Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Добро ти збориш веќе за поголема група што се може само да направи дете. Али помаливе како нашиве грев е да седат во една занимална али на дел не проодени што ќе им прават т. е. јасли група и лете и зиме внатре.


    Како почна да заладува уште од сега смрди и замаглено е надвор од отрови ние не сме за надвор не пак деца.
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.746
    Допаѓања:
    141.656
    Ако ви речат 600 денари месечно за д а ги носиме на Водно секој втор ден ќе речете не сакаме, нека седат затворени?!
    Не сакаат луѓе, нема родител што ќе рече нека се гуши детево на загадено, или нека оди есенва на Водно со другарите.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.145
    Допаѓања:
    40.509
    Пол:
    Женски
    Изгледа не си се расправал со 20+ родители. И кај нас истата приказна. Нежни снегулки. Зошто им отворале прозор ќе настинеле, зборувам во период кога ние и дома уште спиевме по цела ноќ со отворен прозор. Јас уште не можам да се помирам зошто не се бар 3 дена надвор. Имаат супер двор и директен излез :(.
     
    На Coco31 и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  4. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.242
    Допаѓања:
    19.027
    Има и такви што немаат 600 ден плус да одделат или да купат чизми специјални за дожд или снег. А и водно на средно не е толку чист воздухот како што замислувате. Зборам за најзагаденото кога беше, не за лани. Знам сме биле да шетаме исто било тиња, а и мерни станици го покажале тоа.
     
    На Chuchanov, Brpbrp, monik55 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.240
    Допаѓања:
    118.836
    Пол:
    Женски
    Многу точно! :bow:
     
    На wannaBeMomma му/ѝ се допаѓа ова.
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    27.968
    Многу е интересно е да се читаат коментари на луѓе кои доаѓаат од привилегирана позиција.
    Да не се разбереме погрешно, и јас спаѓам во тие привилигираните. Можам да седам и да работам од дома кога сакам, и без да отворам боледување па и земам цела плата и кога чувам болно дете.

    Но, едно големо но. Голем дел од родителите не се привилегирани. Мораат да одат на работа и кога детето е со растечен нос, а користат боледување само во крајни ситуации. Им зависи приходот од одењето на работа. Едноставно немаат можност да седат секоја втора недела на боледување.
    И колку и да се нервирам што префаќа болести и моето дете, го праќам да оди. Додека не ги изедначат имунитетите, односно дур не ги пројдат заедно истите болести вака ќе биде. И сега не оди само ако има температура, пролив, повраќа, ептен затнат нос и силна кашлица. Пред некоја сабота имаше 24часс темп. Во неделата немаше ништо, ни кашлање, ни кивање. Ништо. Во понеделник отиде во градинка. Не чекав две недели да заздрави. Здрав беше.

    И мислам дека родителите кои не ги носат децата (а и кај син ми истите 15 деца идат, а 25 се запишани) се плашат од разболувања и не се спремни да го поминат тоа што мора да се помине. Дали сега, дали во прво одделение ќе се пројдат детските болести. А и очигледно има кој да ги чува децата па паника е кога ќе чујат кашлање, па пишување у група како не се одговорни родителите. И сигурно има неодговорни родители ама верувам дека се исклучок. И дека ретко кој родител може да пушти вистински болно дете во градинкс, а да не биде со него.

    Инаку како инфо, сите вируси имаат период на инкубација без симптоми кога се пренесува.Кај варичела е 10 дена, кај коксаки меѓу 3 и 7 дена итн.итн. сите ќе се заразат дур пројават симптоми.

    Нејсе. Нека им проаѓа само лесно
     
    Последна измена: 29 октомври 2021
    На daniangel, Mini90, Lady*Bug и 24 други им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.746
    Допаѓања:
    141.656
    Чизмите на ќерка ми се од Стокомак за 300 денари.
    Загаденото у аеродром и тоа на средно Водно не е исто.
    Деца од Водно не се разболуваат туку од вируси и бактерии кои на Водно ги нема туку у затворен простор.

