Децата и градинките

Discussion in 'Дете' started by coca, Dec 23, 2009.

  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Joined:
    Aug 14, 2012
    Messages:
    20,068
    Likes Received:
    328,465
    Gender:
    Female
    Не е ‘тоа е што е’ .Штом си сведок на тортура на дете истата треба да ја пријавиш.И не е таква работата во градинките туку ти си налетала на лудача која треба да биде казнета.
     
    Осе, mamaJana, Lady*Bug and 3 others like this.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    11,759
    Likes Received:
    141,742
    Апсолутно. Соученик е ако крие насилство. После децата ќе стануваат анорексични или со булимија
     
    Milkiway and joy1 like this.
  3. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Joined:
    Apr 1, 2020
    Messages:
    7,245
    Likes Received:
    19,028
    Ти мене изгледа не ме прочита. Дома ако сакаш млати го од ќотек мене не ме засега. Твое си е дома што ќе правиш во однос на воспитување.
    Да не се повторувам, како што кажав нит е таа немајка, нит лош родител, во кафана и игротека на роденден ако сака и хеви метал нека им пушта на децата. Мене не ми пречи детето што ја знае песната, право на избор. Ниту па ти што пушташ твоја работа е ако сметаш дека треба да слуша таква музика.
    Во градинка се знае што се слуша.
    Понатака институциите ќе бидат тие кои ќе утврдат дали оваа музика била несоодветна за во градинка.

    А инаку за ова со приватната така е камоли да имав можност. Ама немам и фала богу вакви испади нема да толелирам макар уште 10 градинки да сменам како што сум тргнала со менување
     
  4. mariz

    mariz Форумски идол

    Joined:
    Mar 17, 2014
    Messages:
    17,726
    Likes Received:
    77,008
    Gender:
    Female
    И јас имам видено такво нешто, не им држеа раце ама им бутаа со сила додека они плачеа.. каша насекаде имаше, мене душа ми се тресеше, срцето 150 мислам ми чукаше.
    Еден период работев јас во јасли, па ако некое не сакаше да јаде на друг начин гледав да му дадам (куп играчки ќе земев и на секое ќе им давав додека ги разгледуваат и фрлаат, песни и цртани ќе им пуштев и ги ранев, во дубак ќе ги ставев ги ранев, доле на земја со играчки и дури и во раце додека ја шетаме цела занимална и ја разгледуваме што има по полиците јас со лажицата во една рака, во другата детето).

    А ова со песнава и да било желба на дете, не би ја пуштила. Нема да се навреди детето(зошто и такви коментари читав), ќе се договориме да пуштиме детска песничка.
     
    mal.ecka, Milkiway and fana like this.
  5. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Joined:
    Mar 3, 2017
    Messages:
    4,475
    Likes Received:
    22,803
    Gender:
    Female
    Ќе ја казнат, пошо морала да пушти, во спротивно ќе и дојде мајката и ќе кука како детенцето плачело зошто учителката не му ја пуштила него песната што ја сака, а на сите друди им пуштила.
    Не е у никој случај оправдание за учителката, ама и не е баш така едноставна работава.
    Вината треба кај двете страни да се бара.
     
  6. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Joined:
    Mar 8, 2013
    Messages:
    1,758
    Likes Received:
    3,684
    Gender:
    Female
    Не ми е толку запрепастувачки настанов, со оглед на тоа какви се не случки се исподесија. Но, ги читав коментарите на фејсбук и јасно ми е зошто сме на ова ниво. Па добро бе има позатуцан народ од нас? Која ментална болест треба да ја имаш за да ти е океј ова во образовна институција? Значи зборуваме за градинка а не за кафана. Во кафана се исполнуваат музички желби. Се собрале родителите во одбрана на негователката. Точно, не е таа ич виновна кога од дома ги учите да бараат вакви музички желби. Што е виновна негователката кога ако истата им ја расипе музичката желба на вашите мали султанчиња, ќе биде распната. А и ако не им ја исполни, исто.

    И да, не е добро детето нити Заев и Ахмети да ви ги слуша по дома ама па жена од султана во градинка ич!!
     
    supergirlmb, elimkd, fana and 3 others like this.
  7. kikica14

    kikica14 Истакнат член

    Joined:
    Feb 26, 2016
    Messages:
    94
    Likes Received:
    668
    Gender:
    Female

    Јас за жал ништо повеќе не можам да сторам, не би да навлегувам во детали, сепак оваа е јавен форум, па да си направам поголем проблем.
     
