Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    6.507
    Пол:
    Женски
    @MilaSs12
    Мојов секогаш кога на течење нос упорно сум продолжувала да го праќам во градинка, завршувал на антибиотик, а секогаш кога на течење нос сум се снаоѓала да остане дома останувало само на течење нос.
    Секако дека ова не е правило и дека секое дете си е различно.
     
    На mal.ecka, KuklickaSk, Jana06 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.880
    Допаѓања:
    18.757
    Пол:
    Женски
    Колку време да седи дома? Мене не ми е проблем тоа, ама кога веќе имам опции сакам најдобро да излее. Не сакам да биде навикнување џабе ама не сакам ни да го пратам недолечен. Само виранто давам.
     
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Чисти со солен раствор, па прскај диво оригано и продолжи со Виранто. Ако е некоја вироза ќе помине за 2-3 дена, твојот е поголем сигурно има стекнато барем малку имунитет. Ако сакаш остави го ден-два дома да видиш како ќе биде, што вика Уникорн и мојот ако идел со растечено носе обавезно температура качува за некој ден или завршуваме со антибиотик.
     
    На mal.ecka, KuklickaSk и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  4. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.034
    Допаѓања:
    5.543
    И моето дете беше со кебенце врзано со тоа заспиваше, и нигде без него не одевме. Во градинка по препорака на психологот беше да го тргнеме додека е помало и за жал нема нежен начин, ќе плаче неколку денови и ќе го заборави.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Panovic

    Panovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2020
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    573
    Ели дали ќе може да ми објасниш зошто да го тргнеме ќебенцето?
    Што ви рече психологот,која е причината за тоа?
     
    На dromka и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    6.507
    Пол:
    Женски
    Чим не ти е проблем нека седи дома додека носот не се среди скроз.
    Адаптацијата е така кај повеќето. Тргни застани.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.034
    Допаѓања:
    5.543
    Децата што се врзани за предмет сигурноста ја гледаат во него, кога се без мајка или татко се чувствуваат безбедно со предметот и затоа е таа приврзаност. Психологот ме советуваше да се тргне од причина што детето треба да се осамостои, да ја перцепира градинката како безбедно место, да се работи на неговата самодоверба, чувство на несигурност итн. Најбитно, децата што се склони кон навики полесно помали се одвикнуваат. Тогаш во исто време тргнав и цуцла и ќебе.
     
    На Cosmic Girl, Fatalnata и mal.ecka им се допаѓа ова.
  8. lemon8ejt

    lemon8ejt Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2019
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    Ве читам и сакав само да пишам мое кратко искуство. Пред 3 недели почна син ми во градинка, година и 5 месеци е. Почна да плаче после 3тиот ден од адаптацијата, кога сфати кај иде. Нема цуцла, нема омилена играчка т.е со која е приврзан, ниту ќебенце, па немав што да му пратам за утеха. Не знам дали е до детето или супер си ја работат работата, но адаптацијата траеше само 5 дена. Од наредната недела веднаш почна со спиење. За јадење не го мислев знаев дека ќе јаде, ама за спиење бев скептична затоа што на тоа поле го мазиме да бидам искрена. Или јас го успивам со цице или сопругот со мазење, песнички на моб. Ми се јавија само да ми кажат дека заспал, легнат во креветче учителката го гушнала и од прв ден спие по 2 саати. Само во понеделник плаче, изгледа за викенд губи рутина или заборава.
    Инаку, сеуште има 2 дремки, првата е исто како кога спијат во градинка само дома ми спиел саат, а таму 2, и има денови кога можам да го држам без втора дремка и легнува порано, а ако отспие 21.30 иде на спиење. Во двата случаеви се буди во 7ч.
    Исто носам шише, топлинки, постелина, ранче со дупла облека и ми го враќаат во петок, со се шишето и постелината и се тоа иде на вриење. До сега не закачил ништо : )))
    Тоа е моето скромно искуство, јас сум многу задоволна.
     
