Мене месечно ми бараат 1 бришач,2 влажни и 1 антибактериски.Неделно 15 пелени.Дневно шише со вода, боди чорапи и комплет тренерки и топлинки ако носи. Едит:16 ипол месеци е.Пижами не ми бараат.Со лесно навикнувањето.
2г и 4м е син ми Планираме догодина за градинка. Денес бев за апликација, случајно ја отворив темава...и наидов на коментар негователките барале сите деца да знаат сами да јадат да се пресоблекуваат, без пелени итн...мора ли сите деца да ги знаат сите работи пред упис....?????
Секако дека не. Јас тука кога читам се ужаснувам од што се се соочуваат родителите. Кај што оди мојава имам многу позитивно искуство... се оставаат се да пробаат сами, доколку некој не може му се помага. Гладна не останала, прљави гаќички никогаш немала, а вели дека сама се брише. Сама дува нос, што до пред два месеца беше мисловна именка. Цртаат, сецкаат со ножички, имаат преубави вежби за моторика, на децата им е забавно. Таму отприлика знаат и кое дете што и колку може и стимулираат каде што треба. Пример мојава дома сама јаде, таму бара да и даваат, самата негователка ми вика, знам дека може сама ама бара внимание за нешто што гледа дека и други деца бараат. Да ти се погодат само жените. Ќе си се навикне детето. И ќе си учи и не мора се да знае. Инаку е 3 години и 3 месеци мојата.
Здраво, дали има некој информација кога ќе се зголеми бројот на деца во групите, т.е. ќе се врати како порано? Ќерка ми ја запишавме во градинка пред 8 месеци, уште е на листа на чекање
Па мислам чудно би било доколку не знае да јаде само детето, пресоблекување исто.. А дека се бара, не.
Зошто би било чудно ако 3г дете не знае сеуште да јаде само и да се пресоблекува ? Не се сите деца исти.
За јадење и мене би ми било чудно да не знае на 3 години ама за пресоблекување што знам. Немам во близина 3 годишно дете да знам за што се способни, може некои знаат да се пресоблечат. Деца, секое своја приказна.
Ајде де, ако не па на работа да ги пратиме наместо во градинка пари нека ни носат искрено некако многу големи очекувања од мали дечиња, конкретко ќе кажам за нашата учителка пред некој ден ми вика до пролет цуцли да исфрлите, млеко да се пие исклучиво од чаша, децата дома да ги учите сами да се облекуваат…. ја гледам и се чудам, децава немаат ни две години алооо, разбирам се јас, ги воспитувам најдобро што знам ама деца се бе, ајде да не кажам бебиња… па уште ми вика како тоа ноќе млеко пиете сеуште или јас не сум добра мајка или незнам што е работава
Ништо не можеш да направиш за жал, мораш да го носиш во тој период. И јас многу се бунев ама не може да се смени времето. А во друга група не може, затоа што сите групи имаат свое време а се различни возрасти. Како би го ставила во јасли ако јасленото време на носење ти одговара? Не може
За цуцла - апсолутно максимум е доволно до година, чак и тоа е многу, нема никаков бенефит за дечиња од две години. Исто и за шише со цуцла. Убави насоки ви дала учителката, не знам на кој начин го кажала, ама сите насоки и се на место. Кога се вика да ги учиме на облекување соблекување доволно е интересот за истото да го прават сами, со помош нели. Нема лоши мајки, ама најдобронамерно прифатете го советот од жената. На место и е.
Запишан е во градинка и се менуваме со боледувања, користење одмори, од дарување крв потврди се што може. Имаат разбирање и приватните фирми ако се разбрани луѓе ќе немаш проблем ако се гадови ќе имаш проблеми. Не го оставам на никој да го чува зошто со никој нема ни да седи.
Како @TeddyGrey и јас би ти рекла да ги прифатиш советите, со добра намера се. Знам дека се различни децата, дали моево така се погоди или навика сум направила ама течности пие од чаша од 8 месеци. Му давам и шише вода пред спиење да не истури во кревет ама претежно во текот на денот пие во чаша (шишето си стои на маса доколку е жеден да си земе). Во градинка од прв ден пие од чаша (не е дозволено да се носи шише), има навика за јадење сам од кога почнавме со парчиња на околу 7-8 месеци, а сега се усоврши во јадење со лажица зашто немал трпение да чека негователките да го ранат. Така да, убави се тие навики што си ги ствараат во градинка само мора да соработуваме со нив и дома. Цуцлата скоро и ќе ја фрли, таму ме прашаа дали се согласувам да почнат со одвикнување, еве и дома веќе не му ја давам освен ако пишти пред спиење. И морам да спомнам го научија сам да заспива и нема веќе думкање Очекувам иста соработка и околу одвикнување од пелени кога ќе биде спремен ама во глобала градинката за нас е од голема помош, детето нагло ми порасна од кога е таму. Само битно е да се следи детето и да примети негователката кога е спремно за навика или одвика, а не да форсира нешто за да си ја олесни својата работа.
Добро, дали е во ред грдаинка да работи до 4 часот? И тоа не информираат дека мора да го земеме бебенцето 10-15 минути пред 4? *не знам до кога ќе издржиме со ова темпо, но сите се бунат но за бадијала
Па да, тоа сакам да кажам. Дека секое дете е различно. Некои и на 2 знаат, па не може да очекуваме и од другите. Во денешно време се некој натпревар се води, кое прво проодело, прозборело, фрлило пелени.. Аман.. Не се сите деца под ист калап правени. И нема дете што не научило, ако не на 3, на 4, 5 ќе научи.. Никое не останало така..
Ок. Најверојатно секој се води според своето дете. На моето уште му е рано, 15м има, ама кога ќе има 3г, ќе видам дали ќе биде напредно како вашето
Државна градинка е ова.... Сите државни знам тераат до 5-6 а ваму под режим не чуваат... да се жалиме порадикално, може на бебенцата да се одрази.... во многу незгодна ситуација сме
Моето на 13м тргна во градинка и во разговор со негувателката и кажав дека уште цица. Кога ми упати еден поглед,мајка мораш да го одбиваш веќе Не знам што и сметаше доењето,ама од тогаш цицаше уште 6м
Кај нас во градинка не кажуваат вакви работи. Оди од 12 до 24м во таа група. Чаши немаме, тие се користат во групата од 2г па нагоре. Секој си носи шише со вода од дома, цуцла обавезно му оставам, никој не кажал ништо и плус им оставам вишок 2 цуцли во ранче ако им треба. Дури е на адаптација не планирам да му тргам цуцла.