Па и јас реков дека не е единствен начин и не би требало да е така, ама така е, и не можеме да бараме исклучоци. Проблем е верувај, кога во 10 ќе дремне едното ќе стане кога во 12 треба да заспијат другите а они да средат играчки, да јадат и да испијат кафе, а кога има будно дете не можат тоа. Кога би имало посебна просторија пеки, а кога се на купче сите не е изводливо. Кај син ми јасли занималната беше минијатурна, измеѓу два реда кревети немаше ни 2м простор, па замисли како би изгледало. А идеално би било да имаат занимална во која децата што не спијат ќе си играат, и помали и поголеми, зошто на 5ипол години ретко кое дете на пладне спие и жив напор е да го заспиеш.
Ако децата спијат два саати, можат комотно да имаат по еден саат пауза додека другата го чува ова едно или две деца кои се будни. Кај нас барем децата сами си ги собираат играчките додека едно по едно ги спремаат за спиење. И џабе ќе се објаснуваме ете твоето искуство е дека не може, моето е дека може. Двете сме убедени во две различни мислења и во ред е.
Целиот систем на јасли не е добро осмислен според мене. Неможе дете од 2 години и 9 месеци да се стават во ист кош. И поради потребите за спиење и поради јадењето, како што спомнавте пасирана/непасирана храна. Океј е, на крајот од денот секако дека јас ќе се навикнам на нив, не они на мене и моето дете. Но, сметам дека сега додека е период на адаптација на детето треба да прават отстапки. Сега на моето му се приспива во 11 часот, они секако ќе си ја тераат нивната програма во 12:30, ако им заспие порано ја будат. И после во 12:30 нема да можат да ја успијат. Е ако се јават да ја земам порано само затоа што неможат да ја успијат во тоа време кога сакаат они, јас ќе се бунам!
Не оди да ја земаш. Кажи им не можам и крај. Бог да чува. Да е болно детето па да звонат, а вака оти не спие кога они сакат, ми е крајно безобразно. Некој позади спомна од која возраст може да се примаат деца во градинка, мојата со неполни 8м почна
Ќе се надоврзам на муабетите. Спојлер: Градинка Знаете дека имав проблем огромен со адаптации со детето. На крај го пуштив во приватна. И мене не ми се верува дека детето од ПРВ ден остана со СПИЕЊЕ во градинка. Значи остана со спиење. Мене ова искрено ми беше поим, дека моето дете ќе спие во градинка, а уште помалку од 1 ден. Јас сум плачела од среќа после 4 месеци малтретирање и за него и за мене. Е тоа е таа разлика кога некој си ја сака работата, а кога некој гледа што побрзо да те испрати низ врата и да има помалку деца. Не плаче, не хистериша, не бега од деца, нема аутизам како што ми беше посочено од претходните градинки. За муабетот погоре во ред е да се има ред. Ама не може да очекуваат од прв ден детето да спие до 12 до 14. Значи они самите ни викаат процес на адаптација дека трае со месеци, ако трае со месеци тогаш 3-4месеци ќе се трудат да го адаптираат во однос на спиењето. Син ми го легнуваат кога му се спие, нормално 4 дена оди инаку ќе се дупне од плачење ако го држат. Ако не им смета галама зошто да не ги легнуваат? Зарем на пауза сите одат, никој не ги надгледува децата? Една мора да остане со нив. За пауза ми имаат кажано дека се менуваат една ќе оди на доручек, после друга оди. И плус имаат негователки што се part time и во секој момент "улетуваат" во било која група и помагаат додека една е на пауза и слично. Исто како што може да се деси една да не дојде тој ден на работа. Треба и они да имаат трпение, ќе дојде момент кога сите во група ќе спијат од 12 до 14ч. Само нели треба време како што ни викаат нас. или тоа за нив не важи. Адаптацијата ние сами треба да си ја правиме. Членката што пишала дека ја буделе ќерка и во 12 за да си ја земе е жива срамота. Тоа дете без проблем си заспива, а они да го враќаат. Жива глупост. Поглупо нешто немам чуено. Треба да ја остават и со тек на време да ја адаптираат. Ама неее, кога ќе спијат сите деца една треба да седи да ја чува ај бе. Дечки се дури си викаме ќути си за 1500ден што ги чуваат или коа ќе ми каже некој "епа ти што сакаш за 1500д" ми се темни, ова нема за жал да се смени никогаш во градинките. Забораваме дека плаќаме даноци на државата, давачки, дека сме дел од општество не се само тие 1500д ама ај да не забегувам.
Како е ситуација со ковид у градинкиве? Има болни дечиња? После повеќе од 1 месец се враќаме утре во градинка...
Повеќе слушам за болен персонал. Јас Јануари ќе го скокнам. Се крпиме со свекрва ми, некад од дома останувам. Ќе изгураме.
Кај нас групата е преполовена, не знам дали од ковид или сезонски вируси. Мојот се врати претходната недела еве пу, пу супер е.
Кај нас учителката си оди во 12ч. останува само негувателката. Они во 12.30 заспиваат , оваа останува сама
Кај нас не знам точно како работат ама знам дека се менуваат на една недела. Пример, една недела едната доаѓа од сабајле, а другата накај 10h. Ова за јасли, за поголемите мислам дека е како што пиша ти.
Здраво бебето уште малку 9 месеци ке прави и морам да ја пратам во јасли. Се секирам зошто она заспива само со цице на друг начин неможе и башка е многу плачлива . Како ќе се навикне и како ќе заспива? Ај за навикнување ке се адаптира сиг ама тоа што заспива со цице многу ме секира
Не се сеќирај, таму ќе се навикне. И големата заспиваше со цице па таму само цуцла ѝ ставаа и си заспие.
Пишував на претходните страни ама пак ќе ти кажам.Моето се навикнуваше 4 недели.Првата недела од 8 до 8ипол или 9.Втората од 8 до 10.Третата од 8 до 10 ипол па 11 и четвртата со спиење до 2 ипол.Му се има случено во 10 да му се приспие и го успивале пошто им кажав ретко знае да дремне 15ина минути, а го успивале во 11ипол 12 максимум.Од кога почна да спие после некое време почнаа да ми ѕвонат дојди земи си го не спие ги буди другите деца и слично.Од кога јасно и гласно им кажав дека нема кој да го чува и дека пред 2 нема никој дома, односно дека сме на работа се откажаа видоа не видоа се помирија и не заѕвонија никогаш. Сега дури е најмирното дете во цела група
Zdavo na site ! Imam edno prasanje sinceto mi ima pet godini drugoto 2 ipol, zbruva samo germanski a pomaloto pola pola, vo plan ni e da se vrakame za Makedonija i baram nekoja gradinka kade sto moze da go uci i germanskiot i makedonskiot znaci dvojazicna ... dali imate iskustvo ... dali ima takvo nesto koi se cenate ? ...
Јас за двојазична германска градинка немам слушнато. Има англиски и француски двојазични. Исто и понатаму во основно и средно не сум сретнала двојазични паралелки со германски. Има англиски и француски (во државни училишта). Германски се изучува како странски јазик скоро секаде во државните училишта. Ам повеќе од тоа не. Ако е за прилагодување во градинка ќе се снајдат деца брзо се снаоѓаат со јазик. Исто и за приватни немам слушнато на германски. Англиски да, ама германски не.
Види што опции нуди Германски јазичен центар спроти Соборен храм. Не е градинка, но имаат дневен престој за деца од прво одделение натаму. http://www.dsz.com.mk/