Добра е Доктор Ристовска во Кисела Вода само многу е гужва. Ако не сте врзани со време може сабајле да се носи, и на тел е цело време достапна. Го прегледува детето детално пред да даде потврда дека е здраво Инаку хара грип ептен по градинкиве. Во сите групи кај шо одат деца на другарки се по 5,6 од 25 деца
Ова го прегледува веројатно ако било болно претходно и е носено на преглед ? Пошто јас за потврда 2 пати зимам и кога ја прашав дали да го донесам на преглед ми рече ако не бил нешто болен нема потреба, што ме зачуди искрено мислев обавезно прават преглед.(он стварно и не ни беше).
Не знам кои биле учителките ама јас сум преееезадоволна. Никогаш не ми ја вратиле потпарена на газе, најадена затоа што дома не сака да јаде до кај 17ч, научи таму да пие вода и сокче од чашка. Очигледно е до учителките а не генерално од градинката
Немаат распуст ама користат одмори вработените па комбинираат различни негователки воспитувачки им доаѓаат.
Ауу баш ми е жал за тоа искуство… мене малиот ми е таму во јасли и сме презадоволни. И за големите групи само позитивни работи сум слушала, ова ми е прв ваков коментар до сега, баш ми е жал. Се надевам ќе му се погодат учителките, не знам што друго да кажам..
7 години ми се разлика децата, со првата, по 30 деца во јасли, мрсули, покашлување, пораснаа, ученици веќе во школо, немаше вакви притисоци како сега, сега растечен нос, потврди, боледувања, притисоци од мајки од градинки... Не знам зошто држат место во градинка родители што 3 недели се снаоѓаат да седат дома 1 недела ги носат децата. Има родители кои реално имаат потреба да запишат деца во градинка а нема место. И не нема за секој растечен нос да седам дома кога доктор не дава лекарства а уште помалку боледување.
Ама се научија и овие од градинкиве, во друга група некој фатил некој вирус почнуваат да пишуваат по групи повлекувајте ги децата, превентивно, да бидеме одговорни, свесни, совесни! Во трета група негователка се разболела, пак исто, на ваша свесност, одговорност... Едноставно не може, за тоа што некој таму некаде е болен денес мене не ми даваат боледување. А ако имам кој да ми го чува за сите туѓи болести јас ни еден ден нема да ви го носам зошто ни свесност ни совесност не сретнав од сегашните жени кои се нарекуваат воспитувачки и негователки на моето дете , тоа е професија која треба да се работи со срце, да ги радува секој миг со толку дечиња околу нив, ама за жал многу погрешни луѓе на погрешни места.
Не им се работи само бараат начин да откачат дете. Воспитувачката на син ми го направи Аутистичен. И почна да измислува работи станувал агресивен почнал да ги тепа децата од внатре нешто го мачело детето имало проблем. Додека кај другата нема ништо од ова. Нормално има закачки за играчки што е нормално за 3 годишна возраст.
Не сакам да ме сфатиш погрешно, но јас би сакала да бидам информирана дололку моето дете удри другарче, за да разговарам со него дома. Е сега начинот на тие учителки може не е ок, но во ред е да пренесат на вас доколку вашето дете тепа други деца. Макар и за играчка да се работи.
Каде кажав дека не сакам и не треба да ме известуваат? Кажав дека измислува бидејки нејзините кажувања не се поклопуваат со нејзината колешка.
Колку вкупно жени ги чуваат деца до 2 годишна возраст, конкретно по државните градинки во Скопје, од тие што ви одат или знаете ако може да споделите? Наидов на податок дека градинка во Кисела Вода со деца до 2 годишна возраст ги чувале 3 жени, и тотално се изненадив. Па сакав да знам дали во сите градинки е така.
Точно е, 3 ги чуваат. Кај нас Една доаѓа во 7 и ги прима децата, другата во 8 и седат до 2-3 саат. Во Меѓувреме доаѓа трета во 2 саат и седи до крај. Не се 3 цело раотно време.
3 се моментално со 15 деца а се дешава и 5 6 деца да се дента особено периодов. Пред короната беа 25деца во јасли ако не се лажам