Спреј ли купувате, од која возраст може? Јас досега купував капки ама ако може ќе земам спрејче попрактично е. Инаку син ми е 14м
Супер, фала ти уште после ќе купам, вака со капките дека не седи мирен и не знам колку ставам што ставам хаха
Мајки, како се справувате со нејадачи во градинка? Син ми денес прв пат беше целодневна, ама ништо не јадел. Многу се загрижив. Дали е период, не знам.
И мojата беше така првите денoви. Пoсле виде другите дечиња jадат пoчна и oна. Без грижа маjка ќе се среди.
Како е во јасли? Конкретно ќерка ми има 10 месеци и само што почна да оди по неколку саати ама внатре не се влага. Ме интересира што како прават таму, само во креветче ли се бебињата? Си играат ли заедно некогаш бебињата?
Во градинката кај малата си играат децата на под, ги стават да лазат, ги ставаат во лулашка, дубак. Не се во креветче цел ден
Само бебиња- деца кои знаат да одат можат да си играат односно не се во креветчиња. Додека јадат сите кои не одат се во креветчиња, едно по едно ги хранат воспитувачките, кога ќе заврши јадењето седнуваат во круг - играат, слушаат музика, воспитувачките им рецитираат песнички. Па ручаат, потоа спиење, па ужинка и слободни активности, музика, песни до зимање од градинка. Доколку имаш можност барем до 18 - 24 месеци подобро е да го чуваат дома. Навистина сум задоволна од градинката во која одеа моите деца, секако се зависи од вработените во градинката - оние кои се посветени навистина се трудат околу децата, но сепак се две жени за 20ина деца, бебиња. Многу често неколку деца плачат, а тогаш и бебињата кои не плачеле се вознемируваат. Имам пишувано во темата, негувателките, воспитувачките кои со љубов си ја работат работата имаат подобра, посмирена група.
Препорака кој молерс го зимате... кој е повкусен за дечиња... ни препорачаа омега3 да пие ама видов дека има со вкусови некој ..да не зимам за џабе а не е ефтин
Во групата кај син ми секогаш сите заедно си играат. Во креветче се кога ги спремаат за спиење. Најчесто проодените скокаат, трчаат, играат на песнички, а помалите се седнати во средина со играчки околу нив. Ако имаат некоја активност и не можат да ги следат сите деца, малите ги ставаат на душеци со ограда.
Лимон. Тој го пиеше без проблем, а кога сменив со јаболко почна да негодува. Веројатно лимонот најуспешно барем малку го прикрива грдиот вкус.
Јас го земав тути фрути, од саботата почнав да го давам, засега е добар, почна и во градинка па највеќе ми е за тоа.