Сега кога ја запишував втората керќичка ми рекоа дека може да се толерира ммр до 15месеци,во државна градинка Секако и копија од вакцинален картон Јас ги вакцинирав двете на 14 месеци поминаа без никаква реакција
За ММР...во државна градинка бараат копија од вакцинален картон и потврда некаква, или само копијата од картонот?
Јас не реков за непримање, си ја прими дете вакцината, не коментирав за градинката ниту пак барав исклучок за моето дете, туку сестрата со пенкало низ цела листа напиша со големи букви детето не е уредно вакцинирано, ко криминал да правевме. Замисли одиш да земеш листа и затоа што доцниш една вакцина со огромни букви да ти напише на листот коментар, нешто што не и е работа неа. Ама јас пишав и погоре дека беше така, башка што во нашата градинка сеуште е така, и фино е што не ги форсираат родителите веќе со неполна година да боцкаат вакцина која не е за 9м, тоа беше сулуда. Коронава бар тоа арно го напраи, да попуштат со ммр. Ние специјалци во се сме, уште деца носиме во одредени термини додека другите сите носат кога им одговара, уште бараме потврди... свашта.
Јас планирам да ја запишам во градинка од септември, ќе биде 22 месеци. Сега има 15м и уште ја нема примено Ммр зошто сите вакцини почнавме покасно да ги примаме. Ќе ја вакцинирам секако пролетва пред да поднесам документи, нема да ми прават проблем што е ставена покасно од 15м? Или тоа само за дечиња кои веќе одат во градинка важи?
Немај гајле битно да ја има, нема да прават проблеми кога е ставена Чим ќе ја има ставено ќе си ја примат
Ќерка ми вo Jануари беше вo градинка самo 2 дена, уплатницата ни е 1200 денари, учителката вика тoчна била сумата. Мене ми нема лoгила, па да прашам дали за 2 дена вo градинка 1200 се плаќа?
Мене искрено ми има логика. Едно, затоа што некој да ти ја чува тие два дена толку би му платила. Друго, без лутење, затоа што чува место во градинка. Да не ме сфатиш погрешно, знам случаи кај што ќе го однесат детето три дена в градинка па после си го чуваат цел месец дома, и ова се случува цело време во тие години дури оди в градинка. Чуваат место на некој што му е потребно секојдневно да остава дете во градинка.
Септември тргна и одеше 6 дена по пола саат саат максимум во ден 1500 си платив.Ако ич не оди 520 ќе платиш, 1 саат што се вика во цел месец да биде таму 1500 се плаќа така ми рече негователката
Да знам дека се плаќа така, нo пред некoлку месеци имавме ситуациjа иста не jа нoсев вo градинка 3 недели пoради примање МРП и тoгаш 700 ни стигна. Затoа ми немаше лoгика
Здраво на сите, дали има некоја мајка што го носи детето во градинката во Драчево. Моето е моментално 8 месеци, планирам да ја пуштам кога ќе наполни годинка, но немам кого да прашам за искуство во оваа градинка!? Ви благодарам
Мојот беше само последните 6 дена од јануари и стигна 950ден сметка И јас ќе прашам во градинка,очекував пониска сума бидејќи не беше 3 недели.