Форумџика на годината

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.979
    Допаѓања:
    21.188
    Контрадикторна си ептен.
    Прво се буниш зошто мајките си ги носеле децата во градинка со растечен нос и ако кашлаат, бидејќи не треба така и тие деца ги разболуваат здравите деца вклучително и твоето. А после викаш дека деца така ќе јачаат имунитет и дека не е ништо ако одат со растечен нос, овие се нови мајки па не разбираат сеуште.

    Еве и ти и маж ти одите на работа со растечен нос и го загрозувате колективот на работа :wasntme:
     
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.160
    Допаѓања:
    144.982
    Апсолутно. У најзагаденото, и во пандемија, место да спремат нови програми во кои секој ден децата ќе бидат во парк и на Водно, они ги држат сеуште у една просторија цел ден.
    Јас да сум цел ден во една соба ќе полудам, не знам како им е на децата.
    Задолжително најмалку три пати неделно треба да се у парк. лете, зима, дожд, не е битно. Добра облека, и надвор.
     
    На Sexybaby86, Aurelija, Luna91 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Zumbulka86

    Zumbulka86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2020
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Буквално истиот случај со ќерка ми. Почна летово во градинка, на 3 ипол години. Од весело дете што едвај чекаше во градинка да почне, се претвори во дете полно со стравови, плачки, молења секој ден да остане дома. Се жалеа учителките од неа, не јадела, не комуницирала, не сакала да си игра со дечињата, демек немале решение, незнаат веќе што да прават со нејзе ( сакаа да кажат отпишете си ја ). Решив некое време да ја оставам дома, а и меѓувреме посетивме и детски психолог. Со нејзини совети, насоки на однесување, детска литература некако успеавме да ја прифати градинката. Веќе 3 недели иде без проблем, иако сеуште не е тоа тоа. Јас мојот проблем го гледам кај учителките на ќерка ми, тотално изгледаат незаинтересирано, воопшто не се дечарки, слабо активности им даваат. Пробајте да разговарате со учителките, замолете ги повеќе внимание да и се посвети, верувам ќе се најде решение.
     
    На daniangel, KuklickaSk, Searcher и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.413
    Пол:
    Женски
    Ова кај голем дел од родителите нема да е прифатливо...
    Па ќе се намокри, па ќе кивне... ехеее кој ќе слуша
     
    На Sexybaby86, LucyLu, KuklickaSk и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.160
    Допаѓања:
    144.982
    Ама си имаат ранчиња со алишта, ако се натопи ќе се пресоблече. Зарем родителите дома ги држат децата кога е ладно или кога врне? Зар не им дават да скокаат по вирови, зарем не им даваат да трчаат на дождот, по снегот, Снешко да прават? Не знам зошто е тоа лошо?

    Дете треба да се валка, да истражува, да биде и наврнато и испотенио и смрзнато носе и се.

    Зарем има мајка што чува у стаклено ѕвоно? Ние сме само два дена дома, а на децата им треба свеж воздух и игра надвор секој ден.
     
    На pianogirl, KuklickaSk, mariz и 6 други им се допаѓа ова.
  6. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.413
    Пол:
    Женски
    Јас те разбрав... само според моето опкружување многу нема да те разберат.
     
    На Sexybaby86, mal.ecka и Cka им се допаѓа ова.
  7. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.847
    Допаѓања:
    122.962
    Пол:
    Женски
    Јас:
    1. Да. Не знам која игра би ја играла надвор на ладно време (ко вечерва што е пример).
    2. Не и давам да скока во вирчиња.
    Да се кашка во снег и да прави снешко може.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    2.094
    Пол:
    Женски
    За секое кивање не се седи дома, за секоја кашлица не се седи дома, ама за секоја бактерија се седи дома. Твоето ако поминува бактерија со малку црвено грло, моето ке заврши во болница.
    А за секоја состојба што не е вообичаена кај детето мрсули, кашлица и сл. се носи на матичен и матичниот ако издаде потврда дека детето е здраво и може да посетува градинка ке го однесеш.
    Сега во коронава за да тргне дете во градинка се потпишува изјава дека со кашлица, растечен нос, температура, пролив и сл нема да го носите во градинка и воспитувачот има право да ве врати назад и да не ве прими без потврда од лекар.
     
    На Meckicja, kiki_riki и elimkd им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.160
    Допаѓања:
    144.982
    Децата сами си измислуваат игри. Кај нас у маало се полно деца кои се слична возраст и играат надвор цело време. Собираат лисја, трчаат со кучињата, се бркаат....

