Форумџика на годината

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.502
    Пол:
    Женски
    Гледам погоре дека дискутирате на друга тема, но јас имам друг проблем па се надевам нема да Ви пречи тоа што ќе се вклучам на друга тема.
    Имено, детево мое , кое инаку има 2 години и 4 месеци , во последниов период (посебно последните 2 недели) не сака воопшто да оди во градинка. Значи да спомне некој градинка он почнува да вришти со солзи и вика дека не сака градинка.
    Денеска и негователката ми рече, не сакал да игра со децата,се повлекувал сам седел или со учителките. Многу бил растревожен и тажен.
    Не можам да разберам која е причината, ми вика дека не е убаво во градинка,го прашувам зошто ,не ми кажува.
    Он тргна во градинка во септември и на почетокот беше добар, но правевме неколку паузи по една недела или по неколку дена кога се разболуваше, и сега не знам дали тоа е причината што една недела е во градинка другата дома или нешто друго е во прашање...
    Како сте постапиле во вакви ситуации кога децата едноставно одбиваат да одат во градинка?
    Значи како друго дете е буквално, претходно одеше кај секого,играше со деца,а сеа не сака со никој,со сите плаче, па дури и некогаш не сака на пр јас да го пресоблечам туку татко му и тоа со вриштење ...
     
  2. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.722
    Допаѓања:
    17.938
    Пол:
    Женски
    Па ти си соучесник во се тоа што го правите внатре.За мочани 18 000 ден ќе ќутиш и гледаш што се случува внатре,а нема да пријавиш или обратиш негде.Во најмала рака да пробаш да смениш нешто,присутна си на се тоа што се случува внатре.За деца мали се работи,за деца што незнаат да зборуваат и кажат.За деца што утре ден ќе им биде сосема нормално некој да ги мава или бута храна со сила,зошто мама и тато ги сакаат највеќе а ги оставиле на тоа место.
    Ти знаеш како влијаеш во моментов на мајките што ги имаат децата оставено во градинка? И кога го почнуваш муабетот веќе истерај си го до крај барем кажи што им се прави таму на децата.
    Еве ќе кажам за воспитувачките на големиот,немам зборови,таков добар педагог,толку се вложува во се тоа таму.Секој ден нова ааактивност,ама секој ден.И они си имаат одредени грешки ама ги решаваме,разговараме.
    За кај помалиот не сум баш во целост убедена како е и што се случува таму,ама ќе си дадеме време,само два месеци е таму.Знам дека од дете што не сака да научи пет основни бои,се врати дете од градинка што рецитира песничка.
    А ти засрами се за се што напиша овде.Подобри ич да не напишеше да не не просветлуваш со вашата способност.Уште сопствените деца не би ги пуштила во градинка.Срамота
     
    На IRBBB, crazylady, Jana06 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.685
    Пол:
    Женски
    Жалам што многу родители не ја сфаќаат сериозно институцијата наречена градинка. Тоа не е место каде што едноставно престојува детето зошто нема кој да ти го чува дома. Се нарекува образовна институција, значи се очекува да се социјализира детето, да научи нешто корисно, да се подготви за училиште и едноставно да почне да го користи мозокот. Песничките кои ги учат таму не ги учат од ќеф, туку со секоја песничка детето учи нешто низ песна (семејство, хигиена, годишни времиња, бројки..). Запрепастена сум од коментарите, кажав и погоре.
    Повеќе од поразително е тоа што ова не е осудувано од родителите ами поддржувано. Не секој може да ја работи оваа работа а се примаат секакви негователки кој го поминале филтерот наречен партија а не образование и педагогија.
    Секоја пора во општеството ни е отруена, зошто не и оваа? Жално.
     
    На crazylady, Осе, Chuchanov и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.269
    Допаѓања:
    205.707
    Пол:
    Женски
    Обиди се да дознаеш дали нешто се случило или се случува во градинката, ама преку игра, без форсирање. Да си играте градинка, ти да бидеш воспитувачка, да имитирате се што се прави таму и следи го детето што прави. Причина има, ама не знае да каже точно, оти е мало.
     
    На hristinan12 и tambelina им се допаѓа ова.
  5. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.130
    Допаѓања:
    40.346
    Ако можеш остави го неколку дена дома, кажи му не работи градинката.Нека му се средат емоциите и да одмори а у меѓувреме пробај да дознаеш дали има проблем како што ти кажа Анат
     
    На Jana06 и hristinan12 им се допаѓа ова.
  6. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Можеби коментаров не ми е за на темава , ама читајќи коментари особено по социјални мрежи,ме натера да се запрашам што се случува со родителите. Плус и некои случувања во мојата околина. Јас не можам да се помирам со оваа песна да се пушта во градинка ама ете сме глумеле загрижени. Сепак, кога размислував убаво, сфатив дека навистина има родители кои им пуштаат на децата ваква музика, кои ги учат да пцујат оти нели тоа е интересно и смешно , кои ги возат на предно седиште неврзани и разно разни глупости кои се прават со сопствените деца. Поголемите деца се распраќаат на триста активности спорт јазици плус на школо имаат седум часа. Дали тоа може да го издржи дете од 10гидини? Фактот што секое второ дете има проблем со говорот многу зборува за нас како родители. Дали сосема ги пуштивме нашите деца од раце? Затоа што во педагогијата образованието започнува од дома,се вика семејно воспитување....Не сакам даа ги ставам сите родители во ист кош но навистина ме загрижуваат ситуации на кои лично сум сведок...
     