    Ако нема, нека се две три деца што родителите немаат 600 денари нека плати градинката, полни се пари градинките. Им ги знам финансиските извештаи.

    Кога беше најзагадено на Шапка ги носеа.

    Секоја градинка е способна и може да организира носење деца на чист воздух, ама како што гледаме нив им е тешко да ги занимаваат па два месеци трае адаптација, не па да ги шетаат.

    Океј е да се решиме, нека не одат на Водно еднаш тогаш беше и таму загадено. Океј, беше 1000 пм во Аеродром, 200 пм на Водно, па одбери каде да оди.
    На децата им треба природа, истражување... Не у една соба затворени 20 исто деца секој ден. До 3 саат е сонце, они не гледаат сонце, ние у 5 кога ги земаме во зима е темница. Витамин Д примаат само и сабота и недела и тоа не е во ред. 10 дена на море нема да надоместат 6 месеци у една соба.

    Јас да сум, би се борела. Оти точно знам колку пари имаат, а не сакаат.и колку ноктите, фризурите и цигарите се повисоко на листата од 600 денари месечно.
     
    На daniangel и Annath им се допаѓа ова.
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    27.968
    Се си во право, ама и родителите не сакаат. Колку шетаат луѓе на дожд кај нас? А колку родители се дерат 'не иди во вироооот!' 'кој ќе те пере, цел кал се направи!?'

    И така. Не е се до градинките
     
    На Aurelija, Izzy_0504, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.242
    Допаѓања:
    19.027
    Не викам дека не се полни пари ама ете пак ние секој месец влажни и павловичева носиме во јасли. Бар тоа да обезбедеа. И не е точно дека секој има плус 600 ден да издвои.
    И не е исто да однесеш 3 групи по 20 деца.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.746
    Допаѓања:
    141.656
    Ама зошшштооо... :( Што ако се извалка, на улица у стари алишта се секако. Што ако се натопи, ќе се пресоблече и чај и готово... Алиштата ако не ги искине секако ќе ги надрасне за некој месец. И да ги искине се крпат. Сите панталони ни се со дупки по колената, сите маици со флека, па нешто крпам, нешто лепенки ставам, нешто станува алиште за на улица и толку...
    Тоа е грабеж, класика. Ама градинката тврдам дека има пари за неколку деца за да им плати превоз. Зар за неколку деца што може градинката да покрие ќе страдаат другите 15?! Нема градинката 2000 денари плус месечно?

    Секоја група може у различен ден да ги носат. Не мора наеднаш. Ама не ги носат ни еднаш.

    И да, родителите се плашат од вода, дожд, снег, ладно, флеки, скинато, промаја. И тоа е поголемиот проблем. А учителките сигурно нема да и објаснуваат на секоја мајка дека е поздраво детето да е на сонце на Водно отколку у училница па по линија на помал отпор си ќутат. Платата секако ќе им дојде, децата арни се и вака.
     
    На Annath и haruki им се допаѓа ова.
  11. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.145
    Допаѓања:
    40.509
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека деца се за надвор па и Водно, само сакам да ти кажам дека во државните за жал, кадар на минимум, деца многу и како што кажа @KuklickaSk пола од родителите не дозволуваат ќе се разболеле децата. Кога малку ќе залади во маало деца аш. Да изнесеш дете нема со кого да пригра. Сите дома затворени. А летно време наутро кога е поблаго нема никој, а на +40 децата надвор. Така да многу е до менталитетот и до родителите, не е само до градинките. Јас прашувам на родителска зошто децата не ги вадат надвор на воздух, пола од родителите се бунат за отворен прозор:x
     
    На mal.ecka, KuklickaSk и Cka им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.746
    Допаѓања:
    141.656
    IMG_20211029_214641.jpg

    Еве видете јавен тендер на една скопска градинка од лани. Видете колку тоалетна, чаши и салфети купиле. Не е дека немаат, ама ете, решиле да ви бараат.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    Епа како инаку добавувачот, сметководител и ред други вработени ќе пикнат во џеб?!

