Јас откако пријавив електронски ми се јавија по еден месец од прилика да земат општо податоци и ми кажаа дека најпрво треба да однесам потврди од работа за мене и мм, па ако го примат тогаш ќе ми кажат кои документи да ги однесам. Не знам за која општина прашуваш ама оди однеси потврди немој да чекаш ако ти се брза зашто во повеќето градинки врските играат најголема улога. Биди досадна.
Може за почеток ќе се организирам со баби. Затоа не брзам па ме интересира после електронската пријава што да очекувам. А вакцини што треба да има примено?
Јас на 16 месеци го запишав во државна и ми дадоа рок 2 недели да ја прими мрп, ако не ќе го отпишеа. За други вакцини не ме прашаа само за мрп. Секако на упис носиш копија од вакциналниот картон.
Од понеделник до среда иде у градинка, ноќта среда кон четврток е разболен. Секогаш исто како по книга. За имунитет се е испробано. Мука ми е, под стрес сум цело време што ќе не снајде следно...
Ако ти е за утеха исто и кај нас е. И јас се прашувам до кога ќе е вака, се надевам дека ќе истуркаме до наптолет некако
isto i kaj nas od septemvri navaka bel den ne vidovme.Eve denes po 6 dena vo gradinka se slusa kako zatnato da e noseto.Ne da sum.pod stres ke skrenam veke...
И мене машкото така ми беше, 1,2,3 болен. Кога имаше некој близок роденден, не го носев во градинка за да биде здрав и да може да одиме.. Е до толку темпиран беше. На 4г некаде пресече и престана скроз да ми се разболува (ама имаше и пауза скоро 1г од градинка). Што не дадовме тогаш џабе, после па ништо не пиеше и не се разболуваше. А женското па гајле ми нема од старт, ама она на 4м па прв пат си закачи вирус, додека машкото прво разболување му беше на 1ипол некаде.. Зависи од дете до дете, ама да знаеш нормално си е. Нешто за имунитет даваш?
Најмногу се нервирам кога ќе ме нападнат посебно домашните, Еееее па давај му нешто, барем на природна база. Значи сто плати на препарати имам дадено и не бива. Големата од октомври натаму не е оздравена. Исто и јас темпирам кои денови да прескокнат кога имам важна работа. Буквално нема, ама нема викенд да сум рает, обавезно еден е болен или се опоравува. Прошетка заборавиме што е Еве малиот два месеци се боревме со мрсули и бактерии во нос, добар беше на нога, ама 4ти ден е со висока тт до 40 и од вечерва е на трицеф. Градинка и болест како синоними станаа, дали е лош период или секогаш било вака не знам
Период е сигурно... Нема да е така секогаш. Има надеж, моиве без прекин одеа овие години во коронава и никогаш повеќе така не се разболеа, да настинка може чат пат ама тоа кивање 1,2 дена. А пред тоа баш, баш пред да избие коронава тие месеци беа леле мајко, со малата и Козле лежев 1м пред короната. Моиве корона прележаа скоро и почнати се веќе 2 недели градинка и школо и пу пу арни се. Виранто си пробала ли? Ми го препорачаа тој за со короната, ама и за други вируси е...
Јас и кога се добри сум на штрек. Само ја препрашувам ќерка ми дали ја боли нешто. Неколку недели е здрава, се си мислам дека кај и да е пак ќе донесе нешто. И мене многу на психа ме мава
Исто, само прашувам арен си, да не те боли нешто, абе катастрофа, дали вака се ужива во мајчинството. Не да ме мава на психа тотално сум веќе пореметена и само под стрес. Го немам в градинка пуштено месец и пол едвај малку е подобар со носето, сега коски ми се тресат како ќе го пуштам пак во тоа лудило.
Не прашувајте многу многу Опасни се , одма сконтуваат. Сега знае да рече , не сум добар нешто , за да не иде у градинка и нема да знаеш те лаже или не Јас така мама те боли ли нешто? Грло,увце,меше….. и сега знае да ми рече да а да нема врска . Или ќе рече мешето нешто ме боли …
Да во право си, еден ден и тоа ќе ме снајде. Јас да го видам нешто да ми дреми да е помирен од вообичаено, или еве како сега со апетитот многу ми менва, до пред една недела не можеше да се донајади, последните дена уста не му се отвора. И одма алармот се вклучва го прашвам. Па засега е искрен хаха. Некогаш знај да ме зафркава ќе дреми не одговара и после ќе ми се насмее дека ме измамил хаха
Што не... дефендил, бимунал имуно, виранто, молерс, сите можни витамини... се пробавме... 24/7 сум под стрес. Ноќе станувам и кога е здрав само проверувам темп да не качил. Носот више од толку чистење со носко и спреј мислам ќе му оштетам нешто. Пневмонија еден месец лечев крв немав у мене,сега ми се тресат коски кога ќе кивне. Буквално го оставам у градинка у пон и чекам што ќе биде у среда... Утеши ме дека има крај. Секој понеделник имам некоја мала надеж дека ете овој пат ќе не одмине...
Секако дека има крај, ке го надмине овој период. Исти беше баткото мој во првите 4-6 месеци од кога почна во градинка. После почна се поретко да се разболува. Исто ке биде и со твојот дечко