  8. Beatris

    Beatris Популарен член

    Joined:
    Feb 24, 2011
    Messages:
    1,048
    Likes Received:
    2,364
    Gender:
    Female
    Отварам вчера фб, на стори кај моја познаничка снимено детето од 1 година како игра на истата или слична песна. Значи како не разбирате дека луѓето дома од мали нозе им пуштаат таква музика на децата, уствари и они слушаат таква и за децата таа е нормална и убава музика. Дете од 5 години веќе може со сигурност да каже дома, дека не ја пуштиле песната шо ја сакало оно и секако родителот да реагира на тоа, затоа што и тој самиот мисли валјда дека е нормално да ја слуша таа музика, штом веќе ја пуштаат на децата дома. Не дека бранам некого, не размислена работа е се ова, како се да е средено во државава, уште тоа да се среди со вработената што ја пуштила песнава и готово ќе процветаме. Инаку убаво се гледа на снимката едно девојче како игра и ја знае песната. Од едно слушање на песната на другите деца, што дома секако си слушаат друга соодветна музика нема ништо да и се случи.
     
    JoyJoy and Цвет88 like this.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Joined:
    Sep 26, 2011
    Messages:
    20,855
    Likes Received:
    109,957
    Gender:
    Female
    Која е бре оваа Жена од султана песна? Мене не ми е проблем искрено музика ко музика, без текст ако идела ако сакаат и турски чочек, ама само јас видов девојчиња што се кршат и тверкаат или грешка сум? Ехеее колку песни на Балашевиќ се уствари а ги пее Миле Китич и остала дружба, ама овој текст не е ни малку за деца. Син ми од едно слушање ја научи Како кучето мое, со текст со музика со се, си ја свири на синтисајзерче дете, многу знае тој што слуша, ама седнав и му објаснив дека не е за него таа песничка и дека он додека не порасне нема да разбере за што се пее па си продолжи со Фрер Жак и Кап Кап. Никој не рече дека ќе биде лесно децава да ги извадиме на прав пат, колку само сум зборела, колку устата пена ми фатила од зборување да му доловам тоа што ми треба, ехеее.... Кај нас децава слушаат радио, знам бидејќи детево секој ден ми кажува дека ја слуша мојата песна, ги рецитира рекламите на Цацко и тн, и тоа ми е дискутабилно, пошто знаеме што музика иде на Скај радио, ама бар не е Жена од Султана.Текстот човече, текстот... И ова е за казна, за дебела казна, ама социјално и дома на таа мајка да и отиде да види како расте тоа дете, ко у кафана. Стварно не ми е јасно и нема да ми се разјасни, исто како што не ми е јасно и како им се дозволува на децата седење на телефони и неконтрола над тоа што гледаат и пуштаат.
     
    Осе, Mikha4 and *Лорена* like this.
  10. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Joined:
    Aug 1, 2017
    Messages:
    635
    Likes Received:
    4,505
    Gender:
    Female
    НЕ ни едно слушање, ни пола, ни осминка. Такво нешто НЕ СМЕЕ да се пушти во градинка и крај. Тоа не треба да биде ни предмет на дискусија, а не да разглабаме овде кој што слуша по дома.
    Нема да процветаме ни сега, ни за 100 години ама се додека сите си молчат и ништо не се превзема ќе си тонеме во калта. Оди тоа девојче на пракса во јасли и таму им држат раце и им бутаат да јадат. Не една, туку сите воспитувачки. Дали девојчето сфаќа и знае дека тоа не е нормално ќе зависи од самата нејзе, ама утре кога ќе се вработи таму (а нели за да се вработи не смее да се буни и да се замерува со тетките) ќе го прифати тоа како "нешто нормално" зошто така правеле сите. Ете го "пет века турско"- така прават сите, па и јас.
    Исто како што докториве си купија дипломи и менаџери и се останато е со врски, патрија, мама и тато така и воспитно образовниов кадар е дааалеку под нивото што треба да биде. Се прашувам некаква обука има ли тој кадар пред да почне да работи со деца, мислам освен ова задолжителново присуство на измачување деца при ранење? Им прави ли некој психолошка процена, се случило ли на некој да не му дозволат да работи во градинка? Зошто реално ни пола од персоналот по градинкиве и школиве не е за таму.
     
