@Milkiway ,@Jana06 , @LiliBoz фала ви на сите Искрено втор пат ми се разболува за 9м, предходно беше настинат татко и па она префати нормално и се префрли на увце и ова сега За храна си јаде домашно постојано и готвам, ретко купечки ама ете мора да се пројде и ова и самиот педијатар кога и кажав дека ќе почнеме во градинка ми вика ,,значи почесто ќе се гледаме", си викам што уста имаше
Види дали можеш да прскаш спрејче во носе од диво оригано, пред и по градинка. Не дека не би фатила, ама надеж дека бар нешто ќе ја скокне
Zdravo mi treba sovet kako da go zapisam sin mi go gradinka mi baraat potvrda za vraboten odnos? Mazmi raboti jas ne. Kako moze da dobijam so ogled na toa deka doma site odat na rabota i nema koj da go cuva.
Првото детенце мое така. Првите денови супер, јас воодушевена и викам на негувателката леле супер ептен добро прифати и само се насмеа женава и рече: ааах чекај чекај... После се влечевме по ходници, плачки, повраќање од напор, ама по некое време си прифати, па супер му беше
А ти работиш и не си пријавена или? Мислам дека сеуште бараат, поради ковидот е тоа, порано не бараа потврди..
Ти ќе го чуваш? Мора потврда за работа зошто има долги листи на чекање на деца со двајца вработени родители
Скроз исти сме и ние.Демек доено дете подобар имунитет, жими мајка. Јас и давам дефендил, витамин ц понекогаш, ама сеуште неможам да видам ефект. Страшно е, два дена оди недела ипол дома, и се така во круг. Еве година ќе прави, 3 месеци како оди во градинка и незнам веќе кој ден кој да ја чува, сите можни комбинации ги правиме со сопругот. Јас се тешам/надевам дека да помине ладново, да се стопли ќе престанат вирусите. Многу лош период на почнување во градинка фативме.
Нема врска периодот на почнување во градинка. Се додека дете не изгради имунитет постојано ќе биде болно. Ист случај бевме и ние. Повеќе од 3 месеци беше болна, со тт... ама душата ми излезе, каде од премор па и од мисла зошто така.. не знам кај колку педијатри отидовме со цел да добијам повеќе мислења и сите истото ми го рекоја- стварање имунитет. И навистина беше така. Не дека сега не се разболува ама во граници на нормала. Само трпение...
Нема врска, мојот тргна крајот на мај, па до јули глава не кренавме тогаш плус и стомачни вируси вирееја. И јас доев до 14 месеци, до година се немаше разболено ама заради ковидот дека немавме многу контакти, не од друго. Еве скоро 9 месеци како оди во градинка со прекини, дури сега можам да кажам дека поминува болести на нога.
И јас многу се плашев пред да тргне, читајќи тука плус дека слушав доените деца имале појак имунитет, моето е на Ад скоро од самиот почеток, тргна ноември до сега само двапати беше болна, вториот пат само тт 2 дена и толку беше само со парацетамол минавме.
Леле скроз имам заборавено, пред 5,6г тоа беше.. Но побрзо од второто знам дека беше, макс 2м. Второто девојче ми е, она па со плачки си почна, со плачки 4 месеци беше...
За утеха првото доено, болно на 3 дена ми беше, со температури до 40, подолго време... Па и ден денес на 6ипол 7г е со послаб имунитет од малата. Малата доена малку до 5м, после 5м скроз на Ад, многу појак имунитет има и многу помалку се разболуваше. Е на неа и ја ставив вакцината за стрептокока, а он таа ја немаше примено.. Дали и тоа си направи разлика, незнам.
Леле @Jana06, се надевам ќе се смири малку, инаку отказ не ми бега. Која е таа вакцина за стрептокока, вон редовните вакцини е така? На ваше барање се става? И на која возраст?
Ја ставаат секаде во диспанзерите, не примило твоето? Како превенар може ја знаеш, пнеумокока? Три дози се.
Сега баш и ја отворив книшката, две дози има примено, незнам 3 кога треба. Ме замисли сега, јас се мислам на последната контрола ми рекоа до 13 месеци сме завршени со вакцините. Се надевам не пропуштам нешто.
Третата е обично 2 месеци пред мрп (ако ја касниш) или ако ја прими мрп на време тогаш после 6 месеци. И мојот ја нема примено третата и мислам петвалентна ревакцина зашто цело време беше болен. Треба да го однесам кај и да е.
Многу ме охрабруваат вакви постови, еве јас три месеца ја чувам дома од страв да не ми пренесува на бебето. Пред тоа кога одеше постојано беше болна, помина и висруси со тт, течење нос, кашлици, коксаки, сипаница се за период од 5 месеци. Сега веќе се мислам да ја пуштам и навистина се надевам ќе има помалку разболувања.Ако продолжи со истото темпо незнам...