Форумџика на годината

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.205
    Допаѓања:
    42.076
    Пол:
    Женски
    Не ја носам на лекар. Несовесна мајка сум.
     
    На fana, Milkiway и TheSecret им се допаѓа ова.
  2. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.660
    Допаѓања:
    19.600
    Не викам дека си несовесна. Ти си знаеш најдобро за своето дете. Јас не можам да ти кажам. Со зелени мрсули немам искуство. Таман работа да е некоја мајка несовесна не верувам да постои таква. Секоја се грижи најдобро за своето дете и му посакува најдобро.
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.275
    Допаѓања:
    205.753
    Пол:
    Женски
    Добро, дали мислиш дека ние не сме го поминале тоа? Или нашиве ги родивме големи?
    Затоа бираш лекар кому му веруваш. Првата матична ја сменив оти уште од врата, дете непрегледано, пишуваше рецепт за Алмацин.
    Затоа следно, одбрав подобар доктор, барем според мене. Не е совршена, еве не прима деца со температура во пандемијава, ама досега сум задоволна, како кажала, така испаднало. Одбирам да ја слушам. Ако ми рече да оди во градинка, ќе оди.
     
    На Sexybaby86, mal.ecka, Bibi30 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.722
    Допаѓања:
    17.938
    Пол:
    Женски
    А мене пак матичната ми вика чувај го дома после антибиотик бар недела малку да ојача.Еве од неделата му е завршен сирупот ама ќе го пратам од понеделник што доаѓа.И сега дали грешам или не незнам.
     
    На Klara91 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  5. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.660
    Допаѓања:
    19.600
    Анатах не реков не сте го поминале. Гледиштето е различно кога има 1г и кога има 5г.
    Исто и јас слушам и одбрав некој што му верувам. И може ти вика пушти го во градинка со антибиотик пред оздравување затоа што е поголем, за бебево ми вика дома да седи додека го испие. Не знам, претпоставувам дека може е така. Поголеми се имаат оформен имунитет идело 5г во градинка твоето се поминало што може да се помине. Полесно се справува. Ќе му дадеш супа, ќе каже што го боли, ќе му кажеш искашлај плукни ќе искашла, издувај ќе издува... пиј антибиотик ќе пие. За ова зборам дека е (по) лесно. Фала богу болно дете и на 20години не е лесно да го гледаш.
     
    На mal.ecka, elimkd и Mila_Skopje им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.781
    Допаѓања:
    114.421
    Пол:
    Женски
    Не секој растечен нос е бактерија! Најчесто и не е бактерија. Кај нас е алергија или ако им е претпло во зима или преладно во лето од клима во градинка. Моментално кашла суво, само наутро и навечер, не преку ден, носот му е презатнат од што е сув воздухот во градинка дека парното пука и сега да не го носам?! На основ на што да ми пишат боледување?

    Абе малку ја претерувате, разбирам, и јас сум била така, ама за секое кивање не се седи дома, за секоја бактерија не се седи дома, за секое закашлување не се седи дома... Факт, има родители кои тоа го злоупотребуваат и претеруваат, ама затоа има медицинска сестра во градинка, има дури некаде и доктор, има воспитувачки и негователки на крај краеви. Кај нас имаше дете со ковид, ја примиле утрото, 10 минути седела внатре и јавиле да ја земат, имала температура, ние сите бевме во изолација пошто нели било детето 10мин во градинка, ама па сеа што да праиме. Безобразно е да мислиш дека не ти е гајле за другите и ќе си праќаш дете болно во градинка, ама стварно иритира кога ќе видиш наутро дека секакви ги носат децата во градинка, па и со живи рани од сипаници, и кога кашла само или му тече нос ќе го пушташ и ти. А деца во градинка се разболуваат нормално е тоа, на куп 20 деца, ај сеа се бар 20, претходно по 35. На крај краева така ствара имунитет дете, не од седење дома.

    На 5г не знаат сите да издуваат или искашлаат, моето на пример се дави од шлајм кој му се ствара секогаш кога пие/јаде млечни производи и кашла и голта, дува исклучиво со закани дека нема играчки, дувни или сеа отидоа играчките во канта, нејќе да дува и крај, а кај бебе пумпица и се ќе извадиш. Маките се тие, големи или мали, исто е. Е полесно се бори големо дете, факт, ама и тоа зависи од дете до дете. Кај мои роднини малото помина ковид од нога на 1г, големото на 5г во болница беше.
     
