И за 20 да треба да биде, буквално само шишето треба да го промешат. Нема да прават манџа. Ама ги мрзи .
Не пијат сите 20. Многу се на доење деца не им даваат адаптирано и плус на таа возраст веќе не пијат ад дење. Значи може да пие 9-10м бебе и еве некое проблематично. Значи од 20 деца грубо 5 деца да имаат потреба од АД што сам ќе си го купуваш. Физички е изводливо затоа што 60 секунди ти требаат да го смучкаш. Ако се 5 6 деца. Значи 5мин вкупно (или пола цигара испушена во 10ипол кога не е време за пауза). Да речеме 90% од нив сами ќе си го држат шишето, значи 10тина минути во просек, имаш бар 5 зафатени деца со пиење млеко и во тој момент ги спремаш другите 15 за спиење. Не знам што е толку комплицирано. Моите екс негователки поише надвор на кафе и циг и по продавници дремеа, па за едно ад да смучкаат. Ама да дое дете на некој "влијателен" дури и адаптираното од градинката ќе го купат. Ама АЈ така нека е.
Те сфакам скроз, до негователките е. Не верувам дека ради коронава им рекле ад не давајте. Си прават ко шо им одговара, факт.
Сигурно нема да седи гладно детето. Син ми мнооогу пребира храна, и му даваат некогаш различно од другите (земаат од јасли манџа, па некако таа ја јаде), му даваат леб, краставици, овошје, млеко повеќе пати. Никогаш не е гладен, а буквално им плука 80% од манџите. Јас им реков да не се замараат, ако јаде добро, ако не, нека седи таказ мора да научи, а и крупен е, си има залихи, ама ме убедуваат дека мора да јаде, ќе се научи исто како аите други деца. Пред некој ден дојде жив среќен 5ка голема му нацртале дека изел се, и рекол пак ќе јаде за 5ка. Си имаат тактики. Не сака никој гладно дете. Ќе плаче и нема ни да спие како што кажа и ти, и за нив е најдобро сито дете.
Да вољата на негувателките е. Мене ме научија дека без проблем можам да го земам кога треба и ми вртат кога ке закенка. Плус синко си фатил здраво за готово дека ке се јави учителката на мама, и мама ке дојде кога му е кеф. Многу бил бунтовен, почнувале и другите да негодуваат. Во ходник сакал да седи. Од утре ке сменам. Ке кажам дека нема да можам да го земам. Научен е, убаво си разбрал дека сум на копче и си користат заедно синко и учителките.
Исто ти прават тебе? Пред некој ден само што влегов дома ми ѕвони да дојдам. Размазен бил. Знам дека е размазен затоа и го праќам, да види како е со деца, да се социјализира.
а што мислеше дека ќе се деси. Ако си им кажала, ја слободна сум не работам само за социјализација ми е да оди секако дека ќе ти ѕвонат. Не им е во интерес да си ги чуваат деца на невработени мајки, што можат да ги чуваат децата ама ги пуштаат на социјализација. За социјализација имаш игротеки и лулашки. На нас што работиме фул па ни ѕвонеле не па на тебе.
Да, си знаел дека може и си користел. И они покрај него. Нив не треба да ги интересира за што е однесено детето. Нивна задача е да ги чуваат сите деца кои се таму. Го примија и треба да знаат да го смират. Втората недела плачеше ама веќе е навикнат. Јас работам пола работно време, и додека е во градинка завршувам се. Социјализација на лулашки во јануари и февруари нема.
Да ме научија дека сум на породилно две недели во 10 го зимав после си го зимав во 12 ипол пред спиење. Исто изговор беше дека не јаде неможе да спие таму. После 3 месеци се враќа утре во градинка па ќе видиме како ќе биде.
За Социјализација и деца што касно прозборуваат само Градинка. Градинката нее само згрижувачки центар додека родителите се на работа. Еве имат и плус персонал вработено нека работат малце.
Исто, исто мајка. Каде можат користат. Не им се работи. Не знам дали прочита во темата за говор, кај синко има огромна промена. Почна реченици по 4-6 збора да кажува, плус мнооогу нови зборови има.
Точно, Многу работи не треба ама пак ги прават. И пелени носат дома и влажни учителките и негувателките. Затоа е важно да пресечеш, кажи на работа сум до 4 нема кој да го земе. Оти вака никако нема да го навикнат и ти цело време ќе го земаш предвреме. Тоа ти кажува и Милки штом те научиле дека можеш да го земеш, сега само ќе ти ѕвонат.
Напротив, градинката ја интересира ако не работиш а го носиш за социјализација. Ако немаш потврда за редовен работен однос итекако треба да ги интересира. Ама не те напаѓам да не се сфатиме погрешно.не е мој проблем тоа ќе си се буни некој чие дете не е запишано а работи фул тајм...тоа веќе го живееме одамна не е пд сега. Абе Мила мене 3 месеци ова ми се дешаваше. Стиснав заби го отпишав и запишав во приватна каде од 1 ден седи со спиење. После 3 месеци тортура. На твое место не би очекувала да остане на спиење во скоро, особено кога знаат дека можеш да дојдеш било кога. Безобразни се. Од страрт си требала да кажеш работам, ми треба да оди во градинка. Батали социјализации, пред нив не збори така. Социјализација нема де во јан феб 2 месеци во годината. Ќе има сега за 1 месец. Скоро па и цел јануари ни градинки нема по 3 4 деца одеа од група од 20.