При бактерија во носе се става антибиотска крема според антибиограм. Ако не се третира навреме може од секретот да спушти на плуќа и да кашла па тек тогаш ке треба да се пие антибиотик. Бактериите се третираат за да не се пренесат на други деца во градинка.
Бактериите вака или така се пренесуваат на децата, неизбежно е. Се става локален антибиотик знам ама најчесто не помага, барем од искуство кај нас. Ти ја разбирам поентата ама ретко кој прави контролни брисеви толку често, па и дава антибиотик на здраво дете. Јас не би.
Мајки дали има некој како нашиов случај? Децата ми се 2год и 3месеци, трета недела во градинка, супер се прилагодија, не прават воопшто проблем, таму си играле со дечињата, среќни се, им се познава на лицето кога ќе ги земам дека се задоволни, но ништо не сакаат да јадат, од сабајле ги носам гладни и седат до 12часот и прегладнети се и пак ништо не сакаат да јадат. Дома кога ќе ги донесам плачат од прегладнети. Воглавно проблематични деца се со хранава и тоа многу, со саати јадеме и тоа само одредена храна, ама кога се гладни прегладнети и само леб јадат, ама ете во градинка ништо ме сакаат дали им треба повеќе време за да се опуштат или ова вака ќе остане, многу сум загрижена, неможам да ги оставам со спиење бидејќи знам дека се прегладнети
1 недела градинка и еве сеа температура висока . Знам дека е нормално знам дека ќе помине знам се ама да ми олекне ... Зар мора да е вака
Барем да знаев дека ќе помине Мојот се затнува, дува нос, полн секрет, кашла и еве две недели од прв симптом диши на уста, грчи, уште дува зелени мрсули. Катастрофа е. По само 5 дена во градинка. А пред тие 5 дена не одеше 3 месеци. И тогаш имаше исто вака нешто фатено, 2 месеци беше ваков во дишењето. Во спиење воздух снемува ни на уста можи да диши ни на нос. Едвај се опорави претходниот пат и сега нерви искинав дека по 5 дена пак исто е. Како да го пуштам таму пак? Да закачи уште нешто на ова па да се искомплицира? Јас разбирам да настинува често, ама и да оздравува, а не вака, да останат последици со месеци од една настинка. Има ли други како моето и како сте постапувале? Јас сум крајно разочарана и во безизлезна ситуација. Страв ми е да го пуштам ваков пак в градинка. Дајте некој совет..
Само цитерал во носот една недела и инхалации со физиолошки ама тоа е завршено уште пред една недела. Претходниот пат го влечкав по орл и пак ништо, само ацидосалус да прскам ми рекоа и само од себе со тек на време се повлече тогаш ама го чував дома. Ама таков беше едно добри 2 месеци. Еве и сега му прскам ацидосалус и верувам ќе се повлечи со тек на време ама што понатаму? Како да го пуштам пак во градинка? Дали за ова има соодветно решение? Кај да барам одговор? Морам да тргнам на работа и нема кој да го чува, а вака ако е цело време па и жал ми е и немам ни срце да го пуштам .
Да пробаш хлорамфеникол во нос да мачкаш со стапче за уши наутро и навечер? И спреј од диво оригано обавезно. А кога ќе оди во градинка спреј пред градинка и после градинка.
Немам пробано со хлорамфеникол, ќе пробам, ќе се консултирам секако мор ада се носи на контрола. Кожа ми се ежи кога му го слушам дишењето. А прскав цело време од ацидосалусот ама ништо. Не го спаси. Диво оригано знам дека лути тешко ќе ми прифати. Едвај едвај се убедивме да прифати некаков спреј. Се дави кога му прскам и не сака
Пријателка моја нити работеше нити работи нити пак бара работа. Беше вработена само на хартија колку за да заврши работа со уписот на децата во градинка. Веднаш кога почнаа да работат градинките после Ковидот децата и продолжија со одењето в градинка. Времето дури биле в градинка било време за нејзе, да поуживала. Е сега за разлика од неа и сличните на неа, на кои тоа им беше слободно време, имаше случаи кај што двајцата родители беа вработени и имаа проблем за чување на децата. И вакви работи не се случуваа само за време на Ковид, се случуваа и претходно, се случуваат и сега.
Нека се лутат колку сакаат, ама стварно сметам дека во услови кога нема доволно места во градинките, не е фер за некој да испие кафе на раат, некој да нема кај да остави дете. Исто мислам дека не е во ред да чуваат место, а детето без причина со месеци да не оди во градинка.
Само причината што запишани деца не одат е валидна за бунт. Инаку сите деца треба да одат, во развиени земји 98% од децата одат во градинка. Кај нас и да има место за сите, пак родителите нема да ги праќаат. Да ги отпишат сите деца кои не одат, а држат место, ќе има место за сите од листа на чекање. Пред некој ден во муабет една мајка на лулашки ми рече дека син и е запишан од септември, ама бил само 2 дена по 30мин. Многу плачел, немала она срце за тоа. А зошто чува место? Ја прашав, ми рече 'па за секој случај, може ќе почне'. Детето имаше 4 ипол години.