    На Ednostaven, Marianne, eli.karameli и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Katerina94

    Katerina94 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.307
    Баш убаво да се споделуваат и убави искуства тука, претежно се лоши за жал.
    И ќерка ми многу лесно се навикна, тргна на 13 месеци, адаптација 3 дена, првиот ден седев со неа пола час и си отидовме, вториот ден чекав во ходникот 1 час, третиот ден 2 часа седеше, јас можев да излезам од градинката.
    Понеделник си почна прв ден, баш си планирав дека сигурно ќе ја земам пред спиење дека нема да заспие таму(и моето заспива со галење, пеење песнички, некогсш и лулање) се јавив во 11:30 и ми велат ќе пробаме ние па ќе те известиме, велат и да спие малку е успех. Спиела само 20минути тој ден ја земав накај 4. Оди понеделник, среда и петок на градинка, веќе од средата(втор ден) почна да спие по 2 часа. Без плачење без ништо, се случувало да плаче некогаш кога ја оставам ама веднаш се смирува во минутата внатре, преку стаклото ја гледам.
    Многу сум среќна, се спремав за хорори ама одлично е мал збор за тоа како минавме.
    2 пати ми се има разболено до сега само, од ноември оди, еднаш со антибиотик минавме.

    Сега имаме мал проблем што не сака да спие таму до кај 1, 1ипол, велат ние пробуваме ама таа покажува накај собата со децата и сака да си игра. Таму сега покасно заспива ама не ми е проблем тоа, имаат убави активности, им носеа неќна мали кутренца да галат, ги шетаат надвор, прават палачинки, ставаат големи садови со вода и конфети надвор за sensory play, ги облекуваат во мушами и им даваат водени бои да бојат, свашта измислуваат- многу сум задоволна од целото искуство. Знам дека не се споредуваат градинките во Мк и странство ама адаптацијата беше многу позитивно искуство за нас.
     
    На Ednostaven, dromka, Bebac и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Mima89

    Mima89 Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, имам прашање дали некоја од вас има искуство со градинката Корчагин во Скопје поточно објект Пинокио група јасли?
     
  11. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.261
    Допаѓања:
    118.955
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки
    Имам проблем и ми треба совет.
    Веќе некое време на назад ќерка ми се жали од другарчињата во градинка.
    - сама си играм, Х, У и Z не ме примаа во нивното друштво
    - ми рекоа дека сум буцка
    - денес беше врв, Z ми го газеше ранецот пред да си одиме и ме тргаше за рачето
    Ве молам за совет како да постапам.
    Од дете што со радост одеше во градинка сега едвај се тераме, не сака да оди.
    Не знам дали да им пишам на родителите или прво на воспитувачката (негователка немаат)?

    Многу сум нервозна и стварно ми е жал дека не ја прифаќаат, а не е конфликтна баш напротив, мирна е многу.
    Ми се плаче :(
     
    На mal.ecka, Bupalu и Nikolina35 им се допаѓа ова.
  12. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Оф душа и мене ме натажи.
    Да им пишеш нормално исто вака како што пиша тука. И на воспитувачката и на родителите да разговараат дома со децата да видат каде е проблемот.
    Пробај со малата некако да ја смириш дека не е нејзина вина и дека може да си игра и со останатите деца.
    Те гушкам :hug:
     
    На mal.ecka, Bupalu, MilaSs12 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.994
    Допаѓања:
    4.873
    Пол:
    Женски
    јас би разговарала со воспитувачката и со родителите на децата. Нека не се дружат ама не може да го малтретираат твоето... Ова На булинг ми личи,зарем уште од градинка жално . Се надевам ќе се среди :hug:
     
    На Bupalu, KuklickaSk, Осе и 4 други им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.270
    Пол:
    Женски
    До родителите е! Син ми имаше ситуација каде едно од другарчињата не го прифатило извесно детенце и он по афтоматизам за да се приклучи кон масата и он не го прифаќа детенцето. Ама јас си одиме накај дома и бамборам, Како си помина, Што правевте, Што си игравте, Што јадевте, Што пиевте... И дете ми кажува дека со Х го избркале од маса Y, јас изреагирав дека тоа не е во ред, дека не смеат така и и пишав прва на мајката. Сега моето и Y се најдобри другарчиња и во цела група владее ново правило дека не смеат да бркаат деца од дружба, ама моето е малце понаметливо, лидерски настроено, па децава го пратат и досега ок се.
     
