Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    15.720
    Па ќерка ми е 22 месеци,втора јасли се од кај 18 месеци до 3 години,или исто 2-3 .Ние кога бевме на родителска воспитувачката ни кажа дека израчунале за нашата група дека ќе треба по толку да се даде според фирмата што ја одбрале за да ги набави матерјалите.
     
    На MilaP му/ѝ се допаѓа ова.
  2. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.131
    Пол:
    Женски
    Во Кочо Рацин има две јасли, до 18 и 18 - 36 месеци, барем така сфаќам од списокот. Носам памперс (иако не мора зашто општина обезбедува), влажни марамчиња и крема за газе. Шише за вода и лажалка, три комплетчиња облека и топлинки. Воспитувачката спомена родителска ама се премислија, немало потреба. Дополнително до сега не ни побарале ништо, ќе видиме понатака.

    Паметам дека моите во градинка носеа прибор за цртање, ножички, колаж, блокчиња, ама најмногу патев дека никогаш не ни ги даваа.
     
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.595
    Допаѓања:
    76.826
    Пол:
    Женски
    Синко е во група 12-18м, но во групата има и бебиња помали од 12м... он има 18+ и бил најголем таму, како што е и висок многу и личи на 2,3 год детенце кузнае ама им штрчи таму :D дали се случува да ги префрлат на полугодие? некако голем ми е за таа група... следна после таа е од 2-3год.
     
  4. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Mislam deka moze da se prefrli, ama toa nema da bide negovata generacija.
    Koga tie pogolemite ce pocnat na uciliste toj pak ce ostane so pomalite t.e. negovata generacija pa ce mu bide potesko da se naviknr.
    Barem ova e moe mislenje.
     
  5. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.595
    Допаѓања:
    76.826
    Пол:
    Женски
    На колку тргаат сега во градинка? Роден е на 12ти Април... инаку ако го префрлат би останал подолго време во групата од 2-3, така да исто би му дошло... нема врска и разлика после во тргнувањето во 1во одделение... наместо од Септ да тргне во следната група, да тргне после Јануари... па пак од Септ ке си биде во група 2-3 год.. :) Мене ме ни смета и кај бебињава да биде, а сигурно не му смета и на него... ама ете така промислив дека е голем за таму... дали ги споиле со малата група незнам, ама он им е најголем, бебиња вриштат пиштат, он разбира повеќе.. имам комшиче 2год и 2,3 месеци, исто се однесуваат и исто зборуваат, она е во 2-3 групата.. :)
     
    Последна измена: 29 октомври 2016
  6. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Prvacinja mislam najrano moze od 5 god. i 8 meseci. Podobro sekako bi mu bilo so pogolemite decinja i za pobrzo i podobro da zazbori i za zanimacija.
    Sepak razgovaraj i so vospituvackite da vidis sto ce ti recat. Sigurno imale povece vakvi slucaevi so razni vozrasti na decinjata.
     
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.860
    Допаѓања:
    36.513
    Пол:
    Женски
    @mariz Јас би ти препорачала да си го оставиш со неговите врсници. Мојава тргна во април во градинка. Ја ставивме во поголемата група, бидејќи и онака од септември ќе одеше во таа, па да се навикне на воспитувачките. И не и беше лошо, ама сега од септември е со своите врсници во група и разликата од претходно е огромна. Порано не сакаше многу да се дружи со дечињата, бидејќи тие поголеми, оваа мала па имаше фрустрации кај неа, зошто тие да знаат да направат нешто, а она не. А на таа возраст верувај и два - три месеци прават разлика, а не една година. Најдобро да си оди со врсниците. Отприлика ќе бидат тука некаде со развојот и полесно ќе се здружат и ќе си играат.
     
    На azelea, galapce и mariz им се допаѓа ова.
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.595
    Допаѓања:
    76.826
    Пол:
    Женски
    Значи иако е групата 12-18м (и бебиња помали, малку биле и ги споиле), он и на 21/22 месеци ќе си оди во таа?
     
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.860
    Допаѓања:
    36.513
    Пол:
    Женски
    Кај нас во градинка во септември се вршат трансфери од една во друга група. Групите се од 9 до 24 месеци, другата е од 24 до 36. Ова за јасли зборам. Е сега кај вас гледам од 12 до 18 и другата е од 24, а тие од 18 до 24? Мора да има решение и за тие деца. Најверојатно е слично како кај нас. Прашај си ги воспитувачките најубаво. Ама мое мислење е дека е најдобро да остане во таа група во која што има најмногу врсници.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  10. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    @mariz колку е висок што мислиш дека изгледа како детенце од 2-3 години?
    Јас мислам нема врска висината и тежината во Школувањето,без разлика дали е предшколска возраст.
    Па ни во школо не сме сите исти.:)
    Ваљда си знаат во градинка кое дете за во која група е а тоа се одредува според Староста,возраста.
     
