Zatoa sto ucitelkite mi kazuvaat deka koga e so kebenceto do nego, ne se vklucuva vo aktivnostite, a Inaku bez nego, saka da se vklucil, si igra so decinjata I slicno
Јас ич не им верувам на негователките што кажуваат. Имав ја така плишано играче долго спиев со него, милениче ми беше. Преку ноќ го оставив од што веќе бев голема. Памтам моите пробаа да ми го скријат и бев премногу тажна со денови. Па ми го вратија. Ништо не ми е фала богу и сегде кај одев со мене го носев, јас не би се секирала ни за омилени предмети ни имагинарни другарчиња.
Сакам да се надоврзам на темава за ќебенцево. И дечкото има омилено ќебенце кое е емптивно поврзан, прва љубов му е, секаде го носиме со нас на секое патување. Со него спие,го гушка,му зборува и како членката погоре и во градинка го носиме за да спие со него. Им кажав на негователките да му го даваат само за спиењеа ама никогаш не ми рекле дека не е вклучен во алтивности ради ќебето. Јас не планирам во скоро да го одвикнувам од таа љубов, нека го држи нека си игра, па љубив е тоа, по цел ден само вика нана нана
Вчера пред да го земам почнал да плаче, ама мислам дека му се какало и го болел стомакот, дома веднаш кажа дека ке кака. Ги туркал децата, некое дете почнал да го штипка. Се надевам ке се припитоми за брзо и денес нема да се пожалат. Ме прашаа дали гледал некого како вежба, нашол играчка камион на склопување и со тркалата почнал да вежба како на бенч. Се надевам и дека нема да фати вироза па да биде џабе привикнување. Знае да каже да седи дома да не оди, ама кога ке кажам дека го чекаат децата без проблем оди. Плачк и одбивност нема.
На другарка денес и се јавиле да си го земе детето АКО може порано, затоа што од 09ч немале струја им било ладно. Таман ќе речеш се си видел и чул... Ми се жали зошто воопшто не се јавиле одма кога дознале дека нема да имаат цел ден греење...
Па можеби не знаеле дека ќе нема и кога снемало се надевале дека ќе дојде, ама не дошло па се јавиле. Многу чудни луѓе има, не може никако да им се погоди. И нас ни се имат јавено да си ја земеме оти снемало струја. Не го сфатив толку трагично, оти не може толку бргу да се излади за да измрзнат децата
Струја снемало кај 9ч они во 14ипол почнале да вртат по родители кој може да доаѓа. Внатре со јакни седеле. Јасно е тоа ама цел ден да немаш ако има дефект или исклучување евн секогаш известува. Може и градинката драма направила не викам не Башка ми ја покажа пораката кај што пишува ладно е децата се измрзнати. Епа неодговорно е имале цел ден да реагираат. Не работат во зоолошка
Тоа едноставно се решава со повик до евн, кај има и што има, колку ќе трае, со деца се значи. Ќе им кажеле дефектот колкав е,или ако се работи нешто, знаат обично и ќе се јавеле да сиги земат децата.
Секој ден имаат евн известувања кај гасат и што прават. И дома валда сите така правиме ако нема повеќе од 1ч струја бараме по нет или ѕвониме и прашуваме. За да го земам од градинка 5 пати ќе се јават плаче дојди одма, а за ова ги нема нигде да кажат дека имаат проблем.
И после успешна недела во градинка, од вчера вечер е со растечен нос. Утре ке одиме да го види педијатар. Колку време да седи дома?
Носот му е растечен и има фрфорење во оној дел меѓу нос и грло. Утре нема да оди, прво матичен грлцето да го види. Ама носот му тече тече, цело време бара да го бришам. Значи вака може да оди?
Ако ептен многу му тече поарно да паузира неколку дена чисто да не налепи нешто плус (пример бактерија) зашто сам ќе го чепка ќе се брише со ракав и слично а и не е фер само некој да мора да бидр задолжен за него цел ден за бришење нос. Ако е малку растечено може да оди ако се друго е во ред.
Па да претпоставиме дека треба да земеш боледување за дете за да го чуваш дома. Врз основа на дијагноза течење нос нема боледување. Дете не се носи во градинка во случај на температура, повраќање, пролив, бактерија во нос, грло или око и опструкција/бронхит.
Па му тече, не на 5 мин, ама на половина час до час го бришам. Не го брише сам, кога ке потече оди по мене и покажу а гриманса. Втора опција му е да се избрише од мене. Инаку не оди цел ден, пред спиење го земам. Ви благодарам и на двете. Ке видиме утре што ке каже матичната. Не ми е проблем да не оди, секако оди за социјализација. И нему му смета носот, и за други деца не е фер.