    Осе, Mikha4 and Cosmic Girl like this.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    11,759
    Likes Received:
    141,742
    Ти глеј си за тебе, ќути си, децата секако ќе се уништат.
     
    fana, tambelina and *Лорена* like this.
  12. Beatris

    Beatris Популарен член

    Joined:
    Feb 24, 2011
    Messages:
    1,048
    Likes Received:
    2,364
    Gender:
    Female
    Јас сум од доста помал град и тука само да знаете какви се вработени најново во градинкиве и школите, жално е. Мене поентата ми е дека треба да се прифати дека со вашите деца во градинка, па и во школо ќе одат секакви деца, различно воспитани. Секој родител според мене треба лично да си го гледа своето дете и неговиот развој, а не да се палите на тоа дека се пуштало еден пат турбо фолк песна во некоја градинка. Јас деца немам, но имам внука од 5 години, која добро е насочена што да слуша од музика, каква храна да јаде, но сепак кога ќе биде доволно возрасна сама ќе си одлучи кој пат ќе го оди. Друго тие родители што имаат деца во таа група каде што е снимано видеото, треба да ја земат целокупната работа на воспитувачката и негователката во предвид, па после тоа да трубат и обајавуваат и да стане тоа главна тема во цела држава, зошто сепак и таа жена е жив човек кој има фамилија и деца најверојатно. Но како да го размислат тоа луѓе кои се експерти во секоја област, си имаат средено се во животот, па ајде сега и малку проблемите во државава да ги решат.
     
    Осе likes this.
  13. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Joined:
    Aug 1, 2017
    Messages:
    635
    Likes Received:
    4,505
    Gender:
    Female
    Дали се пуштила песната еднаш или пет пати или секој ден за добро утро ние тоа не можеме да го знаеме, ама знаеме колку пати требало- НИЕДНАШ. И зошто сме го виделе тоа еднаш ќе се ''палиме' на вакви испади во образовни институции...
    Тотално ја промашуваш поентата. Јасно ни е на сите дека децата ни се различни и имаат различен вкус за музика, храна. игри... не треба да си "експерт во секоја област" за да го знаеш тоа. Ама МИНИМУМ што треба да знаеш ако си ВОСПИТУВАЧ е што смее и што не смее на работно место. Дали имала фамилија или немала и дали дома и ечи Цеца од утро до вечер мене не ме занима ,се додека си ја врши работата професионално.
    Ова е врв од сантата мраз, труло ни е образованието многу. А се почнува од тука, од градинките- каде што учителките ги поттикнуваат децата да тверкаат на турбофолк.
     
  14. Beatris

    Beatris Популарен член

    Joined:
    Feb 24, 2011
    Messages:
    1,048
    Likes Received:
    2,364
    Gender:
    Female
    Не дека не се согласувам со тоа дека не треба да и се пушта таква музика на децата, но еве пишав и погоре, таква слична песна на дете од една година пуштена и снимано како игра. За неколку години сигурно нема да му пуштат различна музика. Ми се има косата кревано од мајки што ги терат децата да испее некоја српска песна, и цели радосни и среќни ја знаело целата. Така да не верувам дека учителката ги поттикнува само, се гледа дека имаше деца на видеото што поима немаа како да се однесуваат на таква музика, зошто очигледно прв пат слушаат такво нешто. Ме радува што поголемиот дел од групата изгледаа така. Имав чест да работам на проекти поврзани со градинките во мојата општина и можам да кажам овој проблем е толку мал во однос на се она што за жал се случува во градинките, посебно кога се вработуваат негователки, за кои услов е да има средно образование и членска книшка од владејачката партија.
     
  15. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2020
    Messages:
    2,374
    Likes Received:
    9,353
    Gender:
    Female
    Барем воспитувачките треба да се со соодветно образование, со педагогија, така да од таму појди дека треба да знае што не е во ред и како треба. Значи првиот граничник треба да е тука-дали некој има потребно знаење и стручност или нема зошто завршил факултет без учење. Втор граничник треба да е педгошката служба во градинката. И таа истотака има одговорност во однос на програмата за работа и придржувањето до неа од страна на воспитувачките. Тие треба да контролираат дали се работи како што треба или не. Знам дека во некои градинки им прават обуки за различни теми и дека им се од помош. Воспитувачките кои си ја сакаат работата немаат проблем да го применат она што го учат. Значи оние кои им фали практично искуство, дообука и сл. може да добијат поддршка. Психолошки профил или тестирање сега не се прави при ниедно вработување кај нас (во јавниот сектор), ни за воспитачки ни за многу други уште поодговорни работни места. Прво затоа што не постојат во земјава стандардизирани тестови со кои треба да се направи таа проверка, второ зошто законите сегашни тоа не го дозволуваат (заради првата причина).
    Така да, вакви случки имаме континуирано (само сега еве дури испливуваат во пошироката јавност), затоа што такви ни се образовните кадри какви што се. И такви се заради цел еден систем кој има цела низа, серија фалинки. Не знам дали и кога тоа ќе се среди, зошто тоа бара многу работа и време. А пред се препознавање на тие пропусти.
     
