Нормално е да плаче на оставање, ако таму е смирен, не го мисли. За имунитет сите различно даваат, ама мислам дека нема многу ефект дур не ги пројде детските вируси
Затоа што вработените се партиски и никој не ги контролира градинките. И родители не се бунат доволно... друг одговор немам. А јавна тајна е дека 90% се поддржани од партија.
Да исто сметам дека родители не се бунат доволно, некако се се прифаќа е па ок такви се правилата... а сепак за деца наши се работи, ако за најмилото не се бориш тогаш за што друго во животот....
Каков е ѕој? Мојата е алегична на багрем и сеа мед кога и давам знае да се затне некогаш вајда има нешто во него...
Да не се бунат никој, гледа да го запише во градинка. И не се буниме еве пак за групите што сега пак ќе ги враќаат по старо. Значи јасли би имало 20-25? Сега се 15. И ај да ги прашаме градинките дали прават вежби за евакуација за пожар, земјотрес, поплава? Како они 3 жени ќе спасат 25 бебиња при ваква состојба. Дали како родители размислуваме или само си викаме ќути запишан е добро е за 1400ден. Они се жалат не можат да постигнат да ги наранат и преслечат, а како ќе ги извадат при пожар? Земјотрес? Пукнало парно? Во 1во одд во школо од прозори скокавме кога пукнаа цевки по ходници. Ама нека, ќе седиме со рацете во џеб. После крив ќе ни е цацко.
Гпрупите ќе ги враќаат по старо селективно за секоја градинка или донесена е одлука за сите? И од кога почнува ова?
Ова не знам, моја претпоставка е дека ќе ги вратат нема одлука уште мислам. Ова беа корона мерки намален број. Нешто ми спомнаа од септ по старо групите ќе ги враќаат. ...
Во Јасли моментално кај нас се запишани 29 деца значи веќе они си ги враќаат по старо. Смао сега ќе се прави чистка кое не оди повеќе од 3 месеци ќе отпишуваат. Нема мислам веќе чување место.
Го викнаа синко на роденден, другарче од градинка. Што е соодветен поклон за другарче од градинка? Не сме биле до сега, нити нас ни дошле, поклони за деца сум купувала за блиски и поголеми поклони.
Jaс купувам најчесто слагалки од оние со повеќе броја, некој креативен подарок за цртање, сецкање, склапање форми... Или ептен ако го знам детето некоја книга што знам дека ја сака.
Пробав и со играчка и со убаво зборување дома и со објаснување и со све и на нет пуштам деца во градинка да гледа дека не плачат ама џабе е све вика не не не мами и почнува да плаче. Послем работа гледам да излезиме само јас и тој време за нас да си имаме (зошто почна да не сака од дома да излези мисли таму ќе го носам, почна да бега од дечина му вика чао чао Дада и толку) не е како порано да ги гушка да игра. Незнам шо ќе биди, приватна градинка е и стварно не се сомневам дека немаат внимание. Ќе видам како ќе биде фора уште наредна недела, а во меѓу време ќе разговарам со психолог колку е нормална реакција а негова
Служувалка со биби и боби или мемориски картици 3+ се ама може и за помали, сет со пластелин со разни форми и модели, книга некоја, од оние боенките шо се со боичка да ја полниш со вода ( не знам точно како се викаат се надевам ме разбра) или некоја играчка количиња, алатки...
Не одговорив кога постираше првиот пат бидејќи немав совет да ти дадам и искуство од прва рака, ама мислам дека е нормална реакција посебно со дечиња кои почнуваат во градинка кога разбираат многу повеќе и кои се осетливи Од втора рака, внука ми беше слично како твојот син, со плакање и навечер и сабајле пред одење, и таму нонстоп викање по мајка и, повлекување, после 1-2 недели почна и со ноќни терори. Правеа пауза, се повлекоа ноќните терори, ама во нивниот случај мајка ми работи во градинка па ја запишаа во група поголеми деца кои мајка ми ги чуваше и беше многу подобро дека ја гледаше баба и таму. Од сите искуства кои ги имам слушано од мајка ми за градинката каде работи можам да ти кажам дека нема некаков совет, може да му кажуваш, објаснуваш ама некои деца се едноставно ептен сензитивни, осетливи на тие промени, тоа му е карактерот. Можете да терате со убаво, може ќе има подобрување, чекор по чекор. Секако многу зависи колку се трудат околу него учителките. Да му кажуваш дека едвај чекаш да го земеш, дека сега е време да ги види дечињата и да си игра, дека ќе бидеш тука да го земеш за скоро. Нема друг магичен начин, само време, трпение. Се надевам дека ќе видите подобрување скоро. Не е важно толку дали плака на оставање, повеќе е важно таму да се смирува
Најнормална реакција 3м со плачки беше мојот во приватна ми го средија. Ќе го средат верувам штом велиш дека се трудат и они.