И во приватна кога го носев ми рекоа до 15месеци може да толерираат. Освен ако прават исклучоци за свои луѓе.
За во јасли дали знаете кога се запишубс детето ми дадоа еден лист од документите пишува на него да потполни матичен. Дали мора овој документ да се носи кај матичната?
Мајки, имам проблем! Синко во градинка не сака да јаде. До сега беше по 4 часа, но од први некогаш ќе мора да стои и по 8 часа. Дома во главно што јадеме ние јаде и тој, само во помали количини. Ми кажаа формула дека не смеам да внесам во градинка, поради Ковид. Сега на 01.03. синко точно 21 месец. Што да правам, што да чинам? Неможе 8 часа да стои гладен.
Што врска има ковид со формула. Само нешто измислуваат. Порано се дозволуваше кашички да се носат, сега нормално за да си го земаш порано ништо не даваат. Инаку, кравјо пие? Бар тоа нека му даваат едно шише. Не е штетно кравјото, можеш да видиш на нет дека има многу бенефити за над 2г. Инаку нема многу што да напрајш. Да се крстиш на негователките. Кога син ми не јадеше не сакаа да се замараат. Се надевам ќе наидеш на нивно разбирање и желба да се потрудат да не седи гладен. На крајот од денот, не е единствен. Обично корка леб им даваат глодаат цел ден и така се заситуваат. Или сок чај Само едит ова со лебот го кажувам за нашата градинка во квода.
Не, ниту кашичка да однесеш. Барав бар шмукалче да им дадам кога не јадеше. Не знам короната каква врска има воопшто со храна од надвор. Ај да не дозволуваш ради пример се потруе детето па да не ги набедиш нив, ама има корона не смее храна од надвор... @Madrugada ако пијат многу ќе мочаат многу треба пелени да мењаат
Не пие кравјо. Уште сме на формула. Ќе видам да ги замолам. Греота е да седи 8 часа гладен. Ќе плаче, нема да спие. Тие ќе имаат поголем проблем. Незнам само каква врска има формула и Ковид? А, нема да можам да го земам порано, бидејќи така ќе се погоди и јас, мм, мајка ми, сестра ми, сите ќе бидеме прва смена.
Ќе се навикне. Ќе биде гладен ден два, ќе види дека сите дечиња јадат, нема друго и ќе почне кад тад.
Чинам @duffi носеше значи може да направат ако сакаат. Незнам моево како ќе го биде ако не пие млеко сирената е на најако.
Јас носев првата година. Му ставав вода во шишето, не беше топла и во мерница Ад. Само му го мешаа. Ништо комплицирано.
@Bebac да или термос еден стави точно вода, мерилици има на нук за ад и само да го измучкаат треба. Помалку од 1м е процесот. Пробај убеди се со нив пред спиење да му даваат. Зошто ќе ти комплицираат дојди земи го, не е јаден/ спиен. Мене ми викаа ние гладно дете не чуваме.
А, што е толку комплицирано да се направи формула? Туку сакаат што помалку да се замараат. Еве пример: секогаш го земам од градинка или валкан околу лицето или покакан. А, не па формула ќе му правеле. Но, ќе ги опоменам. Имаат златна работа. Но, не го ценат тоа. Јас со ВСС рмбам и таа работа некој и без школо може да ја работи.
Оф. Ќе пробам, ќе ги замолам на културен начин. Џабе ќе се јавуваат, кога за такво нешто нема да ме пуштат. Ќе ми каже работодавецот, нека го нахранат. Тоа им е работа.
Мислам дека се оградуваат од тоа, не ради тебе него ради цела група. Замисли да прават они формула на 20 бебиња, а они колку негователки се 2,3? Физички не е изводливо. Ептен да ги замолиш тивко и меѓу вас да остане.