    На Ednostaven, Nikolina35, KuklickaSk и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Баш затоа треба да се изреагира. Може се фини и културни луѓе, несвесни дека детето врши тортура над друго дете. Јас би сакала да знам ако моето не се однесува убаво за да можам да изреагирам на време исто како што си постапила и ти.
    Обавезно да изреагираш @fana
     
    На mal.ecka, KuklickaSk, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.270
    Пол:
    Женски
    Ама затоа мене устата пена ми фаќа, нон стоп воспитувам и зборам и ко со возрасен се објаснувам. Пример вчера се зимаме од корективна гимнастика и ми вика Знаеш што? Ако пропаднеш во канализација(игра Супер Марио и од таму му е хит канализацијата) стаорци ќе ти го изедат ку*от, ама онака сочно го кажа ко возрасен. 40 минути објаснував, кажував со примери, па вртев округло па на ќоше да не кажам па нешто што не треба па траума да му биде или табу, не сакам да му викам дека не смее да зборува за гениталии туку дека не смее така да зборува, дека сега кога е голем е одговорен за тие што се околу него дека можеби ќе навреди некој со тоа што го кажал... Не за џабе се рекло, за едно дете да се воспита потребно е цело село, многу работа си сака.
     
    На kostovaivana, Ednostaven, KuklickaSk и 6 други им се допаѓа ова.
  17. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.973
    Допаѓања:
    112.462
    Пол:
    Женски
    Си требала одма да изреагираш, јас би пишала во двете групи и кај родители/воспитувачка.
    Впрочем зошто во старт не си реагирала штом се пожалило девојчето..
    Факт е дека не мора со сите да се дружи, ама да трпи тортура од било кој не е во ред.
     
    На mal.ecka, Bupalu, Snowflake92 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.281
    Допаѓања:
    28.013
    Не ми е јасно што им зборат од дома, дека е во ред на другарче да му викаш дека е буцко? Дека треба да газиш нечив ранец?
    Децата се огледало на родителите и секогаш мислам што трпат овие деца bullies дома, па така прават во градинка.

    И јас би изреагирала кај воспитувачките, тие треба да ги мотивираат децата да играат заедно и да корегираат неубаво однесување. Со нив поминуваат многу време, мора да бидат коректив на лошо однесување.

    Мојот е мал, ама имаше фаза на буткање деца. И кажав на учителката дека мора да го караат и они, џабе само дома да викаме дека не смее така, и многу брзо му помина фазата. Од друга страна има едно девојче, буквално нон стоп ги гризе, мава, гребе... ај ние не реагиравме, деца се, се удриле, ама некој реагирал, и мајкава почна да пишува во група да се извини дека ќерка и таква била, да сме имале разбирање. Не, не е таква родена. И дава она простор и дозвола да гризе и да мава, додека другиве, ем поголеми, не маваат, туку се гушкаат.

    Реагирајте дефинитивно и кај родителите на bullies
     
    На eli25, Bupalu, Sofi.ja и 3 други им се допаѓа ова.
  19. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.261
    Допаѓања:
    118.955
    Пол:
    Женски
    Имаме група со родителите во која е и воспитувачката.
    Искрено не знам како би ја формулирала пораката.
    Сериозна сум :|
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Јас мислам прво лично да зборуваш со воспитувачка да видиш што ќе ти речи таа, како се однесуваат децата кон твоето чупе и како тоа се однесува кон нив, па потоа со родителите обавезно за да знаат за однесувањето на ќерка им.

    Потоа зборувај многу со твоето, дека не им се потребни тие за игра има и други дечиња.
    И кај нас во групата има едно девојче кое е команданд и ги "врти" сите како сака. Еден период мојата беше заблудана и правеше се да и се допадне на тоа девојче за да игра со неа. Пр девојчето и велеше дека грд и е фустанот, и оваа мојата не сакаше да го види повеќе фустанот дека таа и рекла така, па цело време бираше нешто што ќе и се допадне на девојчето.
    Секој ден и зборував дека не е само тоа девојче, дека немора да игра баш со неа, дека ќе си облекува тоа што таа сака, а не тоа што ќе и кажат други.
     
    На fana и Snowflake92 им се допаѓа ова.