Форумџика на годината

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Да не се лажеме хаос е во однос на настинки. Нема некој што познавам што децата им одат во градинка 5 дена ,а 10 дома се. Од стомачни вируси,вирози до пневмонии.
    Едно само ке напишам. Мајки секоја ви чест на тие што немате апослутно никаква помош а сте во приватен сектор.
    Не те толерира секој што ти немаш дете на кого да оставиш а неможеш ни боледување да отвориш бидејќи е само вироза од никаква темп од 38 во прашање.
    Ужасен период и мене ме има фатено и на толку "можности" што ги имам во однос на разбирање од страна на работодавец сама незнам која страна да ја фатам.
    Ке излажам ако напишам дека 3 дена здрави оделе во градинка. Максимумот ми е 4 дена.
    Упорно и упорно настинуваат.
     
    На Larahappy, srekice, KuklickaSk и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Во државно ќе те избркаат при промена на власт, не за боледување. Како дошла, така ошла.
    Оди во приватно земај боледувања еднаш месечно по 1-2 недели. Кој ќе те толерира? Колку сакаш биди способна. Јас избрав да работам од дома за да не ме гледаат што правам, а пак да ја завршам работата. За сметка на тоа сум непријавена. Значи вака или така ќе ти наплати што не си во канцеларија.
    Познаничка во државно една бременост патолошка, трудничко, нега на дете, втора патолошка, второ трудничко.... Четири години се нема појавено на работа, никому ништо. Работното место ја чека, нека се менува власта колку сака. Нема споредба.
     
    На Divinebutterfly, kjofti4, srekice и 21 други им се допаѓа ова.
  3. CareTee

    CareTee Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.808
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам дека со промена на власт ги бркаат од државно. Можеби ги менуваат на пониско работно место и пониска плата, но за да те избркаат од државно е процедура, 3 дисциплински итн. не е толку едноставно ако имаш договор на неопределено. Може намерно да ти направат пекол од работата па сам да посакаш да си дадеш отказ. Баш како што пиша Јана и јас познавам такви што искористија максимум со породилната и се.

    А на приватно се знае, многу мал дел се тие што толерираат боледувања и отсуства од работа да не се лажеме. На прсти се бројат.
     
    На Divinebutterfly, Meckicja, Осе и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Chuchanov

    Chuchanov Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    Јас работам во приватен сектор,буквално цела работа зависи од мене 8 дена што бев на работа цело време бев со мобилен во болница,може сега ме толерираат но за следно отсуство гарант нема да поминам лесно...Затоа бараат секаде постари не им исплати млади што ќе отсуствуваат а пак ние младите сме далеку повешти во се

    Заборавив бившата колешка си извади патолошка,па се низ нос и извадија и си даде сама отказ
     
    На Divinebutterfly, srekice, CareTee и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.627
    Пол:
    Женски
    сабајле кога ги носев децата во градинка,поголемата кога влегувавме во ходникот ми вика мамо сега ќе јадеме лепче со паштета :?:
    викам како тоа паштета каква паштета? се збунив,бидејки на листата за храна нигде непишува паштети,баш убава ЗДРАВА храна е напишана амаааа....
    излезе учителката и одма ја прашав дали навистина јадат паштета? вика да, да ама многу малку им ставаме,викам она дома никогаш не пробала паштета а во градинка да јаде малку чудно нели здрава храна имате ова на листава го давате или? и така некако да да, колку да ме откачи вика ајде морам да одам да не плашат децата по мене и побрза..
    се затвори вратата и толку...незнаеме што се се случува таму

    и да се буниш и да пријавуваш џабе е кога немаме доказ,и да кажам да не и даваат тоа, може ништо друго нема да и дадат

    се напнав
     
    На srekice, Осе и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Во која градинка, ако не ти е проблем да споделиш? Да не искочи и мајонез јадат како во градинката во Куманово :|
     
    На TarantulaA, srekice, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.781
    Допаѓања:
    114.421
    Пол:
    Женски
    Кај мали на паштета мислат на лепче намачкано со намаз и на списокот ја пишува паштета а уствари јадат намаз од павлака, јајце, морков и кашкавал или риба, јајце и морков. Ние имаме мака што не ги јаде тие па само суво јадел и се налутив па го скарав и иако сум против уценување го уценив со отпишување од гимнастика ако не јаде. Одговор е дека сите јадат тоа. Не може да јаде суво лепче и да е тоа ок, не може. Исто и алергичните да немаат замена, едни пијат млеко другите ништо, свари еден чај.
     
