Кај синко во клонот кај сите групи имало сипаници . Кај синко во група не, но што мислите дали е паметно да го чувам дома една недела барем?
Јас не би го чувала дома. Со една недела ништо не правиш, сезоната на сипаници подолго трае. Дете ќе си изгуби ред, рутина, а ако треба да фати ќе фати од комшиче, другарче, братучед...
Мојата беше прва во група, фати од некаде, за месец два сите се испоредија, со една-две недели ништо не правиш. Кај нас од Септември до крај на Ноември искачаа нови случаи едни од други.
Кај него нема во група но во сите други имало, така да…. јас имам прележано малку ми е фуфка за мене (ваљда е сигурна мајка ми )
Јас бев 7ма недела кога фати малава. Ако имаш прележано немаш гајле, 20 доктори прашав. Инаку и кај мојава немаше у група, а имаше у другите групи. Само беше прва во групата нејзина, во рок од два месеца имаше нови, не фатија сите одеднаш. Затоа ти викам со една или 2 недели џабе ти е.
И сипаници ли има... мене ми е страв веќе да оди значи максимумот што одел е 5 ДЕНА. 5. веќе немам живци 2 пат антибиотик во 3 месеци пие. Ај вирусиве ќе ги помине,ама веќе не можам со седењево дома никако да работам како што треба нервоза ме фаќа. Има надеж дека од март/април ќе се среди со вирусиве или и пролет/лето вака ќе тераме? Си се пожалив
Tobleks kapki 3 pati na den i tobravis combo mast navecer da stavam mi dade ama sega i na drugoto oko i se prefrli
Не, џабе ќе го чуваш дома. Период на инкубација е до 21 ден, а најрано после 2 недели ќе се осипе ако има воопшто префатено. Моите и двете прележаа сега, една по друга. Малата фати точно после 14 дена од големата.
Не мора да има температура. Моите ги поминаа сипаниците многу лесно, без тт, со десетина брумчиња. И од сите десет, од едното му остана дупче на челото замисли
Немаш гајле ако си прележала, јас исто се плашев да не ми донесе синко и на крај јас прва фатив трудна 28нед и на него му однесов (знаеш за тоа мислам). И комшикава баш трудна кога беше и фати девојчето, она прележана, не фати..
Не не, не бев и јас и сестра ми, па дури и неа и пренесовме и она прележа на 23год.. На одмор 3ти ден ми избија, а сум закачила од маркет најверојатно зошто немаше никој сипаници околу нас... Плус сред лето на 40 степени Сеуште не знаеме дали има прележано во меше и дали има антитела.. Ќе видиме дали ќе закачи некогаш.
Исто , потенко. Внатре им е многу топло, обавезно имаат и маички на кратки, стално се соблечени. До таму во кола, носи капа и дебела јакна, е сеа за назад мајка ми го зима ми мрчи пижами да носел одздола, ладно било за назад, а 5 мин и е градинката, така да -нема шанса тоа. Може да ги прашаш воспитувачките, нас самите ни пишаа во група да бидат полесно облечени и обавезно во ранец маички на кратки. Или дуксер некој, под него блузиче, ако имате движење до градинката, па таму да му го соблечат .
Полесна облека, во градинките е прилично топло, барем во оваа кај што оди моето. Тенки тренерки и маичка на долги ракави.
Тренерки комплет со маичка одоздола. Ако е свежо ќе ви кажат они. Лани мене ми пиша негувателката облакај му боди на долги.