Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Malataa@

    Malataa@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки.
    Имам едно прашање до вас.
    Децата ми се 2години позитивна е наставничката во градинка и едно детенце, синоќа доцна ни се јавија дека од денеска сме во изолација но само децата родителите треба да ода на работа затоа што ние сни немале контакт со позитивно лице туку само за децата, е сега за еден од нас јас или мажотми за да не одиме на работа ни треба решение дека децата се во изолација се јавив во градинка и ни рекоја дека решение нема да ни стаса туку наставничките ќе ни дадат ко ќе му стигни нив како е можно тоа сега дали си имале слично искуство пошто колешки мои седеја дома додека децата му беа во изолација оти се малолетни и му стигна решение дома а во нашава градинка тоа го нема.
     
  2. Чаирчанка

    Чаирчанка Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2018
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    1.824
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки,

    Ја запишавме цуца наша во јасли, градинка 13 ноември, објект Јасмин (Беко). Ќе почне од февруари. Ќе има неполни 9месеци.
    Ве молам некоја ако има искуство со јасли таму да ми пише.
     
  3. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    Групата на син ми кога беше во изолација ни пуштија решение на вибер АМА дури откога заврши изолацијата. Слушни се со градинката да ти дадат број од ијз како да го добиеш побрзо
     
  4. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    9.844
    Пол:
    Женски
    Јас, ама поодамна, задоволна, од Пандорче најмногу. Ако има некој побрзо што му е детето таму нека пише.
     
    На Чаирчанка му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Чаирчанка

    Чаирчанка Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2018
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    1.824
    Пол:
    Женски
    Фала ти за одговорот ❤️
    Ако има некоја во брзо време се надевам ќе сподели.
     
  6. johnlemon

    johnlemon Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Малата моја е таму скоро 3 месеци. Не знам колку брзо ти напредува, ќерка ми на 8 месеци веќе лазеше и бев раат, повеќето од група лазеа ама бебињата што не лазеа беа во креветче најчесто. Ги зимаат за јадење и пресоблекување, свесни сте што е јасли нема никакви активности за толку мали. Подобро некој да ти ја чува дома, мајка свекрва?
     
  7. Чаирчанка

    Чаирчанка Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2018
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    1.824
    Пол:
    Женски
    Секако дека сум свесна ама баш заради тоа што немам кој да ми ја чува се одлучуваме на ваков чекор. Мајка ми не живее во мк а свекрва ми работи во смени (mall).
    Се надевам ќе одолжувам највеќе што можам со работа па да направи бар 10м и да почне ама дома сум од моментот трудна кога дознав дека сум со мерките и не знам колку би биле уште толерантни работодавците.

    Задоволна си од односот и посветеноста на воспитувачките?

    Има скоро 8м мојава и дава напор за лазење ама и тежи газот, сака постојано да седи и сама си се заигрува ко секое дете.
     
  8. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.995
    Кај нас во јасли нон стоп играа нешто, кратко-кратко ама играа. Тие што не лазеа си седеа на душек долу, им раскажуваа приказни, им пуштаа песнички, имавме прекрасни негователки. Во ниеден момент не ги оставаа сами во креветче. Помалите ги успиваа два пати, поголемите после ручек. И помалите секогаш ги држеа и гушкаа повеќе. Ни праќаа слики како си играат. Не мора да значи дека ќе се цел ден во креветче.
     
    На IRBBB, Izzy_0504, lovely91 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. CareTee

    CareTee Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    3.779
    Пол:
    Женски
    Пак јас да подосаѓам…

    Бебињата што ви одат во градинка 10 месеци поточно, каков распоред имаат на спиење?

    Ние еве веќе месец ипол не адаптираат, од 8 до 11 седи и ја зимам и два пати спие во денот. Сега два дена по ред ме замараат дека морало во 12 ипол да ја успивам не порано, тогаш они ги успивале. Не издржува до 12 ипол мојава, еве ја максимум 12 и веќе спие. Што ако не им заспие ќе ме викаат да ја зимам порано? Стварно имам впечаток дека не им се работи и ме научија дека ме толерираат од работа можам да искочам да ја земам. Сама сум си крива…

    Предолго трае адаптацијава кај нас, а само еднаш се разболи пред 3 недели некаде.
     
    На Madrugada му/ѝ се допаѓа ова.
  10. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.718
    Допаѓања:
    40.096
    Пол:
    Женски
    Како бе 12 и пол? Па касно е тоа. Кај нас околу 11 ги заспиваат. Па и порано да заспива, тоа не е причина да го земаш детето од градинка. Глупости. Веќе треба да го оставаш цел ден, а не да го земеш кога им прдне на газот на нив. Кажи им, не можеш да излезеш од работа веќе и нека ја занимават уште пола саат. Се изнервирав сега. Оти заспивало пола саат порано, да си го земеш порано. Мало морген
     
    На IRBBB и CareTee им се допаѓа ова.
  11. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Моево кога тргна прв пат во градинка беше година и преспиваше 2 пати. Таму го заспиваа еднаш зашто таков им бил редот |( Без разлика што секој ден реагирав тие не го заспиваа два пати, почнаа да ме лажат дека не му се спие и му го пореметија цел ред. Во вторава градинка тргна на 16 месеци и го заспиваат кога ќе му се приспие, еднаш во 10 заспал и си спиеше 3 саати. Така да, ако се сака се се може, само ако можеш да бидеш поупорна.
     
