@forumce Мислам ти си со малеко бебенце што веќе оди во градинка. И мојава ќе има 8 ипол месеци кога ќе тргне. Како им е организиран денот со спиење? Во колку часот им е првото спиење? Мојава сега по 2 пати преспива, а понекогаш знае и 3 пати ако првите две биле ептен кратки. Се надевам во градинка порано ги успиваат, од 7 станата до 12 нема шанси да издржи мојава.
Зависи од градинките. Во нашата на почеток ги успиваа на нив кога им се спие додека се адаптираат, после тоа околу 12 ги успиваат. Нормално ако видат дека му се спие ќе го стават во креветче. Ќе заспива и покасно зошто таму не ги нишаат во раце туку ги ставаат во креветче и седат до нив. Постепено после тоа ги учат и ако не им се спие да одмараат тие 2 саати одприлика. Моето е 13 месеци и исто спие со 9 месечните бебиња.
Околу 11-11 и пол ги успиват.Мојата кога ја оставав по 2-3 часа на почеток заспиваше порано таму, околу 9,пред да ја земам. Сега не сум прашала дали чека до 11 за да ја заспијат како и другите што ги заспиваат тогаш или порано дремнува.
Мојава од 8 месеци оди во градинка, на почетокот дремннуваше по пола час во период од 9 до 11. Ќе ја стават во креветче после доручек кога заспие заспие. Сега има 9 месеци па почнала покасно да заспива кај 11 и пол после ручек. Дома знае да спие и по 4 часа, ама во градинка максимум до сега 1 час. Сама заспива и дома ќе се врти навака натака и ќе заспие, така и во градинка.
Добро поминавме немаше никакви реакции т. е. има една почна како тетка да се кара и сега уста не затвара . Одма го пуштив нареден ден дури после 10 дена имаше 37.5 5 дена од кои 2 дена сабајле качуваше 38 али после ибупрофен се симнуваше одма. Немаше да качи ама ни донесе дома стомачен вирус и настинка сите се разболеа тој период од негова група. Зависи како ќе ти се погоди периодот кога го боцкаш.
Сакам да ве прашам тие што сте сами двајца родители без помош од баби и дедовци дали планирате да ги запишете во градинка? Дали е изводливо? Или сепак треба дома бар уште една личност за кога ќе настине детенцето, оти со приватниве фирми тешко дека би давале боледување на секоја настинка
Ние да. Веќе за неполн месец треба да почне. Планот е да оди. Ако превише се разболува, и морам премногу да отсуствувам од работа, отказ не ми бега. Ама за почеток ќе пробаме да се покриваме некако двајцата.
Кога е болно детето му треба мајка. Јас имам свекрва,ама кога ми е болно детето не ја чува. Само ние, оти знаеме што треба да се прави. Еднаш пробав да отидам на работа, качи 40 темп, јас на работа само грешки направив и си отидов.
Моето оди, и сме сами во Скопје. Кога ќе се разболи земам боледување и тоа ми е. Маж ми ја нема чувано кога е болна. Работам во државно.
Ама не е исто државно и приватна фирма да не се лажеме. Ретко во приватна фирма толерираат боледувања па и плус ако се малку вработени и реорганизација, смени чуда ....
Работодавачот е спремен дека ќе одиш на боледување после породилно. И кога те вработил знаел дека ќе одиш на породилно и дека не по твоја волја ќе се разболи дете.
Спремен е да му кажеш дека имаш баби и дедовци за чување, не е спремен да те нема толку долго. Се гледа колку имаш приватно работено.
Tи одамна не си работела у Македонија изгледа. Државното стана полошо од приватното. Освен ако си работник без образование, лесно менлив и газдата е тиња од човек. У државно со смена на власт те бркаат, у приватно само ако не си способен или формата затвора. Јас зимам боледување и работам од дома. Ми кинат на плата, а работам. Ама кога е болно детето не одам. Е сеа ако работам физичка работа, и да мора да сум таму, не може, ама мојата работа ја работам од дома. Некогаш и за викенди и ноќе, зависи од хаосот. А баби имаше на времето кога на 55 одеа у пензија. Сега на 62, нема веќе баби. Никој. Свесни се сите со што се соочуваат кога вработуваат млади луѓе.
За тебе правиме муабет или општо за оние кои работат во приватен сектор а не се ИТ? Ти во привтен сектор си? Не си. Зошто коментираш? И каков е тој работник без образование? Мислиш на продавачи, таксисти, занаетчии, работници во фабрика, чистачи...за нив ок е да нема нормални услови и да нема боледување пошто лесно заменливи се?
Сум работела и во приватно на две места работам и државно сеа. Не се споредува, во државното можеш се да искористиш додека во приватното колку ќе дозволи газдата. Од државно со промена на власт губиш работ асамо ако си вработен партиски на договор онака никој ништо не ти може. Еве тоа е мое мсилење не мора да значи дека секаде е така, ама од мое досегашно искуство е вака. И во приватнито не сите работат во некои големи фирми и се на такви раб позиции ккао што ги опишуваш.
Ние сме сами, ама јас работам од дома кога е болен. Другарка е исто сама и плаќа жена по саат/ден за чување кога детето не може да оди во градинка. Мислам дека плаќа 100 мкд саат. Како и да е, ако немате опција, тешко е баш за снаоѓање. Еве веќе 6 месеци оди, 7 пати бил болен до сега.
Кога веќе немаме избор за чување на дете освен градинката мислам дека се околу тебе трпи. Целото семејство, боловања, фирма, одмор, слободно денови, викенди, се е тоа поврзано со детето се додека стекне имунитет. Јас работам во државно, а сопругот во приватно, имам и свекор и свекрва кои ни помагаат ама кога детето е болно никој не сака освен мене, цело време е залепен за мене и не ме попушта. Мене во текот на годината само два дена слободни ни следуваат, бидејќи ние имаме колективен одмор, ама затоа можеме да се менуваме со колешките и да се надополнуваме па некако е олеснато. Сопругот прича за себе, да може 24/7 да работи толку и ќе го држат. За членката што пиша, пробајте па ќе видите како функционира, некогаш боловање, некогаш ден два слободни, некогаш одмор и се така во круг
Сакам да прашам како им влијае на децата преодот од градинка во школо? Има таква тема? Според мене лично во градинка е преубаво, слобода, игра, движење и наеднаш почнуваат во школо седење, пасивност. Цело време и зборам убаво за школото, а всушност не мислам така ама од страв како ќе и дојде промената ја спремам уште од сега 4ипол години има. Ако нема таква навистина ми треба тема за преод од градинка во школо за да ме смири. @RainBow Можеби се само моите трауми од школо во прашање, во прво одделение учителката еднаш ме имаше удрено со шарено стапче еднаш за коса ме искуба пред табла дека не сум ја избришала таблата, а јас дежурна. Ама и онака како голема промена ми се гледа некако и ме интересираат повеќе мислења, искуства, совети.