Нема ефект, моите паузираа цел месец и на третиот ден големата ми се јавија да ја земам со тт 39. Паузата имаше ефект само на моето психичко здравје што навечер легнував спокојно.
Моево паузираше 2 месеци и имаше големо подобрување. Пак се разболува ама на нога поминува, без висока температура. Пу, пу Секогаш ми е страв да се пофалам, еве сега слушам сипаници, мононуклеоза... Обавезно го 'прегледувам' после градинка.
Време треба... Некои деца им е таков организмот и секое вирусче ќе го прележат така, а некои па може да го поминат и асимтоматски (исто како со коронава сега). Зависи од генетика, организам, имунитет. Кај мене машкото секогаш поболежливо е, а малата не како него. Иако сега долго време не бил болен и поголем е (6ипол год), короната сега скоро потешко ја помина, додека малата 2 дена температура и малку подкашла. Грижа кога се болни, живци и време... За паузите од градинка што знам дали би имале ефект, зошто знам дечиња кои не одеа во градинка и во училиште се живо прележуваат што не прележале..
Разболувањата се составен дел од одењето во колектив, дали градинка или школо, мора да се пројде. Многу напорно и тешко, ама мое мислење од лично искуство е дека нијанса подобро поминуваат деца после 3та година пуштени во градинка.
Кај нас во градинка општина Кисела Вода се наоѓа, рекле децата до 12 да ги земаат демек така од труд и социјала им наредиле. Кај вас како е?
Moето откако прележа Варичела ко преку ноќ да се опорави. Се поклопи и периодот кога откривме алергија на млеко и тоа тргнавме и од оваа гледна точка не знам што беше пресврт ама од нешто се опорави.
Тоа од денес? Никој ништо не спомнал кај нас - Аеродром. Ама ако е од Министерство тоа за сите треба да важи. А како до 12? Кој ќе не пушта нас од работа...Бог да чува