    На srekice, Осе и mal.ecka им се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.633
    Допаѓања:
    38.139
    Пол:
    Женски
    Сменето е многу како изгледа прво одделение сега и како изгледало порано. Јас сега имам прваче и малку му беше тешко на почеток да сфати дека има повеќе седење, а помалку играње ама активностите во школо во прво им се исто како игра измешана со учење. Кај нас и со седење во школо почнаа постепено. Првите два дена по саат и пол, па наредната недела до 12 па потоа до 3 во школо. Имаат активности надвор (на перничиња седат, собираат лисја, тревки и слично), имаат сензорни активности (за сетила на пример учеа со вадење ствари од торбичка со затворени очи и пробување храна со затворен нос и очи и слично). Сега почнуваат со пишување бројки (за букви уште рано им е). На почеток повторуваа одредени работи што се учат во градинка (пример горе/долу, под/над и такви слични активности). Собирање учат со броење на јаболки и диносауруси и пеперутки (не директно со бројки). Не знам како е точно во Германија ама би требало да е сличен принцип.
    Во принцип треба да ја спремиш дека ќе има промена, дека ќе има нови другарчиња, нови учителки и слично. Другото ќе се нареди само по себе. Тие што оделе во градинка полесно се адаптираат од оние што седеле дома зашто се навикнати на некаква структура. И немој да претеруваш со објаснување и зборување може и погрешна слика да и создадеш. Сама нека си ја создаде сликата за школо.
     
    На gjoker4e, srekice, Meckicja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.503
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки. Кај син ми во градинка прием на деца е од 6:30 до 6:50 ,но мене не ми одговара да го носам толку рано бидејќи сум од 8ипол на работа,затоа што треба да искачам по 100 пати со кола и го оставав околу 8 успат за накај работа.
    Денеска ми вика негователката морало да го носам од утре во 6ипол инаку немало да го примаат.
    Како се снаоѓате вие во вакви ситуации? Да барам друга група со покасно прием или како?
     
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.207
    Допаѓања:
    38.236
    Пол:
    Женски
    Не знам каква е програмата кај вас, кај нас е прво одд е скоро исто како забавиште порано.
    За деца кои одат во градинка, не верувам дека преминот ќе им биде многу трауматичен, барем кај нас не беше оти програмата е прилагодена на возраста и во прво одд се им се одвива преку цртање, игри. И сега во второ, иако учат повеќе, повторно многу цртаат. Учителките навистина им посветуваат многу внимание на креативниот дел, а во втората половина од денот кога немаат часови, имаат слободни активности. Однесовме еден куп игри во училиште за да има со што да се занимаваат, и скоро исто им е како во градинка :D само плус е што не спијат (y) (пошто ќерка ми ич не сакаше да спие)
    Не знам, ние не почувствувавме не знам каков напор при преод од градинка во училиште. Единствено дека не фати пандемијата, па не одеше до крај во градинка, а и лани во училиштето им беа скратени часовите, па некако беше се набрзина, ама пак, задоволна сум :)
     
    На gjoker4e, danichap, Sofi.ja и 2 други им се допаѓа ова.
  11. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Сами сме и ние малата оди во градинка од септември и дали цели две недели и се има фатено да оди. Три дена во градинка 10 дома. Е сега јас работам од дома а мм од кога е почната пандемијата една недела е таму една работи од дома така да многу ни е олеснително тоа да немаме вакви услови за работа ке бидам приморана да дадам отказ затоа што нема кој да ми ја причува ни еден саат до 4ч по пладне а не па кога е болна.
     
