Фала ти Јана, ќе се обидам да ја одложам мрп колку што можам. Па според неа ќе видам кога ќе и ги стават другите вакцини.
Коски ми се тресат малово што ќе трга во градинка само ради тие разболувања, а и јас немам право на боледувања, како ќе биде господ знае. Туку да прашам од кј им земате топлинки освен Кеги за градинка?
Топлинки.мк квалитет како на Цицибан. Често се на попуст, а се убави и цврсти. Српско производство се.
Мат стар.. На дос се многу квалитетни. И од обуча метро последно зедов на попуст околу 300 денари беа.
Ваикики. Многу добри се покажаа, а ефтини. За разлика од кеги на пример и други марки што ги има во Ипанема
И јас купувам од Ваикики. Првиот пат земав од оние како чорапи, сега веќе му зимам обични, лесни се и се виткаат супер, плус евтини.
Mila како ја пројдовте настинката? Моето е пет дена на адаптација, вчера со растечен нос го зедов. Виранто, оперил веќе почнав, диво оригано, не знам веќе што уште... Бебе треба од понеделник да почне, 100% ќе фати од брат му... Ти го носеше ли со растечен нос, ти кажаа ли нешто воспитачките?
Син ми одеше една цела недела и во сабота навечер почна да му тече носот. Одма виранто дадов и оперил. Го однесов наредната недела во среда или четврток беше. Носот не му беше растечен кога продолжи со градинка. Го праќам за да се социјализира па не го пуштав со растечен нос, може да закачи уште нешто плус имам обзир за вработените таму.
Како помина , моево направи 1г пред две недели уште не ми е ставена се денеска утре и само си одолжувам
Плачеше само тогаш кога ја боцнаа, оти и во двете рачиња ја боцкаа. Пет дена поминаа и си е супер,никaква реакција. Ама мрп дава рeакција после 10 дена така да ќе почекам уште оваа недела да видам
И ние ја примивме мрп.Реакција после 7 ми ден имаше.Висока тт 4 дена,еве денеска е така мирна нема тт.Можеби поминала реакцијата,инаку од тт уплав имам..
Да, прочитав во упатството на мрп дека може со превенар да се прими ама тоа што го пишав горе ми го кажаа во диспанзерот, а и јас не сакав две во исто време и си преќутев.