    А за вирчиња давам, ја опремува во чизми и соодветни панталони кои со ластик одат над чизмите. Сува е, ама после пола саат на дождот и е ладно и иде, ја туширам, и давам чај и нови чорапи, и готово. Радост е тоа. Од вирчиња не се разболуваат децата, од вируси у затворени простории да.

    Јас мојата ја оставам се што сака да прави. Летно време е прасе оти од 10 до вечер до 9 се надвор со другарите. Иде за јадење, врескам да дојде за овошје, сама иде за вода. Или пијат од црево у дворовите.
    У градинка се секој ден у парк или на Водно, за дожд градинката има мантили за секое дете, ние само чизми носиме.
    Алишта има таму полно. Ако успее да ги офлека и двата пара панталони, ја облекуваат во нивни или од некое дете.
    Децата треба да растат во природа. Надвор, слободни. Не 20 деца у една просторија затворени. Кога ќе почнат на школо з а жал ќе мораат, немаме ние иновативни школи. Можда приватните, не знам.
     
    На KuklickaSk, S.J.Parker, Oneo и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.506
    Да ама кај нас нема да се снајдат 2 жени на 20 деца треба да ги облечат за надвор па после сите да ги пресоблечат за внатре. Ние едвај едно дете би го облекле за надвор не пак 20 или 10. Кога е со нормална температура е прифатливо надвор да се шета и да си играат. Има и разни мајки што не сакаат децата надвор да им се.

    Баш другарите на внуците од маало што се мајките не ги пуштаа надвор ради короната, а ги мкнеа децата по кафичи на кафе дека таму нема корона нели :) ни на спорт не ги носеа има секакви мајки.
     
  11. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Ние се опремивме со чизми, шушкавец, кабаница и на дождовите пред некоја недела надвор бевме, прерадосен е кога врне и како свинче е во вирчињата. Јас бегам само од ветер и сув студ зборам како во зима. Инаку, лани до кај - 5 степени шетавме и многу убаво спиеше во количка, а беше 6-7 месеци.
    Сега и за снег сме спремни и се надевам ќе заврне, нема да не разочара. За во градинка што знам на толку деца како би се снашле ама секако не мора да ги вадат на дожд, може на нормално време. Моево секако е мало, има деца во групата непроодени, па не ги вадат нормално.

    Инаку, за погоре за бактериите, не се седи и за секоја бактерија дома. Еве пример моево имаше мораксела, седеше дома неколку дена додека ептен течеше носето ама не ја третиравме зашто не му направи поголем проблем. Сега се излечи со антибиотикот за бронхитот ама сигурно дека здрав со мораксела нема да остане дома. Дете без мораксела и хемофилус исто како да не било во градинка.
     
    На mal.ecka и Chuchanov им се допаѓа ова.
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.205
    Допаѓања:
    42.075
    Пол:
    Женски
    Во нашата градинка па нема дворче, само тераси на секоја просторија и таму ги изнесуваат. Во другите градинки што убави дворови има, трчаат, играат со топка, играат ластик, а овде нема простор за тоа
    Ептен ми е криво
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.160
    Допаѓања:
    144.982
    Последна група Сами се пресоблекуваат, само помош ако треба викаат. Мојата и кажувам секој ден што да си облече од шкаф. Сабајле сама си побара ракавици дека и било ладно на Водно на рацете вчера. Значи учи дека треба да си земе ако и студи, не јас да и кажам дали и е ладно.
    Ако има можност пуштете ги децата и бицкајте ги учителките. После у 8 заспива за секунда.


    Се е изводливо ама нејќат
     
    На Aurelija, mal.ecka, Brpbrp и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Searcher

    Searcher Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2017
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Вака, денот кога сум го пишала ова верувај дека мозокот ми работеше 300 на саат. И решив јас да одам таму и да разговарам па макар и да бидам безобразна со учителката. Исто проба со мене како со мажот ми, не знаела таа што и е на ќерка ми. Бев строга и со доста строг тон ја прашав кој да прашам? Кој знае ако не знае таа? Многу, верувај дека многу работи и изнакажав меѓу кое и дека ако таа не е способна да работи со деца под 4 години да си бара да ја преместат или ако сака јас ќе одам кај директорката и ќе побарам да и сторат услуга и да ја преместат. На муабетот да ја отпишеме или паузираме јас и одговорив дека на дете местото му е меѓу деца и во градинка, а неа очигледно местото не и е таму, па нека паузира таа или нека се отпише. Јас знам, свесна сум дека бев дрска, некултурна што верувај не наликува на мене меѓутоа не можев да се контролирам, за дете се работи. Да не должам, доста време зборев има уште многу за расажување. Денес детето пак го пуштив во градинка, резултирало супер моето одење таму, ниту еднаш не заплакала.
     