    На Larahappy, srekice и elimkd им се допаѓа ова.
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.397
    Допаѓања:
    28.358
    До 39 недела работев во канцеларија со бебе од 4.500 во стомак. Не знам ни како се движев,а седев по 8 часа.
    Породилното на сите го продолжија заради ковид, јас потпишав дека 'доброволно се враќам'. Сега ноќе седам да сработам кога е болен и го чувам и работам од дома.
    Другарка моја ја вратија на работа кога малата имаше 4 месеци.
    На лулсшки пред некое време запознав мајка која ми кажа дека се враќа на работа во државен сектор после 3.5 години. Патолошки, породилно, ковид... Плата си добива.

    Да примањата се поголеми во приватен сектор, ама исто и работата.
     
    На eli25, Divinebutterfly, Larahappy и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.487
    Допаѓања:
    18.814
    Знам за случај во градинка,каде што приемот бил подоцна (пр.8-8ипол) а родителот е порано на работа( 7-7ипол) па со потврда од работа во врска со работното време му дозволиле порано да го остава детето.
    Не знам како функционира градинката, ние се придржуваме до времето за прием,а еднаш прашав дали може подоцна да го донесам (сакав кс да му направам) ми рекоа не е проблем кога е однапред најавено.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.503
    Пол:
    Женски
    Во тој случај да, обично ги собира една негователка порано па после ги дели низ групите,но безвезе ми е да будам дете у 6 саат за во градинка,плус сега зимно време греота е.. а и дупли трошок бидејќи со кола одиме,а вака ми е успат накај работа .. плус кога сум втора смена работам до 1 и треба сабајле пред 6 да станам за во градинка да го носам па во 8 пак на работа... малтретирање ми е за сите некако... не знам што да правам
     
  15. Klara91

    Klara91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2020
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    1.206
    Пол:
    Женски
    Можеби е малце надвор од темата ама ме интересира за роденден што носите во градинка да ги почастите дечињата. За во државна градинка прашувам што е дозволено?
     
  16. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.487
    Допаѓања:
    18.814
    Хартиена торта (јас ставив чоколатце, пез бонбони,лижавче и карамели) и сокче со цефче за секое дете.
     
    На Meckicja, Klara91 и Jana06 им се допаѓа ова.
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.397
    Допаѓања:
    28.358
    Јас нарачав хартиени кутии во вид на диносаруси од али експрес и ставив три спакувани чоколатца. Дозволено е се што е спакувано со декларација, не може дома направено.
    Инаку носат и чашки украсни со чоколади, такви хартиени торти и слично. И свеќа ставив дека дуваат, им пеат.
     
    На Meckicja, Sofi.ja, Jana06 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите :)
    Денес ни беше прв ден во градинка, па не успеав да прашам, затоа тука барам инфо :)
    Може да му ставам во ранчето негово шише со вода? Дома само од тоа пие, џабе купувам нови.
    Дали треба да се носат пижами или не?
    И што ставате во ранчето?
     
    На Chuchanov и Klara91 им се допаѓа ова.
  19. Klara91

    Klara91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2020
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    1.206
    Пол:
    Женски
    Јас му ставам шише со водичка, таму потоа тие му дотураат или вода или чај или водичка од компот. Ставам 3 пелени, резерва облека што содржи -боди, чорапчиња, блуза на долги и долен дел (или тренерка комплет) и од кога остана на спиење и пижами. Моето е 10м, а овие работи ,ми ги кажаа од градинката.
     
    На RAK91 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    9.732
    Секое различно. Имам другарка нејзиното сега е прво одделение и ми вика дека на почеток се уште мислат дека се во граиднка. Си прават муабет, седат во клупа кој со кого сака, секој ден различно дете, учителката ја викаат тетка или по име нели научени така од градинка.

    Ама ќе се научат, а за да е полесно најдобро е да оди на некакви часови пр англиски и за да ја научи разликата помеѓу школо и градинка.

    Денешно време не ги тепаат децата помина тој начин на казнување.
     
    На TarantulaA, JoyJoy и gjoker4e им се допаѓа ова.