Има, исти е мојот. Качува на некои 5-6 саати до 38.6, а вака весел е. Носето малку тече, се накашлува веројатно од секретот. Што нема по градинките моментално...
Буквално...и вошки ке имаше ама мислам на нив им е ладно. Децава зборувам генерално се без имунитет. Незнам дали во 2019 година кога живеевме во понормално време и тие дечиња што оделе во градинка буквално оделе 4 дена а 14 биле болни.? Или навистина им е заспан имунитетот. Башка навистина многу ги луфтирале просториите и немаат теписи во занималните.
На многу видеа што ни ги праќаат гледам вратата од тераса отворена ама стварно многу им е топло. Мојов како што не застанува, секој ден во ранче има мокро боди што го пресоблекле. Стално ни викаат да бидат полесно облечени ама па на кратки не можам да го пуштам, зима е. Ни ваму немаат теписи ама имаат подно греење плус парно. Претопло е. Инаку, прееска заборавив да прашам. Имаат вашите деца болки во стомак и страшни гасови? Еве и свеки ми се жали неколку дена на болки во стомак, плус и еден дечко нејзе и се пожалил бил малаксан, со температура и гасови. Си викам таков ли е вирусот или така се погоди. Се слуша како пролив да има, а уствари чиста пелената, само си прди
Има гасови и мојот големиот. Баш што викаш се слуша како пролив,на нокширче е мојот и очекував кога ке стане да де онесвестам бидејќи уште тоа ми недостасува. Можеби дека давам секојдневно пробиотик па спречува да пројави некој симптом што знам... А за провевот баш толку треба испотени... Во нашата градинка нема подно,претопло е навистина но ептен е безвезе на паркетот се тркалаат. Стар ладно држи се познава
Јас не давам пробиотик ама пак има нормална столица. Колку дена е болен големиот? Ми треба утеха дека брзо ќе заврши затоа прашувам.
Таман го пуштив, 2 дена таму, после омалаксан, кенкав, тт 38.5..па сеа и нос тече, кашла по малку, а и одбива да јаде.
Аман бе сестро само што почнавте пак. Ние после бронхитот две недели во градинка. Пак наод на плуќа и бактерија во нос. Бебето температура 3 дена и осип уште два дена. Сега се супер фала му на бога ама не го пуштам сега. Како што сум баксус баш за празниците ќе ги фати нешто кај ќе ги носам. И така си има два пати час неделно ете му едукација. Ќе го пуштам само дента за пакетчето да се порадува малце со децата. За прозорите ширум се ама и мајки си пуштаат болни деца.
Има ли крај??? Значи ни се измачија децата а и ние со нив. Немам сила ни идеа што да правам. Глава немам дигнато . Три дена само беше само три и толку. Малиот не го ни пуштам тој со потврда си заработи хроничен бронхит и детска асма и е со пумпа флехотиде. Бебе од една година. А од 4 месеци е нон стоп со бронхити и пневмонии и антибиотици . Мора да закрепне,мора. И да,многу си во право навистина има несовесни родители,знам како им е дека немаат никој да го чува,но греота е и тоа дете да дреми таму а кашлање кашлање што слушав кога го земав големиот....сташно,уште се правда пред воспитувачката добар е сега само инхалации правиме... Побогу што го носиш? За мрсули да не пишуваме...сите се мрсулави. Јас ни со кашлица ни со мрсул сум пратила дете,прво за моето дете да биде дома да одмори и да го следи некој од нас. Змаеме колку брзо тие мрсули се спуштаат. Но мене не ми е за периодов зимски,се плашам дека и кога ке затопли ништо нема да е на подобро. А немам ни јас избор што би правела . Жена за две деца да барам треба,не е ни малце лесно да се најде.... Мозоков ми е сарма ...
Малото каде го носиш на лекар за бронхитот? И јас сум каша попара нема кој да го чува бебето кога ќе тргнам на работа ќе треба во градинка. Да се влечам со боледување уште 3 месеци со негова дијагноза мие страв да неме избркаат. Јас слушнав родител, ќе го инхалирам мастче во носе свинска маст на цело тело и кукурек е.
Искрено ја препорачувам Обочки за бронхит кај дечиња. Инаку има три деца во групата на син ми, буквално ден немаат пропуштено. На сите слики и видеа се што ги праќа учителката. Колку и да имаат имунитет, невзможно е никогаш да не се разболат, кашлаат, растураат ама одат во градинка.
Пак ќе ви повторам. Дете во градинка не се носи ако има температура, повраќање, пролив и бактерија (нос, грло, око). Еве и опструкција нека спаѓа тука. Во секоја друга ситуација може да оди и нема потреба да седи дома. Кој има можност да оди една недела на работа, а две да седи дома и да чува дете, слободно. Најголем дел од родителите немаме таква среќа.
Немате опција некако да ги почувате дома? Нема ни да може да се оправат вака, а некој секако ќе мора да биде со нив кога нема да може да одат во градинка.
Ама градинката не вика дека се вакви правилата.Кај нас стои дека дете со секрет и кашлица неможе да оди.Е сега колку се почитува тоа и колку е возможно дете што оди во градинка да нема мрсули ич не коментираме.