    Нас ни бараа тоалет (не однесов, не употребува моето дете дома) влажни, (користи пелени) брисачи(ги бришат по јадење- и ова треба градинката да си обезбеди) и салфетки ( за салфети се заинатив ,мм вика земи најефтино пакување од 10ден да не те зборат по родители)

    Во претходната градинка ни бараа и пластични чаши...
     
    На Cka и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  14. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    @Cka оваа сума од 600 ја доплаќате да ги носат на Водно?
     
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.746
    Допаѓања:
    141.656
    Да, неколку пати неделно.
     
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.414
    Допаѓања:
    90.665
    Пол:
    Женски
    Повеќето од државните градинки имаат убаави дворови ,нема никаква потреба од да се носат во парк,активности треба да одржуваат во дворот кој го имаат.

    @Cka
    Не знам кој период ги носеле на Шапка,ама теренот и не е погоден за деца од градинка.
    Каде ги шетале на Шапка?:?:
    Во зима не би препорачала да ги пуштате на Шапка, може да те собере некој во долот,нас не собраа албанци со санка,среќа малата ја фрлив далеку,па немаше повреди,мене ми беше повредено рамото.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.746
    Допаѓања:
    141.656
    На простор за мали деца, сами беа, немаше други околу нив.
    Од градинка и на одмори ги носат, децата уживаат. Мојата уште раскажува за лани на Шапка.
    У двор секако треба да се секој ден, освен кога е загадено и можат да ги носат на Водно.
    Ама 9 саата затворени, треба да е екстремно ладно или да дува со дожд па ај да речеш седи внатре.
    Може другите се построги родители, ама јас само ја облекувам добро, давам чај ако треба, и дете во соба пред тв не сакам.
    Затоа мислам дека и градинките и децата треба да се охрабрат и да бидат надвор секој ден.
     
    На Izzy_0504 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  18. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Се си во право што и пишала, но едно големо но тоа дете е болно и оди болно во градинка тоа нема да оздрави и да набилда имунитет тогаш туку само ќе му се влоши состојбата и за да не одсуствува родителот ради приходи секоја втора недела тогаш месец дена ќе седи дома за да го излекува детето и да нема потешки последици. И тука пак доаѓаме на истото дека детето ќе мора да седи дома на било кој начин и при тоа им штети и на други деца. Факт е дека требаат приходи но што кога после тие приходи пола ќе се фрлат по приватни доктори и лекување никакво фајде нема секако си во минус и не дај боже детето да настрада повеќе и да биде со трајни последици.
     
  19. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.225
    Допаѓања:
    17.943
    Ај и тука ќе го поставам прашањево, како поактивна тема.
    Не паметам кога последно ќерка ми пиела антибиотик. Мислам кога имаше неколку месеци, закачи некоја бактерија. Тргна на 2 год во градинка и тогаш настинуваше, ама од нога поминуваше. Одеше 6 месеци и кога ги затворија градинките престана.
    Сега пак почна во градинка на 4 години и по не цел месец одење еве ја со Висока тт и покачен црп (11,ама мислам рано испитавме). И по 3 дена упорна температура, матичната и даде антибиотик.
    Сега ме интересира, со оглед на тоа дека антибиотикот го бута имунитетот, дали после примањето на антибиотикот да ја почнувам дома некој ден или одма Да ја пуштам во градинка. Страв ми е одма, дурго да не закачи.
    Какви се вашите искуства? Дали после антибиотик повеќе се разболуваат?
     
  20. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Секако ќе закачи нешто ако има по 2 недели. Никогаш немам чувано после антибиотик да е дома, штом заврши антибиотикот праќам во градинка.
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.