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.595
    Допаѓања:
    76.826
    Пол:
    Женски
    14кг е сега, 90цм беше пред месец сега незнам. Нема врска онака го спомнав тоа, има бебчиња кои лазат, он е голем да не ги повреди, трча скока, сака да си игра со дечиња на негова возраст и поголемки:) не ми беше само јасно тоа 12-18м група, после 18м дали ке остане во истата, зашто он и мислам уште едно дете спомнаа се таа возраст, он е најголем...
    Ке прашам баш, зашто он требаше да тргне на 16м, а сега тргна, тие дечиња од 18м па нагоре каде се, сигурно има дечиња во септ 18+ што тргнале :D мора да има и такви.. :) мала е градинкава, па ги имаат испомешано изгледа :)
     
    Последна измена: 29 октомври 2016
  12. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Не е испомешано,така се поделени групите,прашај си.
     
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.595
    Допаѓања:
    76.826
    Пол:
    Женски
    Има списоци, следна после оваа е од 2-3год :) исто така и список за под 12м нема, тие се заедно со оваа група на синко..
     
  14. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.270
    Допаѓања:
    260.749
    Пол:
    Женски
    Некоја идеа за славење роденден во градинка. Не сакам хартиена торта, сакав од сокчињата и слатките да импровизирам нешто ама не сум вешта. А не можам да најдам ништо на нет, нешто налик на тортите од пелени.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.470
    Допаѓања:
    37.705
    Пол:
    Женски
    Висината и тежината немаат ниκаκва вρсκа со гρупите. Аκо твоето дете има 2 години (на пρимеρ) ќе биде во гρупата од 2 до 3 години. Се пρави списоκ на децата на κолκава возρаст ќе бидат во Септемвρи и таκа се ставаат во одρедена гρупа. Нема пρеместување од една во дρуга гρупа во пеρиодот од Септемвρи до Август.
     
    На Tajnaotrovna, galapce и Kitten им се допаѓа ова.
  16. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.200
    Пол:
    Женски
    Групите се до 24, нели под иста општина сме, би требало да е исто. Наредната група е од 2 до 3 години. Во првава група не прават ништо освен што си играат и им пуштаат цртани. Во вторава група веќе играат игри, пеат песни, работат нешто, еве сега ни бараа да купиме материјал од книжарница. Сепак групиве ги делат според психолошкиот равој.

    Незнам дали преместувања прават и на сред година, зашто нели нови групи се формираат од септември, прашај си.

    Кај нас ново е како што веќе спомнав, побараа материјали за работа: хамер во боја, хартија А4 бела и шарена, ребраста хартија, пластелин, мрсни боички. И дури сега дознавам дека ја пресоблакале за спиење во облеката што ја праќам како резервна. Значи од утре натака секој понеделник праќаме торба со резервна облека, пижамки и резервни тренерчиња, планирам 3 пара гаќички иако веќе не праи бељи, и чашката. Торбата ни ја враќаат во петок.

    Во врска со првачињата, почнуваат со 6 години, или поточно сите деца што ќе наполнат 6 во таа календарска година. Значи до 31 декември. Можат да се запишат и исклучоци родени до 31 јануари, по барање на родител и по претходно позитивно мислење од психолог. Ова е според закон.
     
    На azelea и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.470
    Допаѓања:
    37.705
    Пол:
    Женски
    Не се прави преместување на сред година.
     
    На Tajnaotrovna и Kitten им се допаѓа ова.
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.595
    Допаѓања:
    76.826
    Пол:
    Женски
    Значи мојов на 6год и 4ипол, 5м ќе тргне во прво одд. Инаку групава е 12-18 на списоци кога гледав, дали немало поголеми дечиња од 18м незнам, а споена е со најмала јасли... не е проблем и онака годинава повеќе ќе сме дома отколку во градинка, сега дај боже да си оди и да не се разболува често.. :)
     
  19. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.200
    Пол:
    Женски
    Хахаха, ти си спремна а? :rofl: Абе дај боже да сте исклучок и да не сте толку често дома, мака е :worried:
    Еве мојава изглеа сега ќе седи дома бар два-три дена дур да помине вирусот. Али добри сме, две цели недели издржа без да се разболи :muscle: :D
     
    На mariz и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.470
    Допаѓања:
    37.705
    Пол:
    Женски
    Помалиот син почна во градинка пред две недели и брзо се навикна. Само првиот ден плачеше. Од наредниот ден седи без проблеми. Понекогаш плаче додека да влезе (кога е поспан). Ми олесна. Со оглед на тоа што е приврзан за мене, мислев дека ќе има проблеми со адаптација.
     
    На awl, azelea и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.