Нешто ти утнале. Ќерка ми одеше од 20ти јануари, платив околу 1000ден, значи за 7-8 работни дена адаптација, не беше цел ден. Нема шанси да е 1200ден за 3 дена. Прашај си, и да си платила веќе со следната уплатница ќе ти корегираат.
Се извинувам ако сметате дека прашањето не ми е за во оваа тема, но не најдов посоодветна. Моментално сум бремена 37 недела. Би сакала да прочитам искуства на мајки со бебиња чии поголеми деца оделе во градинка. Дали во првите денови по породувањето поголемото дете го пуштавте во градинка или правевте пауза?
Дали се случило детето да не сака да оди во градинка по две недели? Првата недела солидно се покажа, ама денес и вчера едвај го убедив да оди. Стигнавме до врата и сакаше дома. Не се дирал со никого, никој не го дирал. Освен многу објаснување дека е убаво во градинка, што да направам? Ме барал да ми се јават да го земам. И сам кажува дека велел мама мама мама цело време. Сакам да се социјализира. Не да има трауми.
Сега сфатил кај се наоѓа дека не е во игротека,мора да седи цел ден и мама не е таму. Ќе помине,се случува кај некои деца да има задоцнета реакција.
Редовно си одеше уште следниот ден кога дојдов дома без прекин. Тоа е негова рутина и негово време, не му ја поместив. Градинката не ја гледам само како место за чување, туку како прво училиште на детето. Бебето го адаптирам на неговите термини за станување, легнување, а си ја задржавме истата рутина за се. Веќе скоро 3 месеци така функционира.
Мислам дека прашањето повеќе се однесуваше за дали поголемото дете да седи дома за да не му донесе некој вирус од градинка. Секако дека не е убаво да се поремети редот на детето. Имавте некакви проблеми со разболувања?
Поголемата не одеше скоро 2 недели откако се породив, ама оти и мм беше дома и плус имаше многу снег лани, па затоа дома си седеше со нас. Во однос на вируси, само еднаш се беше разболела големата летоска и ѝ пренесе на малата. Немавме други проблеми во однос на вируси.
@drugarka И мене како @Jana06 ме интересира како се справувате со можноста дека ќе донесе вирусче од градинка. Мене ептен ми е страв од тоа, помалото ми е прематурче и не знам кога да го пуштам поголемото, а не сакам да му ускратувам соџијализација со дечиња. Периодот кога одеше постојано беше болен, 3 дена оди, 3 недели дома. Се мислам барем да потстопли малку со надеж за помалку вируси.
Ааа тоа имаше и вирус на 1 месец, лесно го помина само со мрсулчиња, фати и сипаници на 2 месеци, поминавме со 3 точки, без температура и потешкотии. Двајцата фатија. Тоа ми е неизбежно. Ама дете што сака да оди во градинка, да затворам дома и доволно ми е затворено со корона, не сакав, бев спремна. Се тешам со тоа што цица, па тераме, да не само посериозно, тогаш можеби и би се премислила. Јас бев спремна на тоа, ризик е но не мислиме пред време на најлошото. Големото фала богу, не ми е болежливо, но многу е индивидуално од тој аспект. Како ве носи интуицијата така правете, ако се разболува големото често, можеби и јас не би носела.
Нормално е да има реакција. Како што ти пиша и Софија, сега сфатил каде е. Ќе се навикне ако не му покажеш дека ти е тешко што така реагира. Многу се умни, ни знаат слаби точки. Син ми оди со трчање, супер му е, па пак некое сабајле плаче дома и вика мама чува, не градинка. Да си проба он а после трча да влезе.
Да, забележувам обиди за манипулација. Прво дома почнува да плаче дека не сака, па после во кола сакал во скут да седи а не во седиште, ама му објаснив дека нема да одиме никаде додека не седне затоа што е опасно да има судар па се да го боли, и попушти седна. Таму кога стигна демек ке оди, па дома ке се враќал. Со плачење влезе ама го зема негувателката да го убедува и ке видиме што ке каже кога ке го земам. Лаже дека го дирале децата, мислел ке го оставам се таму...
Мора истрајност, ќе се навикне. Зависи и од учителките, дали порано или покасно, ама ќе се навикне. Може го скарале они за нешто, па сега дава отпор, може некоја играчка ја земало друго дете и сл. ама ќе научи како треба, дека може и да го скараат и дека треба да дели и сл. Не знам колку ти е битно да оди во градинка, ама ти е, не попуштај. На почеток ние го остававме буквално зајден како на филм. Јас до паркинг го слушав како плаче. Една недела траеше тоа и се навикна.
Фала мајка, многу ми значи ова. Ми е важно да се социјализира, да учествува во игри, да е со деца на негова возраст. Со мене, татко му и бабите порасна, и многу е размазен. Сакам да се спреми за светот на возрасните. Плус и кај говорот има огромна промена на подобро, по 4 5 збора почна да сврзува, а ова му е трета недела како оди. Гледам веќе не ме влече за рака да зборувам јас за него, тулу сам си кажува и многу се труди.
Значи жени ова не е реално Само што завршивме со антибиотик поради воспаление на увцето минатата недела, вторникот и вчера ја пуштам по 30мин значи на адаптација, денес болна дал је могуче??? Два дена беше само и тоа во скут као на негувателката, двата дена уплакана ми ја вратија и да ми закачи нешто? Цела ноќ влечеме секрет од нос, се препотува а нема температура, кенкава е.. ќе експлодирам од нервоза! Што им давате за бустање на имунитет на 9м? Не знам што ќе правам, на работа почнувам за 10 дена.
Ништо не можеш пред 1г. Недолечено само не праќај оти одма закачуваат друго, особено ако пиело атб почекај недела дена бар да закрепне од атб, ако можеш нормално.
Што и да даваш џабе ти е. На пола саат фати стомачен. Една недела дома. Нареден пола саат рота и Е. Коли. И млеко од пиле дај, дур не створи одбранбен механизам имунитетот-вака ќе е.
Пред година мислам ништо за имунитет не се дава освен едни Babyvit имаше така нешто. Што ако давав со месеци сирупи за имунитет и триста природни начини испробавме, додека не ги помина сите вируси и бактерии така беше. 3 дена во градинка, 3 недели дома. Само трпение, ќе помине.
Гледај на природна база. Храна богата со витамини. Пилешка супа, батат, ѓумбир, куркума како зачин во храната. Дополнително витамин ц. Друго нема исти бевме. Катастрофа ми беше. 3 дена оди 10 дена антибиотик.