Ама не може редот на градинката да се руши ради едно две дечиња. И моето спиеше 2 пати ама се научи на едно спиење, за 1 недела и тоа. Редот е тој, во точно време се јаде и спие, игра и пее. Мое мислење е дека не се виновни во градинката, а друго е што децата кои се будни ги будат успаните и после плачки од триста страни, не може така. Не сум вработена во градинка па да се бранам, едноставно тоа е моето мислење. Исто и јадење и пиење млеко од сопствено шише, цуцли, не може едно да има друго не, ќе си џапаат еден од друг и после зошто бактерии, епа бактерии.
Се разбираме. Работата е за која возраст збориме. Моево спие еднаш ама сега е на таа возраст кога му е доволно. На година не му беше и му беа потребни две дремки. Таман работа цела група да се адаптира на 2-3 деца, муабетот ми е доколку децата можат да спијат во галама (а најчесто можат зашто се привикнуваат) зошто да не ги легнат во креветче во 10 и покасно кога ќе им се приспие пак? И вака и така немаат некои посебни активности освен читање приказни и играње на музика. Еве ви кажувам дека во нашиот случај во приватната градинка правеа проблем, а беа само 2 дечиња во група, во државнава не прават проблем со 15 деца. За шишиња, чаши, цуцли целосно се согласувам ама и за тоа прават исклучоци зашто не можеш да излезеш на крај со секој родител.
Не е важно која е возраста, во градинка е тој редот и крај. Рачунај дека ќе легне 1 по него и другото и редот на другото си му го срушил. Збориме за колектив а на колектив треба да се привикнеме а не да го менуваме како ни одговара на нас. Како е идеално? Идеално е да има просторија каде бебињата што им се спие би ги префрлиле, децата на кои 1ч им е малку би отспале, а не вака на купче. На моето 1 час му е малку спиење, ама кога стануваа сите стануваше и тој.
Е како не е битна возраста?Дете од пет години и од девет месеци исто ли е?Иста потреба ли имаат за сон?Или им е тешко на два пати да ги легнуваат зошто во еден саат во ходничето ќе неможат сите заедно кафе да пијат?
Не е битна, ете така, за нив не е битна. Исто ко што на бебе од 2г му даваат пасирано оти така они мислат дека е бебе, го сместиле во бебешка, исто и ова. Јас не велам дека е правилно, туку дека колективот дава други насоки и не можеш да наметнуваш свои потреби. Јас со сите се слагам, ама тоа е тоа.
Еве за да ти доловам што мислам: Муабетот почна со членката што рече дека малата и заспива, тие ја будат и ѕвонат на мајката да си ја земе. Како е во ред ова? Не може да биде 'тоа е редот и крај'. Деца се ова, не програмирани роботи. Тебе малиот ако ти заспие во 10, а редот му е во 12 ќе го разбудиш?
Не,тоа е највеќе до воспитувачките.Кај поголемиот син маските не ги извадија,и во занимална им стојат цело време,кај помалиот еднаш не ставија маска.Истата градинка,ама со различни правила?Кај големиот еднаш не сум ги видела седнати сите заедно кафе да пијат,кога децата спијат они си спремаат некои материјали за утрешната програма.Кај помалиот а заспијат децата сите шест седнуваат во ходничето до два ипол не мрдаат.
Да си кажеме право сега ... Дека ги мрзи - ги мрзи. Да не се правиме на три и пол. Ги мрзи за куп работи не само за заспивање де. Ама па од друга страна ангел е во право, не може сите во различно време да спијат мислам нема поента така. Ниедно нема да е одморено. Вака барем тој еден саат сите ќе го отспијат квалитетно. Од трета страна секоја буквално секоја професија има ПРАВО законско право да користи пауза во работниот ден, за секое работно време над 6 часа.
Во право си ама еве од искуство изводливо е. Помалите спијат уште во 11, поголемите кое како јаде си заспива. Спијат сите до кај 14. Може ги научиле помалите на една поголема дремка, може два пати ги заспиваат не сум сигурна. Ама многу пати ни праќале видеа едни спијат, други си играат, баш тоа и ми е поентата, доколку си спијат мирно зошто да не ги остават. Паузата секако дека мора да си ја искористат, таман работа.
