Да се побунеш некаде, штом не можеш да се разбереш со нив? Детето треба да се навикне да заспива тогаш, а како ќе се навикне кога те викаат да го земеш
Буцкаста е да, педијатарот и ортопедот тоа ни кажаа, воопшто не е мрзлива, активна е со игра и уста не затвара ама на tummy time малце забушава. И јас кога би можела би чекала, ама кога немам друга солуција морам оваа.
И јас сакав да прашам во врска со спиењето, ние сме скоро 2 години и со една дремка бевме дома но квалитетна 2ипол-3саати. Сега во градинка само еднаш спијат после ручекот но саат до саат ипол и кога ке дојде 5 попладне ја осеќам дека и се спие пак но навечер ке имам мака.. незнам што е паметно
Немам надеж дека ќе се промени нешто и да реагирам. Ќе почекам да видам како ќе биде откако ќе почне да седи цел ден. Баш ме интересира дали ќе бараат да ја зимам ако пример не спие во времето кога они сакаат.
Јас не сум баш компетентна да зборувам за спиење оти имам не спијач ама генерално во група од 2до 3 спијат толку саат до два исто е и кај нас заспиваат после ручек моето спие пола саат или не спие воопшто ама другите деца максимум два саати спијат. Иначе ке ја држиш до кај 7 будна и ке ја заспиеш тоа време.
i moeto bese taka segq spie vo gradinka posle rucekot vo 11.30 maksimalno do 13.30 i vecer vo 8 ipol si legnuva na pocetokot tesko mu odese preminot od 2 na 1 dremka no sega se navikna vaka.
Многу е лошо, градинките се всушност прилагодени само за поголеми дечиња, да речеме над 1,5год кога веќе имаат 1 дремка во денот, и тоа дремката да е покасно, 12 30 часот. Исто е и со млекото, идеално е дете што е под 12 месеци да пие млеко и денски во градинка, но воспитувачките викаат дека им е забрането да нудат млеко што сме го донеле од дома, па нудат млеко единствено како составен дел од појадокот. Трета работа е што добиваат вода само од пластични отворени чаши, а не знаат сеуште да пијат убаво од чаша и ќе добијат само по некоја голтка, за време на оброците. Дете што е со 2 дремки во денот ќе има една дремка околу 9,10,а друга дремка околу 14,15 часот. Во некои градинки самите воспитувачки ќе се потрудат да го заспијат детето во овие термини, но тоа е вистинска реткост. Освен тоа, детето ја губи ужинката што е околу 10, 10 30, а ако поспие подолго, може да го пропушти и ручекот околу 11 30. Едноставно воспитувачките за тоа дете ќе треба да имаат сосем друг распоред и на хранење. Зависи самите они дали се спремни на тоа. Доколку не се, детето има пореметен распоред на денот, таму и дома може да е нерасположено, заради тоа да не сака да јаде, а и ноќта лошо да спие. Воспитувачките, а и целиот "систем" градинка го третираат детето како куче за прилагодување, ко да треба да се издресира демек да спие покасно само, и се` ќе биде во ред. Всушност, постојат правила како им е потребно на децата да спијат, и стварно, самите деца бараат така да спијат.
