Не, не. Му останаа уште две вакцини по календар што ги нема примено и дека цело време болен никако да го однесам.
Вакцина нема за коксаки за жал..малава ми е нафрлана ама за среќа малку однадвор на рачето и на ногата околу прсињата а околу крајниците има само 3-4 брунченца денес и се смирени и дадов прополис и шеќерче...2ноќи имаше темп. 38.8 и тоа навечер само...по крвна слика покажувало како гнојна ангина ама не е..... Во градинка кажав и како што гледам во групата не ги известија родителите дали таму правеле дезинфекција нз.. Не сум од ск..
Коксаки има секоја година ова време, не е ништо ново. Да дезинфицираат и секој ден пак ќе има. Тоа се детски болести кои сите ги праоѓаат.
Мајки кажете некој сируп за апетит? Од Бекутан кидс витс ни го дадоа промотивно,ќе брка ли работа да му го дадам да го испие? 2 ипол е скоро, ме пукнаа во градинка со нејадењето Нејадач е, инсистираат да јаде сам (пола во врат- пола во уста) и секој ден ми нагласуваат дека не сакал да јаде,јадел споро,па не јадел појадок-јадел ручек или обратно. Има периоди кога ќе кажат дека јадел но поспоро од другите деца, некогаш се најал и меѓу првите, но има денови како денес не сака да го пипне појадокот (а пред да излезат од дома со татко му му рекол гладен сум) забушавал со ручекот и доаѓа дома дај ми нешто да јадам. Се нервирам што седи гладен и не знам што можам да преземам. Упорни се дека треба да јадат сами децата,а мојов и да го хранат можеби нема да јаде. Дали го караат, дали му го земаат пред време јадењето, дали е неков револт на детево не можам да разберам Не знам кај е проблемот, дома јас му давам и јаде и ручек и вечера,измеѓу ужинки... некогаш кога не е многу гладен знае да прави пауза меѓу залчиња ама ќе си го изеде оброкот...
Давам јас Бекутан на база на Б комплекс, задоволна сум, може има 2г како го давам со паузи. Дали го разјадува што знам, ама не скока оброци. Ама ова вашево секако не е нејадење, некаков револт е, ти можеш да даваш, ама по кажувањето детето си јаде. Почни и дома да го оставаш сам да јаде, нека врти лажици, нека барата со вилушки, со раце.. Реално и голем е да биде хранет, помош да, ама воглавно нека јаде сам.
Бекутан мултивитамин му го давам од година и многу го разјаде искрено на сите прави друштво за јадење
Знае да јаде,бар пред мене кога јаде. Со лажица малку е понеуреден,од градинка редовно доаѓаше исфлекан. Но јас немам нерви да го чекам 2 саати да јаде,а треба да излеземе,или да спие...а времето изминува. Со вилушка исто знае да јаде си боцка си носи во уста. Проблемот е што он е спор, го оставаат сам да јаде и се лутат зошто не се најал за 20мин. Ако сакаат за 20мин да е најаден ќе треба да му даваат они. Ако е целта на оваа возраст сам да јаде,нека го остават и подолго. Проблем е што е меѓу најмалите во групата,сите имаат веќе по 3г и некој месец и се водат според мнозинството.
А што ги кошта да го остават сам да јаде па макар и 1ч? Да било дете таму од негователка зар исто така би правеле? Може 20м да јаде сам па другото нека му помогнат они. Не може по мнозинство да се водат на таа возраст секое има различни барања. Ај нека седат дома па кога ќе научат се што треба ќе ги пуштиме во градинка. Еве јас на пример јадам многу бавно цел живот сите сегде ме чекаат и што треба да ми соберат дома ручекот од маса, не знам побрзо да јадам
@Sofi.ja и девojкaва мojа спoрo jаде и спoред мене тoа е сoсема нoрмалнo. Мoже смешнo звучи jа темпирам вечера на неа да и дадам затoа штo спoрo jаде ,а за тoа време гo бањам и му давам вечера на малoтo. Леле нека ги oставаат децата да си растат и уживаат не се рoбoти.
Моето знае и по саат време оброк да го јаде, па и поише, во градинка го чекаат најчесто него. Мене ми смета искрено, не па на нив. Ама од 2г дете не може да се очекува толку многу.
Ја ќе се уфрлам во муабетот за корксаки. На золвами децата беа исфрлени лом, газе, уста хаос беа. Едвај ги оправи, ги мачкаше со една крема црвена боја беше, нњ ми текнува на името ама им помогна. А ние сме сега пак дома, малиот пак ја фати бактеријана што ја имаше за нова год, од градинка се фаќала. Сакав да предложам бар 1 месечно родителите да прават брисеви на деца чисто онака.