@paleska3 Јас сум презадоволна од овие ампули, ги давам на синко од крајот на септември, по пола ампула на ден, наутро пред градинка. Во јануари правев пауза еден месец оти ги немаше по аптеките во цела Мк. После од февруари пак продолжив. Малиот на нога ги мине сите настинки зимава, фала Богу. Дали е до ампулите, или дека наполни 3год и стекна некаков имунитет од градинката, ама не се разболува така често веќе.
И кај нас еве почна од вчера пред спиење 16 пати легнуваме во спална ме тера во дневна па одиме во дневна бара назат во спална.. Во сонот почна да збори не мами не мами.. Се сомневам дека детето е карано и многу исплашено. Пример денес играчките собрани му викам земиси играчка не не ми вели Дада нее (Дада се воспитачките и цел женски род) не фака дома буквално ништо и само враце е кај мене кога ќе си дојдам од работа Детето толку стана повлечено тоа е чудо. Го зема мм вчера и претежно тој ќе го зема јас сум до 18ч и носето удрено шо направи прашувам Дада вели дали дека таму се удрил дали дека со некое девојче незнам не сака воопшто да збори за таму, а ни рекоја дека со играчка се удрил. Една негувателка на 3деца е и пак неможат да ги догледат
Многу ми е тажно за деца што не зборуваат и одат в градинка. Мојата се удрена ја земавме, а воспитувачките се правеа дека не виделе кога паднала и као се чудеа. Па како бе? Едногодишно дете да падни и да му се направи модринка ќе пишти како то никогаш не знаеа што се случило?! Еден ден се јавија да ја земиме расцепена на главчето, ја шиеја на хирургија. Имаше 2 години и ништо не знаеше да ни каже. Е после 3та година тек стана полесно и почна да дава рапорт за се што се случило.
Тоа шо не сака да зборува за таму е нормално на почеток. Тешка е адаптација да ама слушајте си ги децата еве сега малата кажува буквално се шо се случува таму, извештај дава и без да ја прашаме. И ке речиш дете е не разбира бујна фантазија има да во ред е ама една работа ја раскажува со денови ако тоа нешто не е нормално за неа. Дома никој и нема повишено глас а таму ако се случи нешто одма кажува Д калаше тој и тој. Сме немале проблем до сега но ако нешто се случи одма би реагирала. Они се тие кои треба да му ја олеснат на детето адаптацијата а не се удри со играче и дома имаш преплашено дете.
Споредено со син ми не ми личи на "нормална" адаптација. Секое дете различно. Ама еве во приватната кај што го носам се 2 негователки и 1 воспитувачка во јасли се 7 деца. Никогаш удрено, модрици има по нозе тие не ме загрижуваат трча, паѓа, се набива во играчка. За разлика од државно каде го земав со џумки, липање, трескање, тресење тука ваква одбивност немал од прв ден. Се ми кажуваат до точка што правел и како правел. Што сака што не сака. Можеби треба да смениш градинка и да пробаш. Јас сменив и се покажа дека добро постапив. Плус по дете се гледа најдобро он е разположен се смее, дома гледам дека има промено опуштен е релаксиран не е нервозен. Уште во кола мафта за чао кога оди, а најди ми ги мислењата да видиш какви маки имав по другите. Јас бев со став дека детето најдобро покажува кога нешто не е како што треба, кај мене се покажа така. Иако пак ќе кажам секој своето дете најдобро си го познава,колку и они да те убедуваат во нешто друго.
Фала ви девојки на совет.. Од понеделник ќе побарам психолог па ќе видиме. Еве денес иако не е во градинка пак дома поврати значи на гладно од сабајле.. Никогаш немал ваков или сличен проблем со повраќање. Ќе барам решение па ако не отказ ќе дадам и тоа е тоа
Мнoгу ни пoмoгна гелoт oд Алoе вера за деца. Премнoгу! Ќе настине не дека не ама на нoзе прoаѓа без антибиoтици.
@BabyT не сум те цитирала, на твојот пост се надоврзав. @Larahappy колкаво е детето и колку долго го пие?
Самo еднo шише испи мoетo, кoга пиеше имаше 2 гoд. Ми кажаа кoлку да и давам спoред вoзраста нo сега не ми текнува кoлку беше тoчнo.
Мед давам ,ама за матичен млеч /полен ми е страв.Сеуште дава реакција на киви,на некој вид сирење, и на козметика.
Малце глупо прашање, во градинките како одат во тоалет? Сите ли седнуваат на истото? И ако има некој искуство со мајски цвет тафталиџе да пише.
значи една по една градинка се шири,од јануари навака матичната рече интезивен е коксаки кај нас помина пред месец ипол,цела група се заразија