Во градинка мора да се има ред, пологично ми е вие дома да се прилагодите на рутините и дремките во градинка одколку 2 жени со 15+ деца да ви угодуваат вас. Време за јадење си е тоа, не може да се цел ден со тањирите во рака. До една година треба да имаат две дремки, првата да биде кратка да ги разбудат за половина час и во 12.30 веќе сите да си спијат. Верувајте помалите деца многу полесно се навикнуваат на рутините, ние сме тие што ги преувеличуваме работите. Е за адаптацијата стварно нервира одолвлекување, мислам дека 2 недели се доволни секое дете да може веќе да остане до ручек и третата веќе да почне со преспивање
Моето дете почна во градинка на точно 8 месеци. Адаптацијата траеше 3 недели чисто пошто уште ми траеше боледувањето, инаку он беше спремен и побрзо да седи цел ден. Првите 2 месеци спиеше по 2 пати во градинка, а јадењето го прилагодуваа околу спиењето за да не остане гладен. Малку по малку му ја поместуваа првата дремка и после 2 месеци дојде до момент да првата дремка му е во 12:30 заедно со другите деца, а втората му беше попладне околу 17:30-18:00. Од 13 месеци почна да преспива по еднаш во денот, во градинка, и му е доволно. Вода пијат колку што сакаат децата - моето пие од шише со цевка и често ми го враќаат со скоро испиено чајче или сокче со тоа што испило цело шише вода и плус чај/сок. Чисто сакав да пишам успешен пример за почнување на дете од најрана возраст и да ги охрабрам мајките што прашуваа за пуштање на бебе во јасли
Не е работата ние да се привикнуваме, ние ги праќаме децата во градинка и тоа е тоа, нема на што да се привикнуваме. Децата не можат да се навикнат. На секоја возраст се знае колку сон му е потребно да детето, не може да му се ускрати тоа право. Треба само да го легне во креветче, па и да треба да го поддржи малку во раце би заспало за 5мин ако е уморно. Стварно не знам како едно дете може да се навикне на една дремка ако му се спие. Затоа после дома се нервозни, прегладнети и нестрпливи, лошо спијат ноќе. Затоа што е проблем покасно да му се даде оброкот. Нели градинката не е само некој да ти го причува детето или зависи од ситуација?
Мојава од неполни 8м почна во јасли и веќе после втората недела остануваше цел ден. Без плачки, со смеење и пружење раце кон негувателките. Големата на година ја пуштив, подолго траеше адаптацијата и плачеше на оставање
Никој не ги преувеличува работите. Додека дете е на адаптација тоа е период кога и детето и они треба да се навикнат едни на други. Не е во ред ако му се спие да не го оставаат да спие, само затоа што мора да спие со сите останати деца кога спијат. Дете од 2 години и дете од 10 месеци нема исти потреби за спиење нели?
Заспива 9ипол 10. Некогаш и покасно знае но тоа беше пред градинка кога спиеше сабајле до 9. Сепак ке оставам на една дремка да фатиме некој ред.
Во секоја градинка е различно односно секоја учителка/воспитувачка е различна. Дечково мој кога почна во градинка(септември) од дома беше со строг ред, се знаеше кога е јадење,шетање, спиење, капење, не смееше ни минута да закасниме арно ама во градинка си имаа друг ред, други правила на кои мораше наново да се привикнува. Останува преку цел ден во градинка и јас бев таа што се привикнува на редот од градинка за да полесно фунционираме дома. Ако ме прашувате дали има отстапувања и тоа како, дечково знае на моменти да забушава кога сме дома преку викенд ама знам дека кај и да е скроз ќе се привикниме на ситуацијата. Јас најтешко ја прифатив промената, првин почнав на работа, па градинка па цел редослед ни се поремети. Дечково е во јасли до 2 години, во група се 6 дечиња со 3 воспитувачки, најмалото кога почнавме имаше 9месеци и многу често наутро во 8 кога ќе одевме ние тоа ја спиеше првата дремка, така да мислам дека него го легнуваат дури и три пати. Сакам да напоменам кога сме се решиле да праќаме деца во градинка ние сме тие кои треба да се спремаме дека нема да е ништо како што сме правеле дома., туку дека мора да се прилагодиме на редоследот од самата гарадинка ама и да се прилагодиме на воспитувачките кои се погочем дел од денот со нашите деца.
Баш поради ова, јас си признавам дека ми е страв да реагирам и да се бунам, бидејќи познавајќи го балканскиот менталитет, страв ми е дека тоа ќе се одрази на нивното однесување спрема моето дете. Многу мразам што така се чувствувам. Штета што сеуште е мала, па неможе да кажува што се случува таму.
Која е најмалата возраст на бебе што примаат во градинка и до колку најдоцна во денот може да остане во градинка?
Здраво, Сакав да прашам доколку еден родител е позитивен на корона, дали детето може да оди во градинка или мора да е во изолација? Кои се последните важечки препораки? Фала