Сите знаеме за што зборам, да не се праиме сеа дека не се разбираме, јасно е. Не зборам дека нема исклучоци, има, ама има и такви кои користеа.
Аманте бе, место да се жалите дека мајките кои не работат не требало да ги праќаат децата во градинка, треба да се жалите од државата и системот, што наместо да перат огроооомни пари и да си ги буткаат во џеб, правејќи и префрлајќи од шупљо во празно, не отворат доволно градинки и да примат персонал, па да овозможат сите деца да имаат подеднакво право да одат во градинка. Зошто таква поделба? Мајките што не работат како да се вработат и да одат на интервјуа, со детето под мишка ли, ако нема кој да го причува? Од една страна кога ќе се спомне муабет бабите дека не сакале да ги причуваат децата, одма скокате дека тоа не е нивна обврска, а ако мајките за да завршат некои основни работи сакаат да ги водат децата во градинка, да имаат малку слободно време за нив, за социјализација, или за било што, одма напаѓате. На секое дете треба да му се овозможи да оди во градинка.
Во право си Мила, сите треба да одат во градинка. Државна. Службено следам програма за ран н детски развој која ги опфаќа сите градинки во државава. Едвај 40% од сите деца се запишани во градинка. Во помалите места е уште полош процентот. Соодветен ран детски развој не се постигнува со чување дете дома од страна на баба, дадилка, па и мајка. Не е градинка место за чување дете, образовна институција е, или бар треба да биде. Основата на иднината се тие деца. Ама се додека сите си гледаме за себе, ништо нема да смениме. Сите ние го правиме системот во кој заобиколуваме правила. И мене ми го запишаа детето за 30мин во градинка во прекрасна група, ама се борам за секое едно незапишано на листа на чекање. И тебе ти оди детето за да се социјализира, бори се и ти и за другите деца кои не се примени. Јас и ти сме го решиле проблемот, ама да не го вртиме грбот на тие што не го решиле. И да, стојам зад ставот дека дете што не оди во градинка повеќе од 1 месец без валидна и докажана причина треба да биде отпишано. За тоа да се избориме заедно. Без разлила дали работи или не родителот.
Да, има такви кои дебело користат. Ама тебе не те одбиле од градинка заради таа мајка. Те одбиле затоа што системот не овозможил да има градинка за секое дете. Не затоа што некоја мајка сака да шета со документи и да пие кафе. Да не е тоа дете, ке е некое друго со врски. Пак доаѓаме на истото дека нема доволно градинки. @KuklickaSk Точно, еве моето дете од нецел месец престој во градинка напредна во говор светлосни години. Од дете кое не збореше доволно, сега меле. Од два збора премина на шест, чисти зборови и убаво изразување има. Јас тоа дома сама не го постигнав. А работев со него секој ден. Јас не гледам само за себе, ама како да помогнам? Ако го отпишам моето, мислиш дека ке запишт друго дете без врски? Не знам дали прочита претходно, и велеле не го примаме во градинка ако носи пампи. Некој им дава сила така да се однесуваат. Можеби знаеш да кажеш, кога е направена последна градинка? И колку нови градинки се направени последни 10 години?
Се прават градинки, не доволно секако. Во Скопје во последните 5 години јма нови градинки во Центар, Аеродром, Волково. Не е доволно. Секако дека други дете ќе било на местото на твоето запишано. Праќајте дописи до мтсп, до општината од која сте, јавно објавувајте. Гледаме дека само тоа што ќе излезе на тв се решава. Не знам кој што работи, ама видете службено дали има начин да реагирате, јас имам можност, и реагирам. Пак ќе речам, сите деца кои се на листа на чекање ќе тргнат во градинка ако ги отпишат овие што чуваат место и не доаѓаат никогаш во градинка . Ако не мислиш да го носиш, ич не го запишувај.
Секое дете мора да има право на градинка и место овозможено од државата. Не се мајките кои не работат криви, крива е државата. Мора да најде место за секое едно дете. За мене , секое дете над 3 години треба задолжително да посетува градинка по неколку часа. И јас имам една баба слободна за да гледа, ама ни на памет не ми паѓа да седи дома. А околу мене од децата кои ги познавам многу малку одат во градинка. Детево кога оди на градинка е светлосни години поразлично неголи кога седи дома со бабите.
Тие плус, посебна категорија се. Овде се збори за мајки кои не работат а децата сепак им одат во градинка. Според некои членки, едните деца треба да седат дома затоа што има кој да ги гледа, а другите да одат за мајките да им работат.