Ама не ме разбираш, јас сум од ваша страна, се ми е јасно, и јас иста мака сум имала. Ете пишав, моето го зимам во 4, они во 2.15 го будат зошто редот е тој и нема мрдање тука. Дома може да праиме како му одговара на бебе, моето на пример спиеше во 12 кога таму ручаат и јадеше во 2 кога таму уствари спијат, дремката и јадењето им е сменето, јас за викенд дома си терав како ми одговара, а таму како што е редот. За јадењето јас сум убедена дека прерано е ручек 12, не може никој да ме убеди спротивно, ама во цел свет е така не само за кај нас. На крајот на краиштата не сме внатре да им ја знаеме работата на вработениве, малце изи со предрасуди. Може и најзапослената воспитувачка уствари ништо да не прави и најлабавата да е најдобра. Не секоја што не мрда од занимална уствари работи и обратно. Јасно ни е како оди, се гледа од децата, ама па на крајот на краиштата 5 дена во неделата, по 8ч ги чуваат, дома ние да не не знаеме да забошотиме некогаш... Колектив мајки, кога се работи за колектив нема тука што ние да расправаме, колективот поставува правила.
Ама они неможат да се пожалат дека немаат паузи,постојано си излегуваат на цигара и ок е тоа нека.Дека треба да има ред треба,ама мислам дека во јаслите треба да има отстапки.Они на таа возраст преоѓаат од две дремки на една.Трпение, адаптација.Ама греотка е малечко толку да го будиш.
Овде се дискутира за мали деца на кои им треба сон. Не како им одговара на родителите туку децата. И треба да се буниме. Од тоа небунење имаме мрзливи работници кои се силат затоа што ги вработила партија и им се може. Од 10 деца едно има една дремка на година, другите 9 имаат потреба од две.
Те разбирам, за истото збориме. Да не должам повеќе, мислам дека ме разбравте. Сакам да кажам дека не треба да се помириме дека тоа е тоа туку да реагираме и може нешто ќе се смени. Сигурно дека ниедна од нас не може да остане рамнодушна на нерасположението на детето. Ете твоето се навикнало ама многу деца не се навикнуваат, моето е пример. На крај го отпишав, ова беше дел од незадоволството од првата градинка.
И протоколарно е така. Односно сите невакцинирани (што значи тука спаѓаат и децата) кои се во контакт со позитивно лице добиваат решение за изолација.
Седи во изолација 14 дена доколку не пројави симптоми или не го тестирате. После доколку е позитивно зависи дали е со симптоми или без изолацијата. Мажот ми искочи позитивен, се јавија одма за решенија за децата, освен за мене не следуваше дека вакцинирана. Сите си останавме нормално дома, после два дена и јас и постарото дете се тестиравме ПцР и искочивме позитивни. Само малата на два брзи и два ПЦР, сите во различен период правени искочи негативна али како и да е си седиме дома 3 недели.
Јас повеќе се нервирам со родителите отколку со воспитувачките. За нив додуша немам збор, презадоволна сум, како ми се тешки децата за адаптација, одлични резултати постигнавме заедно. Ама на секое земање нов бисер од родителите. Еве некни ги чекам малите и доаѓаат го предаваат детето на една мајка и кажуваат дека не јадело добро. И таа со дигнат нос, аааа јас ви донесов цела ќеса кроасани, реков нив да му ги давате, кажав дека само тоа јаде. Воспитувачката кутрата ќути, културна се обидува да биде и вика немам дозвола така да ги хранам, сите јадат од овдешната храна. Госпоѓата налутена вика јас си го знам детето дека не јаде и затоа носам кроасан. Значи наместо да му помогне, таа одмага, не јаде и готово. Има премногу неразбрани родители кои мислат дека ако плаќаат приватна градинка треба детето да им се чува како дома. Околу спиење/ неспиење досега не ми се пожалиле. Се случувало и да спијат и да не спијат, тоа не ми го пререкле. Сега веќе имаат добро воспоставен ред, ама многу се трудеа. Јас речиси се им препуштив ним, тие повеќе знаат.
Рано е ручек во 12 дека во Мк ручекот е главното јадење. Кај нас пример главното јадење е вечера накај 5-6пм. Затоа ручек во градинка тука во 11:30 не е рано дека вечерата главното јадење е резервирана за дома со родителите. За спиењето помалите некогаш имаат потреба од две дремки и на 1 година ама за жал тешко е да се реализира тоа бидејќи во една соба се спие и игра. Кај нас можат да спијат спрема потребите на детето и така и прават ама креветчињата се наоѓаат во затемнета соба до игралната, посебно. Би било супер вака да е секаде и да нема преморени дечиња.