Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.291
    Допаѓања:
    42.429
    Пол:
    Женски
    Се слушнав со педијатарот, ми рече може следниот ден да оде во градинка, ако нема реакции.
     
    На Izzy_0504 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Ќе нема реакција следниот ден секако ама ако работиш разбирливо. И јас да немав кој да го чува ќе го пратев сигурно.
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.291
    Допаѓања:
    42.429
    Пол:
    Женски
    Да, не сакам да ги трошам деновите од одмор ако е добра. Ако има реакции за 10тина дена дома ќе си биде секако, а јас ќе се покријам со денови од одмор
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.731
    Допаѓања:
    19.802
    Никој нигде не ми барал.
    Во градинка мајка ми кажа дури ме оговарале дека сум отишла со трчање ММР да ставам. Едино моето дете во таа група имало ммр.
     
    На eli.karameli му/ѝ се допаѓа ова.
  5. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.291
    Допаѓања:
    42.429
    Пол:
    Женски
    Кај нас бараат.
     
  6. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    5.631
    Се јавив прашав, не требало ммр, само дека уредно тече вакцинација копија од примени вакцини.
     
  7. Coco31

    Coco31 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    1.854
    Допаѓања:
    7.056
    Пол:
    Женски
    Знам што ги запишуваат без ммр во Скопје.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.518
    Допаѓања:
    18.871
    Како е пресметката за одбивање од сумата кога не оди неколку недели од месецот?
     
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.399
    Допаѓања:
    28.360
    Во приватните градинки ги примаат без ммр.
    Може и да нема реакција, син ми немаше, ама му падна многу имунитетот. Појави егзем на цело тело и после одма вирусче. Мислам дека повеќе заради тоа е препораката да седи дома, да се очаја после вакцината.
     
    На Larahappy, forumce и fana им се допаѓа ова.
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.941
    Допаѓања:
    123.589
    Пол:
    Женски
    А ако треба на 9 месеци да тргне како ќе тргне ако е морално ммр?
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.749
    Пол:
    Женски
    Напраија да може да се става и после 6м, лудаци. Мило ми е што попуштила ситуацијата, не смее вакцинален статус да е проблем во градинка, тоа е право на личен избор и не смее да се коментира. Мене сестрата во вакцинално ми искоментира за синко и си доби опомена од надлежен пошто се однесуваше како дома да и идам. Ако сакав можев и да ја напраам голема, ми шкрташе документи, ама не ми се правеа проблеми. Коментирање здравствена состојба е во најмала рака некултурно.
     
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.399
    Допаѓања:
    28.360
    Даваат фора до 16 месеци да ја ставиш ммр во државна градинка. Инаку на блиски малата има 3г и пола вакцини не и се примени, вккучително и ммр, оди без проблем.
     
    На Izzy_0504 и fana им се допаѓа ова.
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.291
    Допаѓања:
    42.429
    Пол:
    Женски
    Мене не ми бараа кога почна на 8м,кажаа кога ќе ја ставиме на 1г да однесеме потврда. А минатиот месец на сите упишани деца над 1г им побараа потврда да однесат. Не е услов, ама сепак ја бараат потврдата во текот на годината
     
    На Izzy_0504 и fana им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.749
    Пол:
    Женски
    До пред ковидот правеа проблем, знам зошто јас не можев дете да однесам во градинка ради таа вакцина. Е сеа ако олабавиле е друго.
     
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.399
    Допаѓања:
    28.360
    Не смее да коментира здравствена состојба, ама не е дискриминација ако не ти го примат детето зошто е невакцинирано.
    Комисија за заштита од дискриминација правно одговори на ваква преставка.


    Еве правно ако ве интересира

    КСЗД: ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО ВАКЦИНИРАЊЕ НА ДЕЦАТА КАКО УСЛОВ ЗА УПИС ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА НЕ ПРЕТСТАВУВА ДИСКРИМИНАЦИЈА ВРЗ БИЛО КОЈА ОСНОВА

    Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, одлучувајќи по претставка на родител за извршена дискриминација врз основа на вакцинален статус, односно личен статус, одлучи дека задолжителното вакцинирање на децата како услов за упис во основните училишта не претставува дискриминација врз било која основа.