    На Осе, Oneo, Nikolina35 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Не коментирав во врска со султанката зашто не сакав да се повторувам, гледам повеќето го делиме истото мислење. Кога се пуштив на фб се разочарав колку родители уствари си ги трујат децата со таква одвратна музика. Најголемиот шок ми дојде од особа вработена во македонска опера и балет.
    Ми текна на една случка со познаничка, не сакала на детето да му пушта цртани и музика на англиски јазик зашто сакала да научи прво македонски убаво да зборува (си помислив баш фино, една од ретките) и за 5 мин вика 'Ние си слушаме само наше, ајде душо покажи и на тетката како играш ти на нашата песна' и пушта некое српско земјоделие (значи баш аграр од типот Стоја, не ми текнува која песна беше). Така да, за случајов не знам од каде треба да се почне, дали од градинката или родителите.

    За членката погоре на пракса во градинка имам да кажам само алал да ти е како успеваш да преќутиш на тоа што го гледаш. Мада јас стварно не знам што е тоа толку лошо што им го правите на децата, да не сакаш повеќе твое дете да стапне во градинка. Ако е така, голем срам за вас и да се молите мое дете да не стапне во ваша занимална. Читам и ми се спојуваат жичките, на деца сила покажувате?
     
    На Осе, CareTee, kikin и 7 други им се допаѓа ова.
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.294
    Допаѓања:
    125.608
    Сакам да прашам, како е ситуацијата со дечињата со посебни потреби од типот на даун и аутизам? Дали мора да имаат асистенти? Кај синко има две и со едното имаме проблем од почеток кој ескалираше неделава.
    Мене ми е многу жал, но нели штом се во група со другите дечиња треба да има некој со нив цело време?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.628
    Допаѓања:
    38.106
    Пол:
    Женски
    Во градинка не мора. Нема ни во закон дека им следува. Во школо добиваат образовни асистенти. Дури ни во школо не е по автоматизам доделувањето на асистент. Се зависи од проценката за тоа како детето се снаоѓа во средината. Ама постапката треба да ја покренат родителите или институцијата. Јас дури и во Велика Британија сум гледала деца без асистенти зашто родителите одбиваат (ова за школо зборам).
     
    На crazylady, eli25 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  10. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.722
    Допаѓања:
    17.938
    Пол:
    Женски
    И кај син ми има дете со аутизам без придружба е.Ама тешко им оди на воспитувачките а даваат се од себе.
     
    На mal.ecka и eli25 им се допаѓа ова.
  11. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    која градинкна, ако не е тајна?
     
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.294
    Допаѓања:
    125.608
    Па тоа викам.Една е сама до 10, нив не смее да ги испушти од вид.А другите? Башка секунда е доволна да се деси нешто :(
     
    На mal.ecka, simona_baby и tambelina им се допаѓа ова.
  13. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.991
    Допаѓања:
    59.669
    Пол:
    Женски
    Агресивни ли се?
     
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.294
    Допаѓања:
    125.608
    Едното
     
  15. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.722
    Допаѓања:
    17.938
    Пол:
    Женски
    Извини стварно не би можела да споделам колку што знам друго детенце со аутизам таму нема.Баш пред некое време детенцето скокајќи се повреди.Инаку си е супер прифатен го сакаат многу си се дружат,пробуваат да учествува во сите активности,ама стварно им е тешко на воспитувачките.
     
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.294
    Допаѓања:
    125.608
    Такви се ,ептен се мили. Гушкалчиња невидени:inlove:. Затоа ми е ептен криво и го исплакав едното , ама сепак морам да го гледам и моето. Мајката мисли дека сме здружени за да го избркаат :( И на нејзино место се ставам.
    Дружељубиви се и синко ептен го засака ,прво детенце кое го збореше беше тоа.
    И синко беше цел натажен , викаше дека не сакал.
     
    На crazylady и mal.ecka им се допаѓа ова.
  17. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.130
    Допаѓања:
    40.346
    Што се случи Ели?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.922
    Градинката или воспитувачките треба да разговараат со родителите и да најдат асистент. Некои градинки имаат и дефектолог, а други зимаат човек плус за да биде со тоа дете. Тоа не е задолжително али за доброто на детето и групата ако е неопходно, треба да се превземе нешто.Како и да е прежално и тешко за родителите и детето :/
     
    На supergirlmb, tambelina и eli25 им се допаѓа ова.
  19. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Извинете ќе упаднам малку, ама навистина е жално за дечињата. Малку надвор од темава оти за училиште е примеров. Кај син ми во класот имаат две деца така со атипичен развој ( не се баш со посебни потреби) . Децата се тотално игнорирани од наставниците и децата,седат сами во клупа. Едното знае и да плаче на часовите. Е сега после три месеци , почнала една наставничка оваа недела да работи со едното даа го прашува прости задачи по математика и детево си одговарало и почнало да соработува да крева рака (тоа оваа недела кога баш е посветена на нив ). Значи навистина треба работа со нив а наставниците не можат да постигнат и да предадат материјал и на нив да се посветат.Мене искрено ми е многу жал за нив и мислам секое дете кое има потреба треба да има асистент ( иако и тие вработувања ги злоупотребија). Плус мора прво родителот да дозволи а после мислам училиштето. И пак ќе речам наместо кога веќе се залагаат за инклузивно образование нека вложуваат во тоа а не само во фиктивни вработувања по канцеларии. Таму каде што баш треба да се вложува се игнорира....
     
    На crazylady, tambelina, Kolache na mama и 4 други им се допаѓа ова.
  20. pianogirl

    pianogirl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Доколку детето нема добиено мислење од МКФ дека има потреба од асистент не може да добие.