Ја незнам шо им е на родителиве што пуштаат болни деца во градинка. Значи 3 недели седевме дома, крајници, температура цела недела, инфекција во око фати од настинката, што не препомина дур оздраве, и таман го оздравив и го пуштив, најдобра другарка на снаа ми ми кажува детето дека и е болно и дека пие антибиотик, ама морала да го носи во градинка немала кој да и го чува, а детето и е со моето во група. Се напнав ептен, еве го пак нос му се растече, ми кашла навечер пак. Да ти иде од ѕид да ги акнеш, не е дека нема кој да го чува, фирма си имаат своја, значи не дека ќе ги избрка некој од работа ако едниот земе 5 дена слободни. Се напнав ептен. И ја утреден болен треба да го пуштам ваљда. Осет да се немало
Да се надоврзам,минатата недела имаа сликање со дедо мраз,и ја однесов малата,но заборавив да ја оставам уплатницата и се вратив по 1 час,и надвор стои една баба чека,викам ааа чекате на адаптација сте или,не не вели го чекам внучето има температура ама го донесовме само да се слика не да се напнав ...само ја погледнав,што да кажам ај..понесовесен народ мислам нема од државава ете имало кој да го чува бабата а го донела со тт да не пропушти сликање..што да и делам памет,којзнае и дали пријавила на учителката
Незнам, луѓево се чудо, ама ако донастине викендов, понеделник одам кај директорката. И матичниве ради реда даваат потврда дека детето е здраво, а го немаат ни видено.
Мојата не оди во градинка ама ке се надоврзам на муабетот со матичните што даваат потврда за здраво дете. Внуката е болна,две години е . И упорно ја носат во градинка. Од тамо им побараа изгледа потврда,пошто е очигледно дека е болно. И некни девер ми ,му се пофали на мм како бил сам да земе потврда од матичниот дека е здраво. Јас одма ја отпишав од кај истиот. Мислев добар е по читањето на коментарите. Ама ја кај таков не стапнувам. Без осет и родителите,ама и педијатриве се значи.
Кај нас дава сестрата потврда ,не докторот . Настрана што не бараат сите потврда во градинка. Кај нас ги носеа болни за сликање ,мојата си седеше дома затоа што сметам дека не е во ред за една слика останатите деца да ги изложувам. Сепак е до свеста на родителите ,а не до докторот.
Ма и до едните и до другите ми е мене.Ама не ми е јасно како даваат потврда така од ракав. Ете, ти ке пазиш,а друг не се замара.
Моите беа болни и педијатарката ако не дојде детето на преглед нема шанси потврда да даде. А надвор родители чекаат без дете потврди да им даде. Не се децата криви возрасните се. Исто и со коронава ќе се пазам и чувам, а некој уво не го боли. Да поминуваат само лесно настинкиве и вирусиве.
Абе преку таквото ми е и мене. Мојата од септември не може да се оправи. Јас можев да земам боледување и мајка ми да ја причува, а тие не можеле. Пуста градинка и се веќе. Еве пак не оди сега. До толку да се немало свест јас не знам. И кога ќе каже некој дека детето мора да се челичи. Па да сакам да се челичи, ќе го носам во болница, а не во градинка.
Јас разбирам дека треба да јача имунитет, ама имунитет не се јача со деца пуштени во градинка, а се на антибиотици. Многу сум напната, без везе створења.
Па така. Дете со бактериска инфекција и температура ќе се меша со моето/твоето здраво и после оф леле. Ама и матичните се виновни. Даваат потврди на невидено. Срамота.
Јас сум за инспекции кај матични. Завчера препишан антибиотик, денес потврда дека детето е здраво, а тој антибиотик 7 дена минимум треба детето за да го испие и оздрави. Кога ќе ги чепне по џебот и лиценцата, тогаш ќе им текне да работат правилно.
Go zapisav bebeto vo Sinolicka vo kisela voda. Planot e od mart da trgne ke ima 11 meseci....nekoja da spodeli iskustvo so gradinkava?
Матичната на ќерка ми шанса нема да даде потврда без да ја прегледа. Минатиот пат бевме во изолација поради позитивно дете во градинка и здрава ја носев да ја прегледа за да и даде потврда. Ме фаќа нервоза кога здрава треба да ја носам меѓу болни деца на лекар, ама подобро што е принципиелна. Првата година се разболе кога требаше да им дојде дедо мраз и нормално не отиде. И комшиката и викала на свекрва ми, па што не ја однесат само да се слика? Уште јас ненормална. Годинава здрава, се мислев дали да оди зошто знаев дека и болни ќе носат. Многу многу ниска свест меѓу родителиве....