    Комисијата донесе општа препорака која вели дека законите, мерките, препораките и други релевантни акти кои што се во насока на спречување, лекување и контрола на ситуација на епидемиски, ендемични и други болести не претставуваат кршење на правото на приватноста на индивидуата, на неговиот личен и семеен живот и на достоинството и угледот. Истите се во насока на гарантирање на заштитата на јавното добро и јавното здравје на сите граѓани, а особено на децата. Конвенција за правата на детето го гарантира „најдобриот интерес на детето“ во поглед на сите преземени активности што се однесуваат на децата, без оглед дали се преземени од јавни институции, судови, управни органи или законодавни тела. Дополнително, во случајот VAVŘIČKA и други против Република Чешка (бр. 47621/13), ЕСЧП го нотира постоењето на општ консензус дека вакцинацијата е една од најуспешните и најисплатливи здравствени интервенции и дека секоја држава треба да има за цел да постигне највисоко можно ниво на вакцинација меѓу нејзината популација.

    ▶ Во конкретниот случај, родителот поднесе претставка за дискриминација против општинско основно училиште „Св. Климент Охридски“ од Скопје. Училиштето одбило да го запише нејзиното дете поради отсуство на потврда дека се примени сите задолжителни вакцини за упис во основно училиште. Подносителката цитира медиумски статии во кои од Министерството за образование порачуваат дека „ниту едно дете не смее да остане надвор од образовниот систем“ и дека во Уставот е наведено дека основното образование е задолжително. Дополнително, подносителката како аргумент го цитира Годишниот извештај на Народниот правобранител од 2018 година во кој за друг сличен случај се тврди дека е „крајно дискриминаторско и спротивно на закон постапувањето на училиштето поради што го одбил уписот во прво одделение поради фактот што детето не било вакцинирано од сите задолжителни вакцини“. Таа, исто така, го истакнува фактот дека основното образование е задолжително согласно Законот за основно образование, дека правото на образование е универзално согласно голем број меѓународни документи и договори а исто така се цитира и пресуда на Европскиот суд за човекови права во Стразбур односно случајот Салвети против Италија, (бр. 42197/98), во кој се тврди дека недоброволното вакцинирање е спротивно на членот 8 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи.

    ▶ Од училиштето одговорија дека Комисијата за запишување на ученици во прво одделение основана при училиштето, во уписниот период за предметниот настан, одбиле да извршат упис на ученикот врз основа на фактот дека недостасувала потврда за примените задолжителни вакцини. За одлуката веднаш бил известен родителот, по што родителот го известил училиштето дека е против вакцинација и дека не би го вакцинирала нејзиното дете. Во оваа насока, се нотира дека согласно член 46 став 2 од Законот за основно образование, дете не може да биде запишано без потврда за примени задолжителни вакцини. Увид во работата извршил и Државниот просветен инспекторат и констатирал дека училиштето не постапило спротивно на законските норми.

    Комисијата за спречување и заштита од дискриминација смета дека во конкретниот случај нема повреда на правото на еднаквост, односно основното училиште Св. Климент Охридски од Скопје не извршил дискриминација врз основа на личен статус врз подносителката во смисла на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Основното училиште постапувало согласно законот, мерките и препораките на надлежните власти кои се во насока на заштита на јавното здравје.
     
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.291
    Допаѓања:
    42.429
    Пол:
    Женски
    И педијатарот ми кажа дека може осип да има и покачена тт. А може и да нема никаква реакција
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.941
    Допаѓања:
    123.589
    Пол:
    Женски
    Ме смиривте фала ви.
    Јас ќе ја ставам нема да глумам лудило многу јасно, ми го знаете ставот за вакцините ама се исплашив да не треба порано а не сакам.
     
    На mal.ecka и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  18. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.731
    Допаѓања:
    19.802
    Ангел зошто даваш дезинформации?
    Тоа важеше во епидемијата на морбили @fana . Сега никој не смее да ти бара ммр за дете под 12-13месеци. Го запишуваш со уреден картон вакцинален, а потоа они треба а проверат дали на 12-13м ја примило и да не го примат во градинка доколку ја немаш примено по календар. Процедурата моментално е таа.
     
    На kikin, fana и forumce им се допаѓа ова.
  19. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.900
    Пол:
    Женски
    @fana што направи дали има подобрување во однос на ситуацијата со ќеркичката?
     
  20. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.941
    Допаѓања:
    123.589
    Пол:
    Женски
    Моментално не оди и нема да оди до крај на месецов.
     
    На mal.ecka и kiki_riki им се допаѓа ова.