  16. Beatris

    Beatris Популарен член

    Joined:
    Feb 24, 2011
    Messages:
    1,048
    Likes Received:
    2,364
    Gender:
    Female
    Најголемата грешка што се прави е токму оваа, посебно кога станува збор за градинкиве, зошто сепак работат со деца од најмала возраст, кои не знаат да кажат што и како се случува секој ден. Затоа многу деца имаат трауми од одење во градинка, им даваат храна на сила и ред слични работи. Страшно е во каква држава живееме.
     
    Осе likes this.
  17. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Joined:
    Mar 30, 2017
    Messages:
    5,284
    Likes Received:
    35,395
    Gender:
    Female
    Еве родители што си ја бранат воспитувачката: https://www.slobodenpecat.mk/reagir...a-zhelboteka-decata-igrale-i-na-druga-muzika/. Значи некому одговара ова. И сега што правиме. Едните викаат моето дете има право да слуша. Сакам да им покаже на другарчињата што слуша. Не е песната за во градинка, не е со детска тематика, ама од кај знаете кој ја побарал? Од кај знаете дека воспитувачката или негователката и вака и така нема да заврши со проблеми?

    Знаете какви родители со какви глупи барања има по градинки и школи. И какви се не каприци се лечат преку деца. И како се поставуваат барања кои се неразумни и вработените мора да ги исполнуваат зашто им е страв од родителите?

    Најлесно е да нападнете некого, пошто нели сите светици само дел не чини. А реалноста да беше таква каква што е на форумов за ова немаше ни да се дискутира. Ама за лов на вештерки сме први. Таму каде што лично треба нешто да покажеме е тогаш сме сите во глувчешка дупка.
     
  18. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Joined:
    Oct 25, 2012
    Messages:
    8,031
    Likes Received:
    48,361
    Gender:
    Female
    децата треба да се прилагодат на градинките, родителите се тие што ги праќаат ради икс причини (нема кој да го чува дома, социјализација, едукација), а градинките се тие што ги поставуваат темелите и условите, се знае што е градинка и кои активности ќе се прават, па и која музика ќе се слуша соодветна за нивната возраст, а ако на некој родител не му чини нека си го отпише и дома нека мешаат на ваква трула музика која убива мозочни клетки.

    Кај нас веќе не постои никаков авторитет, од најмала возраст детето сакало и мора да се исполни оти родителите ќе реагираат па покасно не смеат професорите тон да повишат на лордовите со сина крв …
     
    Last edited: Nov 30, 2021
  19. kikin

    kikin Популарен член

    Joined:
    Jun 4, 2010
    Messages:
    4,254
    Likes Received:
    13,903
    Gender:
    Female
    До олку фама да се кренеше што градинките немаат место да згрижат доволно деца...што наместо по протокол 25 деца во група, тие се по 35...итн, итн, итн...Е тогаш ќе беше се во ред, а вака за песнава....само ќе кажам дека секоја приказна има две страни.
     
    BlackNight, Осе, kalinaka and 4 others like this.
  20. kikica14

    kikica14 Истакнат член

    Joined:
    Feb 26, 2016
    Messages:
    94
    Likes Received:
    668
    Gender:
    Female
    @JoyJoy баш така, да знаете сами со какви барања доаѓаат родителите, да не знаеш дали да плачеш или смееш. Имавме случај каде детето не пиело млеко без мед, па градинката требало да обезбеди мед за оно млеко да пие. Оваа е само еден пример од 101 од градинката каде што сум јас еден месец.
    За тие што ме нападнаа за пријавување, јас дали ќе пријавам или не, дали сум пријавила или не, Вас не треба да Ве интересира. Секој да си го гледа своето тоа е најдобро. Јас само прокоментирав на членката дека не е само она соочена со тој проблем, туку има и други што прават така. И уште колку работи се случуваат во градинката немате појма. Друго е внатре, а друго е од надвор. Јас тоа што го видов реков на сите, 3 деца имам, едното одеше на градинка, другите 2 нема шанси. Среќа што мене има кој да ми ги чува. Од мене толку, јас дискусијата со градинката ја завршувам тука, кажав дека оваа е јавен форум и најмалку што ми треба се пак проблеми.