    На Nikolina35, Izzy_0504, KuklickaSk и 2 други им се допаѓа ова.
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.633
    Допаѓања:
    38.152
    Пол:
    Женски
    Кога одеше мојот у градинка имавме проблем со родители што не сакаа децата да им се надвор. Државните градники немаат потреба да носат деца на Водно и у парк имаат прекрасно дворови сите. Во нашата имаат посебни делови за различни возрасти. Во два од нив има и песок за играње. Ама никако да се сложат родителите да пуштат дете надвор во есен, особено ако врне. Ќе се договоревме да одат со гумени чизми во градинка и обавезно три деца доаѓаат со патики. Наредниот пат исто. Цела група остануваше внатре заради тие три. Уште едните се бунеа за отворање прозор во градинката. Промаја ќе имало па ќе настинеле. Така што кај нас за жал е ова ретко изводливо во сите временски пригоди.
    Јас надокнадував со тоа што останувавме во дворот на градинката заедно со децата чии родители го допуштаа тоа да скокаат по вирчиња, да играат со песокот и слично. И попладне обавезно пак надвор. Од кога почнал да излегува надвор како бебе ден не е прибран дома, освен кога надвор било мнооогу загадено.
     
    На mal.ecka, KuklickaSk, Meckicja и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.275
    Допаѓања:
    205.752
    Пол:
    Женски
    Ама има деца што се носители без симптоми, и ај нека седат дома?! Сите сме носители на бактерии, не може да се стерилизираме, не можеш да знаеш кој што носи во себе, освен ако секое сабајле правиш брисеви, за кои треба да се чека резултат најмалку 24 часа. Инаку ги примаат и со кашлица и растечен нос, во спротивно градинките ќе беа празни. Секој лекар може да потпише дека детето е здраво, на невидено. Колку има така што ги носат децата од што немаат избор.
     
    На KuklickaSk, Brpbrp, Meckicja и 2 други им се допаѓа ова.
  17. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.187
    Допаѓања:
    78.253
    Пол:
    Женски
    Тие бактерии ноооонстоп ги има во градинките 24/7 буквално и затоа нашата матична не ни ни правеше брисеви. Еднаш кога имав сама направено на своја рака ме испокара :?: Не само во градинка, туку цело време секаде ги има, само што како растат децата стануваат отпорни на нив... Затоа и уствари се препорачува вакцина на Стрептококата, за кога ќе закачат полесно да поминат..
     
    На mal.ecka, Jana06 и PUPICA им се допаѓа ова.
  18. Zumbulka86

    Zumbulka86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2020
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Значи сепак до учителките било. Неможе секој да биде воспитувач. Јас разбирам едвај издржуваат со повеќе дечиња, ама за оваа работа треба трпение, живци, мн љубов кон децата. Ќерка ми ниту еднаш не се обиделе да ја намолат да јаде, едина активност редење на коцки, во последниве две три недели што почнале да цртаат, да учат по нешто. Јас кога им спомнав дека сакам да ја префрлам во друга група, дури тогаш почнаа да и обрнуваат некор внимание.Многу значи да се погодат учителките на детето.
     
    На Searcher и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  19. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.660
    Допаѓања:
    19.600
    Ја не знам што е со нив ко од ист калап да се праени.
    А те видат фин, мирен, ќутиш толерираш одма бе те користат, одма детето плаче, одма детето вака. Стануваш дрзок почнуваш да се караш и закануваш одма нова песна детето е супер во градинка, не плачело,јадело, играло... Го искусив на своја кожа. Стварно не ги разбирам...
     
    На Searcher му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.627
    Пол:
    Женски
    кај нас ги изнесуваат во двор и во блискиот парк до градинката два пати во неделата,секако предтоа не прашуваат на вибер групата и сите се согласуваме
    вчера ги однеле на пазар,прерадосна беше мојава..исто 15-20 деца се со две учителки
    многу сум задоволна од овие учителки,мислам дека до учителките е до нивната иницијатива и колку им се работи :)
     
    На Zumbulka86, mal.ecka, KuklickaSk и 1 друга личност им се допаѓа ова.