  7. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.660
    Допаѓања:
    19.600
    За ковид да така е факт е дека веќе поголемите деца 4 5 г малку потешко проаѓаат од бебиња. Затоа треба да сме совесни моето може лесно ќе помине друго нема.
    А за пумпица зависи од бебе. Ние насила вадиме со држење раце глава со вриштење со стрес
     
  8. Mila_Skopje

    Mila_Skopje Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    1.414
    Допаѓања:
    2.643
    Пол:
    Женски
    Зелени мрсули не се за потценување, дајте застанете! Таков секрет е подлога за инфекција на бели дробови, деца завршуваат со отити и гноеви од уво или во Козле со пневмонии. Сите се фативте за растечен нос, а не читате што зборуваме. Проѕирен секрет или бел, без др симптоми прпаѓа за вп градинка, може е вирус, може алергија, ама зелен не! Моето дете од такви зелени мрсули, заврши со обструкција и антибиотик, така да не ми кажувајте млади мајки сме биле, 2 мес идела во градинка. Не е исто дете од 12м и од 5 год, ова од 12 не знае да ви каже ништо, преку ноќ само влошува. Муабетот е за инатот што се тера, дека по секоја цена ќе се носи и што ако другите деца се разболеле. Тоа е многу себично и просто да се мисли така...ама таков народ смњ ние, куќата ќе ни гори ама на комшијата козата да му умре. Страшно
     
    На Happyinlove, ni.na, PinkGirl* и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.275
    Допаѓања:
    205.753
    Пол:
    Женски
    Не е полесно со поголемо дете, грешка си. Големиов ми има 10 години, не си свесна колку мака имав со него кога имаше температура, оти не сака лекови никакви. Повраќа и од сирупи и од таблети, многу ми е тежок за лекови, за разлика од малово на пример што никогаш не е проблематичен за тоа.

    Второ, матичната не ми вели сега на пет години да го носам во градинка и покрај тоа што пие антибиотик. Од старт ми вели така, уште откако ја почнаа градинката, двајцата на две, две и пол години. Ако е детето во добра општа состојба, не треба да го изолираш.

    Ако сум ги чувала дома подолго, почесто ми се разболуваа, и за двајцата ми важи истото. Ако одат редовно во градинка/школо без долги паузи, не е така. Така што, држи вода тоа што кажува матичната.

    @Mila_Skopje не сите зелени мрсули се бактерија. Зелени мрсули значи и дека зрее секретот и детето е во фаза на оздравување. Барем кај моиве. Затоа секоја мајка си го знае детето најдобро како на што реагира, исто и матичниот што редовно го следи.
     
    На mal.ecka, Meckicja, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.660
    Допаѓања:
    19.600
    Не викам дека не е во право, ама ни за мојот дека е грешка што ни отворил боледување. Таква пракса имаат секој се води по свои мислења. Кажав неколку пати 3ца да се 3 различни лекувања може да добиеш. Еве сите прават кс и брисеви нас не ни бараат не сум правела а може требало ама тоа е. Секоја доба своја мака така да сигурно ќе ти олесни ако денес наместо раскашланото дете дојде во школо, остане дома или информира за вирус за да не се малтретираш ти. Дури некое проаѓа на нога некое ќе повраќа лекови.
     
  11. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.349
    Може некој ме слушнал мене како прашувам дали кашлала Антонија многу кога ја земам, и сега ренде да ме прават на форум дека сум немајка. Фактите се следни, цела недела седеше дома зошто кашлаше и имаше бели прозирни мрсули, крвна слика топ, корона негативна, брисеви чисти, дури и пнеумослајд и правевме и тоа чисто. Температура немаше ни еден ден. Нешто ја дразни вика докторот, може е алергија, на неполни три години прашање е дали алерготест ќе ти покаже точно. Викам дали да ја носам во градинка. Одговорот е секако да, она може и еден месец да кашла само. А во градинка зошто плаче сеуште по цел ден и не е адаптирана може и повеќе да кашла зошто и се затнува носето и мрсулите да ги искашлува. Секој втор ден ја носам на слушање, нема ништо на плуќа, нема црвено грло, нема проблем со ушињата. Докторот ми вика не паничи, не влечи дете по доктори за џабе. Колектив е, може е вирисче некое, може алергија ама детето ти е здраво по сите параметри. И еве денес четврти ден како ја носам во градинка со кашлица. Третирам дома со аквамарис и влечам со пумпица а веќе нема ни што да влечам, не и тече носето веќе, само кашла.
    Ете ако слушнете некоја мајка која прашува дали Антонија кашлала јавете се да се запознаеме :wasntme:
     
