител, како што сме ние возрасните, бар повеќето. Пример ми е големиот син, во последната година од градинка имаа шарлах во групата, оние кои одеа најредовно немаа никакви симптоми, беа само носители на бактеријата. При тоа, мораа да пијат антибиотик, иако беа без симптоми, и за тој антибиотик даден на здраво дете 10 дена и ден денес ми е тешко.
Не де. Никој тоа не го кажа. Педијатар ќе познае дали е заразно, дали треба брис, дали може потврда да добие.итн
Можеби не знам. Сите сме одбрале доктор матичен и го слушаме. Ете кај нас беше така. Он после 3 дена веќе ништо не му беше освен благо зацрвенети уши, јадеше пиеше нормално функционираше а сепак ми рекоа да не се меша. Еве гледаме и по коронава 3ца доктори па 3цата различно ќе те лекуваат.
E bravo tocno od zbor do zbor, ista situacija i nie, ni jas ne planiram poslednata godina vo gradinka da mu ja skratam radi rastecen nos. Ama dzabe objasnuvas dojdeni se za karanje inaku ne bi komentirale. Nivnite odat mozebi nekolku meseci samo ama ke vidat deka sme vo pravo posle dve godini.
Мислам дека дискусијата отиде во погрешна насока па се насочија со примери. Главната тема беше дотичната со детето што КАШЛА КАШЛА ама сепак за инат ќе го пуштела во градинка. За нејзина среќа па не чешлаат инспекции ама тоа е @TheSecret ти кажа Кашлал кашлал ама за инат ќе го пуштиш. Не се вади сеа дека за растечен нос било
Сите кашлаат во градинка, баш зборев со воспитувачката да и кажам дека детето е здраво, ама кашла. И таа ми рече дека сите кашлаат, ама сепак си идат во градинка. Па сега, нека чешлаат инспекции ако си немаат друга работа и им дошло до шетање по градинки да проверуваат кое дете кашла.
И кај големата во група има повеќе деца што кашлат и се со растечен нос. Единствено со покачена тт ги враќат и пролив ако имат ѕвонат.
Лесно ви е да зборите. Децата ви се во претшколска. Знае нос да дува знае да каже што му е. Сте заборајле како е со 12м бебе болно кога ќе ти биде. Али ај да не бегаме офф топик има посебна тема за ова. Има разлика во разболување на 12м и разболување на 5години.
Абе моево 8м сабајле имаше зелени мрсоли, ставив спреј од диво оригано ѝ го исчистив носот и ја пратив во градинка. Некогаш сабајле знае и да се потзакашла. И според тебе не треба да ја носам?
Абе форумче не знам зелени мрсули обично викаат бактерија е. И сеа ако не ја однесеш на лекар да ја види ја не можам да ти кажам дали треба да оди во градинка. Не сум завршила медицина.
I suma sumarum ne si iskusna uste. Eve ke ti kazam odi vo apteka Oskar kaj vlada ima aspirator za nos Nosko (najdobro nesto sto moze da postoi) za sekunda mu gi vadis mrsulite. A ne treba da ti kaze deteto sto mu e, ti kako majka najdobro treba da znaes sto mu e samo sto ke go poglednes.