Ич не лути Не водете без врска туѓ есап. Не знаете зошто некој не оди во градинка, ниту зошто некој оди. Вас ќе ви ги кажат на “лулашки” вистинските причини. Ај важи. башка па и не знам како знаете дека пијат кафиња. Јас на работа сум преку ден, како би знаела дека некоја мајка е по кафиња?! моето моментално не оди. Таман си почна, малово се разболе многу и ја повлеков. Тргнав да ја праќам пак, еве ја втора недела со мрсули. Нема тт и по дефиниција на многу тука би требала да оди, ама лично сметам дека не е фер. Има и други мајки во групата со бебиња па не би сакала потенцијално моево нешто да им пренесе. Некој ако ме праша зошто не оди, пази да не им раскажувам зошто не оди. Или некој да мисли дека има кој да ја чува. Јас работам и таа седи позади мене си гледа телевизија. Ептен супер поминат денот, посебно на состанок кога сум и само ја опоменувам да ќути. Гледајте си својот двор.
Не ако моментално не работи, туку ако е ситуација ко гопоѓата што ја наведов, која нема еден работен ден во 40 години, нити пак има план да работи, а користи место на некој кој стварно има потреба.
Освен ако не си ти "госпоѓата" од каде знаеш баш што планови, ситуации има Ама зошто постојано носот кај комшиите да биде, зошто
Јас знам дека на сите вработени родители децата им се примени во градинка, кај нас во градинката е така. Ама ти што водиш есап дали некој работи или чува место за детето ми е малограѓански.
1h вkупно одење во градинка за 6 месеци е џабе држење место. Уште полошо е што кажува дека тоа е во ред. Сите деца кои не одат повеќе од 1 месец без оправдана здравствена причина ме треба да држат место. И да, ќе си глеаме свој двор коа туѓите одлуки нема да го нарушат доброто на другиот.
Носот ми е кај комшиите, оти сум засегната, а за плановите и како го троши денот знам оти секојдневно слушам од нејзе. Да, веројатно е малограѓански тоа што водам есап дали некој чува место за детето во градинка, ама во ситуација кога нема доволно места за сите и те како не е во ред некој да чува место за секој случај, а не го пратил детето со месеци во градинка.
Многу сте ми интересни кога се кошкате меѓу себе, а ваму никакви услови. Еве Весели цветови во квода после 20 години добија нови играчки, 2 телевизори и ново комбе за разнесување на храна. Ама ние туѓи есапи ќе водиме која седела дома која работела. Ако не ви е примено детето соберете се сите што сте на листи на чекање барајте ги родителите што чекаат и петиција...
Нема да гледате затоа што не знаете што се случува во туѓуот двор. Вие може мислите дека знаете, ама тоа е само филм кој сами си го правите на база на тоа каков сентимент гаите према личноста Секое дете треба да оди во градинка. Место да се бориме за здрава храна во градинка, повеќе одење надвор, помали групи, нови градинки, ние ќе гледаме кој има право, а кој не да оди во градинка. Ја читав Милки на темава @Milkiway . Единсветна со конкретни забелешки и предлози. И кој конкретно и одговори. Никој. Ама битно туѓ есап правите. Е па правете го на вистинскиот начин, конкретен, кој ќе носи прогрес и промени. Најлесно е само да се коментира и бара "виновник" за дадена ситуација во која се наоѓате.
Епа не е така. Последниот пат кога се разболе синко толку заглави -ковид,грип,воспалени на уво+бактерија , сето тоа едно по едно, матичната рече месец-два да ме чујам дека си го пуштила во градинка.Нити сум се правдала зошто не бил, нити во план ми е да објаснувам. Си плаќам уредно и не ми е гајле. Која глупост дека мајката ако не работи мора да седи детето дома, не во градинка. Пример / седи дома , детето и уназадува со развој, не зборува и слично, а прв совет кој ќе го добие ќе биде :под хитно во градинка. И сеа она ќе се правда зашто детето оди а она седи дома. Леле леле
Да се соберат сите што чекаат и да бараат да се изградат нови градинки. Не може во Скопје град што расте со брзина на светлината, секој ден изникнува нова зграда со најмалку 60 станови, а градинките исти изградени после земјотресот истиот капацитет за деца од 60тите години. Не се криви ниту градинките, како да запишуваат нови деца, каде да ги стават тие деца, кога групите се полни. И да се зголеми бројот на деца во една група, на што ке личи тоа 40 деца во просторија од 15м2 со две жени. А кога ќе се појави проблем во државна градинка одма правиме споредби со странство и со приватни градинки, а никој не спомнува дека таму во група има по 10 деца најмногу, а ваму по 40.
Како не се криви градинките? Треба тие да се бунат во општините и да бараат буџети за проширување на клонови. Весели цветови во 2 клона правеа проширување на простории. Сега нешто новиов градоначалник се заангажира многу дури и вработуваше. Овозможија да има место за +50 деца минимум. Сите имаат големи дворови и можност да прошируваат ама пара не им се дава. Приватните може да ги субвенционираат и да се запишуваат и таму повеќе деца. Приватните пред некоја година бараа да бидат субвенционирани и така ќе се намалеше теретот врз државните и ќе се зголемеа групите, ама државата не прифати ги одбија. Ќе мисли државата за нашите деца. Кој има врски ќе оди.
А мислиш не се бунат, за вработени молат секој месец во министерство и не им одобруваат, хихиеничари нема, а не па па воспитен кадар. 5 играчки ќе донесат од општина и ќе се испосликаат цела тајфа, као ете придонесуваме за градинките. И што е место за 50 деца кога само во општина Карпош на листа на чекање има 400 деца. И јас сум да се субвенционираат приватните градинки, кога веќе нема место во државните, ама пак тоа мора да го направи држвата или општината, таму треба да ја бараме кривицата а не во самата градинка или персоналот
Мајката има потреба од кафе да се напие и да се изнаспие дома. А детето има потреба да се социјализира и има деца со јасен говор кој одма викаат веднаш градинка. Што се буните што они уживаат дома, бунете се за оние што си плаќаат само место а не одат со години во градинка. Еве јас го носев син ми во Градинка се враќав дома и правец во кревет и спиев по цел ден. Треба да се буниме за условите за чувањето места за несовесните родители кои носат болни деца во градинка,и уво не ги боли кога реагираш за бактерии и слично. 3 месеци не го пуштив бидејки бебево се измачи, го пуштив од први и одма за 5 дена бактерија кај двајцата и со страшни симптоми. Малото ми се измачи втора недела едвај диши. Неможам да разберам како се неодговорни бутни маста во нос и пушти го.
@Milkiway Градоначалникот навистина многу се труди, лично сум сведок. Ама џабе му е се кога не ја знае вистинската слика во Градинките внатре и нема кој да му ја укаже. Родителите не се жалат за да не им ги зајадат децата. Еве многу се жалат од Весели Цветови а кој отиде директно во општина да се пожали? Никој буквално. Мојот ќе оди таму коски ми се тресат што ме чека.