Можат само да зборат. Матичниот педијатар на син ми викаше дека нема член во Закон, според кој мрп е услов за посетување на градинка
Па проблемот е во тоа што нема доволен број на градинки. Не е проблемот во родителите. Јас кога го запишав во градинка, бев во работен однос, сега не сум и они знаат, па не ми направиле проблем, зошто сум во мало место, кај што има место за уште 10 деца во група. Крај краева има начин. Жена за чување се наоѓа.
Мајки ве молам за искуство со градинка Буба Мара јасли кај с. Милка. Колку време ви трае адаптацијата?
Многу е осетлива темава Еве кај нас, групата може да има 25 деца највеќе. Запишани се 24(место има за уште едно), редовно одат 22(не секогаш ама 22 се најчесто). 2 не се појавиле никогаш, уште од пред короната. Епа јас не држам ничие место само затоа што не ми тече стаж, или работам на определено, или работам од дома а некад кога нема работа пијам кафе или се враќам и спијам. Јас може денес да имам работа да не можам да јадам, ама пошо не сум пријавена и работам од дома, треба дете да седи дома. Едноставно не можам со неа да работам дома, невозможно е, прво зошто ќе досаѓа, второ зошто буквално никаква занимација нема да има. Но, да, апсолутно во кризата требаше да се решат прво оние деца чии родители се во работен однос, откако ќе се средеше тоа, требаше другите да ги примат. Не може моето деца, а и сите други како моето, да чекаат, зошто некој има можност да пушта дете у градинка, де брои на список, држи место а не пушта дете у градинка. Има и такви што ќе пуштат дете еден ден во месецот во градинка, колку да не ги отпишат. Е зошто бе пречат мајки кои пијат кафе? За да најдеш работа треба да одиш на интервју, а ако немаш кој да ти причува како? Многу е поголем проблемот. Еве јас тргна од мене и мм. Неговиот газда му е несфатливо како мора и мм да ја носи некад на доктор. Као демек јас сум дома, шо мора он. Викам чоек,ај ок сеа, ама сфаќа ли тој дека јас ако најдам асална работа ќе немам избор? Сега му одговара,никад не зел боледување, никад не чувал дете болно, јер јбг работа нели... Епа таков газда нема да каже ааа ок,чувај дете нек оди она на интервју. Многу лошо се гледа на невработените мајки. Тоа што јас некогаш имам работа и навечер, и за викенд и за празник, никому ништо. Ама таму у завод дека не стои редовен работен однос е огромен проблем.
Ако сакам и кафиња ќе пијам, и дома ќе седам и ќе шетам, детето ќе ми оди во градинка пошто деца не се пуштаат во градинка само ако нема кој да ги чува туку за социјализација. До кога со овие кривици на мајките кои можеле да го чуваат, ама го пуштале, муабетов не знам дали некогаш ќе изумре. Ко и за многу други работи државата не средила, не изградила доволно за да има место за секое едно, јас да земам кафињата да и ги бројам на некоја не доаѓа во предвид.
Џабе верглате едно исто. Лек е само фаќање штрафта од државава. Ја за друго дојдов. Н Е М О Ж А М веќе со вирусиве и бактерииве. Све пробав уште бајач ми остана... Ама од разболување на 3ти ден, сега стигнавме до разболување на 6ти ден. Дали ова да го рачунам за прогрес? 1 недела е у градинка, 2 недели го лечам, и пак и пак и пак истото. Дух сум станата... Не спијам, не можам да се фокусирам на работа... Сакам само здраво дете што си оди во градинка. Толку.
Исто беше, една недела градинка, две дома... Па зголеми на две недели, па на месец... И точно си знаев кога ќе се разболи. Станува полесно, ама почетокот е тежок. Кај мојава еве иако веќе поголемка, има период кога нема да се разболи, а има и период кога ќе не зареди на една недела. Лани од март до септември, ич не се разболе, а тргна прв пат после година дена у градинка, од септември навака, ја зареди се... Но у глобала полесно и побрзо поминува.
Мене матичната ми рече носот е највеќе крив за све, па носот го чистиме обавезно секој ден. Спрејче диво оригано во нос, бар тоа кај нас добро се покажа. И време треба... Кога ќе прележи се живо, година дена, ќе биде после подобро
Синко почна на 1ви. Одеше цела недела и за викенд почна носот да му тече. Се на се 5 дена болен. Темп еднаш качи ама носот како чешма. Помина со виранто и оперил. Од вчера пак му тече носот, денеска не беше и утре нема да оди. Иста комбинација и овој пат. @mariz Диво оригано кога да ставам? Секој ден пред или по градинка?
Диво оригано смееш да прскаш по неколку пати на ден. Не е воопшто штетно, не е хемија, сосем природно е.