    На Izzy_0504, KuklickaSk, mal.ecka и 6 други им се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.781
    Допаѓања:
    114.421
    Пол:
    Женски
    Јас на секое оставање сабајле потенцирам дека кашла ради алергени, не е болен. Мада моментално мислам дека е ради нагло уклучување на клима, наеднаш се суши воздух и тоа е тоа. Деновиве дека е потопло маж седи облечен наутро додека дојдеме и отворени прозори, одма намали тоа кх кх кх.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.205
    Допаѓања:
    42.076
    Пол:
    Женски
    Хорор филм направивте. Ниту ми е болно детето, ниту има бактерија. Пред 2 месеци беше болна со таков густ зелен секрет што не можеше да дише. Денес не ни беше баш зелен, туку некаква зелено сивкаста боја имаше и е различен од тој тогаш. Плус нема апсолутни никакви други симптоми. Ваљда си знам кога ми е болно детето. Сабајлево беше отпокриена и мраз стапала и тело. И носот и се затнал. Не е секој ден така и не по цел ден, понекогаш само насабајле., дали од клима, дали од што се отпокрива па ја фане ладно, не знам. Крвна слика често правиме, еднаш на месец па кога имала таков секрет кр,.слика ѝ била супер
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.506
    Моето дете не било никогаш болно освен 2 пати од кога почна во градинка. И во врска со зелен секрет првиот пат кога имаше не беше болен, а сепак сите бои на мрсули ги смени проѕирни, зелени, жолти и на крај бели од градинка не ми го вратија ми рекоа само прати го како ќе биде. Но вториов пат се разболе и не го носам 2 недели веќе ради мајки што не сакале да си ги земат децата порано при што имале веќе температура и јаки проливи дури и на телефон не кревале, негователката рекла да не ги носат неколку дена додека да оздрават и што се случи нареден ден пак ги оставиле истите деца во градинка и пак температура и пролив. Е овие се немајки зошто форсираат да не земат боловање, а при тоа страдаат повеќе деца за на крај да направат ниедно дете да нема здраво во група во буквална смисла ниедно. Да не можат да земат боловање ама при температура да не земеш боловање и да завршиш на клиника месец деца со инфузии сигурно не е подобра опција, ако решат да те избркаат секако ќе те избркаат дали со 1 недела што ќе користиш боловање за брзо да го оправиш детето или месец дена и душа да му извадиш.
     
    На Milkiway и fana им се допаѓа ова.
  15. DoubleK

    DoubleK Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.211
    Ниту боледувања а ниту фирмите ке толерираат секоја втора недела боледување и дома седење на денешно.....
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.506
    Фирмите не толерираат бременост, породилно отсуство и боледнувања и кога ќе видиш жена не е за на работа само за дома е и да чува дете. Не е ни океј дете со пневмонии да го праќаш во градинка и на две недели инекции да прима. Погоре пишав ако не е на две недели ќе биде цел месец и тоа во болница да седи, што мислиш нема да ги избркаат месец дена што ќе седат?
     
    На KuklickaSk, elimkd и Milkiway им се допаѓа ова.
  17. DoubleK

    DoubleK Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.211
    точно од збор до збор....цел живот сум во фирма и прашувам дури кога ептен морам....од една страна се јадам сама оти дете дома јас на работа болно, од друга само со една плата па не се живее.... ;(
     
    На Klara91, KuklickaSk и elimkd им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.439
    Допаѓања:
    68.662
    Пол:
    Женски
    Зелени мрсули не мора да значат бактерија, како што кажа и Анат, кога веќе секретот е на поминување станува погуст и зелен и исчезнува. Мојата алергиски исто зелен секрет имаше, ама матичниот рече не мора ни брис, едноставно се знае каков е коренот.
    За жал, општеството не е свртено кон децата и нивната добробит, свртено е кон возрасните и правењето пари, па така, да, ќе одат децата и со антибиотик во градинка, ќе одат и со кашлање и се комплет.
     
    На KuklickaSk и mal.ecka им се допаѓа ова.
  19. SophiaBella

    SophiaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.885
    Голема заблуда дека е полесно со поголемо дете. Јас со поголемото сега си имам голема мака, освен што знае да дува нос, друго се ми е ужасно, со борби се пијат секакви сирупи, капки и спреј во нос нема шанса само се дави, повраќа. Кога беше помал пиеше се без проблем.
    Така да наоружајте се со челични нерви вие мајките на помали оти допрва иди тешкото.

    Исто така и со тежината на настинките не се согласувам нешто многу. Претпоследните две настинки беа катастрофално ужасни, ни кога беше бебе не било толку лошо. Кога беше помал неколку пати толку лесно поминал што ме сум го однела ни на доктор, за разлика од сега.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.627
    Пол:
    Женски
    немора да значи,секое дете е различно
     
    На SophiaBella му/ѝ се допаѓа ова.