    На CareTee му/ѝ се допаѓа ова.
  12. johnlemon

    johnlemon Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Добро, што значи тоа "газот и тежи"? Мрзливо буцкасто бебе или...? Одсекогаш ме чудела таа етикета за бебе од мајките.
    Иначе задоволна сум со комуникацијата што ја имаме, воспитувачките се сите фини, ама мое мислење по тоа што имам видено е дека за бебиња што сеуште не седат самостојно и не лазат нема некоја активност. Јасли во многу градинки и нема....јас ја пуштив мојата затоа што знам дека може бар сама да си игра и секако морав на работа, нема кој да ми ја чува. Кога би можела би чекала бар до годинка.
     
  13. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Штом си седи тогаш нема проблем, бар во нашава градинка им ставаат перничиња доле, им ставаат играчки од околу и си играат. Таму може и побрзо да научи да лази или да прооди гледајќи од другите деца. Не се секирај, на децата им е убаво во градинка.
     
    На Izzy_0504 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.718
    Допаѓања:
    40.096
    Пол:
    Женски
    Два пати во градинка спиеше?
     
  15. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Не, дома спиеше 2 пати ама таму не сакаа да го заспиваат 2 пати. Две деца беа во група, другото беше уште помало некои 8-9 месеци мислам, и него го заспиваа само еднаш. Со мајката бевме во комуникација, колку само се нервираше и таа. Ајде моево ќе предремеше во количка од градинка до дома ама нејзиното и заспиваше накај 17h дома, па мака мачеа за вечерта да заспие.
    До негователките е. Во вторава градинка не прават проблем за ништо.
     
  16. CareTee

    CareTee Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    3.779
    Пол:
    Женски
    @Jana06 Па тоа ми е проблем, цел ред на денот ми е пореметен откако почна во градинка. Катастрофа од дремки и ноќно спиење. Се додека не почне да преспива по еднаш ќе биде вака мислам.

    @forumce Браво што ги успиваат два пати. Кај нашава градинка нема. Сите спиеле во 12:30 морало и она тогаш. Во 12 им е ручек, и после тоа ги успивале. Еве неколку дена им заспивала мојава порано ама не ја оставале, 5/10 мин и ја буделе. Неможело тоа време да спие она.:x

    Оф маки….Како недостижен сон ми е цел ден да го преседи во градинка. Се мислам како никогаш да нема да се случи тоа.
     
  17. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    @CareTee Изговори. Еве мојот ако заспие накај 11 (а многу често се случува), го оставаат да си спие и ручекот му го даваат кога ќе стане. Додека спијат другите деца, него го играат за да не ги разбуди. Пробај да се разбереш со нив вака да направат. Штом твојата си заспива и не и смета галамата од другите деца што не ја остават? Како не им е жал да ја будат ццц.
     
    На IRBBB и CareTee им се допаѓа ова.
  18. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.718
    Допаѓања:
    40.096
    Пол:
    Женски
    А од колку до колку го носеш воградинка за 2 пати да спие? Мојава е 11м и спие еднаш таму и еднаш попладне околу 5 дома. Во 9 9 и пол заспива. И кога не е на градинка таков ѝ е редот.
    А после ја презаспиваат ли? Или звонат да си ја земеш? Не знам што им мене пола саат на нив.
     
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    @forumce Тогаш го носев 7.30-8 зависи, а го зимав накај 16-17. Не ми текнува сега како му беа дремките ама не му беа повеќе од 2 ипол саати вкупно. Можеше комотно да си дремне од 15 до 16 таму и да си го земам наспиен. Во 17 никогаш не спиел зашто не може до касно после да заспие.
     
  20. CareTee

    CareTee Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    3.779
    Пол:
    Женски
    @forumce Не, уште во 11 и нешто ја зимам. Сеуште не водат дека сме на адаптација. Буквално по пола саат неделно ми зголемуваат. Празници пауза демек. Па сега по одмори биле, споени групи и деца и затоа потешко и поспоро одела адаптацијата…

    За декември плативме 1490 а одеше само 3 недели од 8 до 10:devil:. Ајде ќе речеш налет и пари и се, само нека се адаптира. Ама стварно веќе предолго ми изгледа ова мене…

    Едит: @Jana06 Изречито ми кажаа дека неможело едно дете да спие порано друго покасно. МОРА сите во исто време да спијат.(facepalm)