Не , ти си неодговорна не си го пуштила три месеца во градинка , срамота, требало да го отпишат Како можеш па и дете да носиш во градинка за да спиеш дома
Епа си викам или сега ќе спиеш или никогаш веќе Секако дека ќе го отпишам, како што ги отпишаа децата што со очи не виделе градинка.
Малото е хаос цело време, нити вакцина примил. 3 месеца атер за него да го одморам не го носев и навистина не се разболеа. Он само да се размрсулави одма лепи на плуќа.
Според мое мислење секое дете треба да оди во градинка.За социјализација, ред, дисциплина е градинката без разлика дали одиме на работа или не.Од баби и дедовци буквално ништо нема да научи, само подиво ќе биде детето.Јас гледам голема разлика од кога го пуштив во градинка.
Ели твоето дете одело, било болни и имате потврда зошто не оди. Пак ќе почне. Зборувам за тие деца што воопшто не одат, не за мајки кои не работат. Да, треба да се бориме за место за секое дете во градинка, пишував назад на темата, ама додека нема места, не е во ред да чуваш место за секој случај. @Milkiway има државни градинки реновирани, со подобри воспитувачи и услови од многу приватни градинки. Восиптувачите во многу приватни градинки се и полошо платени од другите, не е дека баш многу се мотивирани да работат. Весели цветови не е реновирана за жал, откога јас сум одела во неа, ама не е дека сите не чинат. Види ја градинката Кочо Рацин во Капиштец, Срничка Чекорче Аеродром, новата во Волково, новата во Кавадатци. Секоја општина е одговорна за градинките под неа, затоа и има толку разлика. Мене детето ми одеше и во приватна, сега оди во државна. 10 пати позадоволна сум од државнава. И во однос на воспитувачи, и во однос на здравје. На другарка малата заглави со рота од приватна градинка, уште нема извесување дека дезинфицирале простории. Кај син ми после пријава на било каква инфективна болест дезинфицираат, при пријава на бактерија, медицинско лице им прави преглед на сите, групите се целосно оделени со посебни влезови без да се мешаат деца. Во приватна во станови/куќи сите што користат ист влез, си префрлаат вируси како стигнат.
Дете со бактерија не е здраво дете. Бактериите се инфекција во организмот. Дали кога треба вашето дете да прими вакцина ако има бактерија ке го водите како здраво дете и ке го вакцинирате? Антибиотик маст се дава според антибиограм од лабсрсторија и неможе да не делува. Ако по некоја ретка случајност не делува ке си се консултирате со педијатарот може не ви дал прикладна терапија. Дете со мрсули од бактерија не се меша со други деца и не се носи во градинка во никој случај, затоа нонстоп има болни деца во градинките зошто има многу несовесни родители како тебе…
Ама како да знам дека има бактерија ако нема никакви симптоми? Па уште антибиотик да му дадам без причина за да ги задоволам твоите критериуми за совесен родител. Ти брисеви правиш пред вакцина, па знаеш дали има бактерија?
Ако има бактерија ке има симптоми, неможе да нема симптоми. Јас брис правам ако моето дете има секрет од носот или кашла. Раното откривање на бактериите го спасува детето од компликации, опрстукции и мака. Еве јас правам многу често контролни брисеви зошто откако е тргната во градинка керка ми за 6месеци 6 пати бактерија фаќа за 2 дена во градинка. И многу тешко ги поминува. Значи со се контролните брисеви после терспија тоа се 12пати брис за 6месеци. И ништо страшно, здравјето на детето е најбитно. На првиот пост што ти одговорив напиша дека се џабе брисевите демек не се давало антибиотик ако се нема посериозни симптоми, полош совет здравје. Ако дете има секрет од нос се прави веднаш брис за да НЕ дојде до посериозни симптоми и да се спречи инфекцијата и ширењето на бактеријата навреме, најчесто со локална антибиотска крема или капки.
Секој организам кога прв пат се соочува со некоја бактерија се бори. Твоето дете тешко поминало, исто и моето, еднаш и со Сумамед. Со тек на време стекнуваат имунитет и бактеријата може да постои во организмот, но да не направи никаков проблем. Мислиш дека јас сум дала лош совет ок, јас не дадов совет туку напишав мислење од стручни лица. Еве ќе ти прикачам скриншот од еден резултат од син ми. Спојлер Во тој момент немаше буквално ниеден симптом, а резултатот покажа мораксела. Како што гледаш, советот е да не прима терапија доколку нема симптоми, истиот совет го добив и од доктор. Бидејќи јас бев тврдоглава како тебе инсистирав на локален антибиотик кој што не помогна. Постојат одредени бактерии кои се сметаат за домашни во градинките и едноставно децата мораат да ги поминат. Ќе стекне и твоето имунитет и ќе сфатиш дека не секогаш антибиотик е неопходен.
Од 30 деца во група да им се направат брисеви, кај 25 ќе има бактерија. Тоа е колектив и тука нема ништо чудно. И апсолутно може да е без симптоми.
Се додека проблемот го барате само во родителите, нашата државичка никад нема да се потруди да отвори нови. Во ред да, се согласувам со одредени мислења, не е во ред едино да се чува место а дете ич да не се носи во градинка. Но секое дете има право да оди во градинка. За бактерии, се знае дека тоа е така. Деца се и сега градат имунитет.
Матичен педијатар ви кажува да правите брисеви или на своја рака? Зошто не дека има матични кои праќаат за брис на секое течење нос. Инаку и ти да направиш брис, голема е веројатноста да ти најдат бактерија.
Матичен педијатар и сестрата од градинка. Башка што секое фаќање е со гушење од мрсули и шлајмови што се спуштаат на плуќа и после бронхит одма фаќа и гори детето од темперстура што не се спушта ни со сируп ни со чепче. Ни јаде ни пие од мака додека не и помине бактеријата.И да и јас префаќам од ќерка ми и јас лошо поминувам. Незнам од кај ви е вас информација дека сите имаме бактерии во носот и дека е нормално. Не, не е нормално.
Моето дете веќе 2 недели не е во градинка, имаше бактерија, матичната ми кажа да не го пуштам додека не провериме уште еднаш брис дали е излечена. А има многу деца што одат во градинка, болни, кашлаат и пак ги примаат. Тоа е несовесност на родителите.
Сите имаме бактерии, и во носот и во устата и во грлото, ма по и во цело тело. И не само патогени, туку и сапрофитни бактерии. Дури и патогените бактерии не секогаш предизвикуваат инфекција во еден организам, ама тоа пред сѐ зависи од имунитетот. А за добар имунитет, даваме бактерии, поточно пробиотици, оти во здрав организам, со добра цревна бактериска флора има и добар имунитет. Стравот од бактериите ти е неоправдан, сите деца ги поминуваат, особено ако одат во градинка, на тој начин стекнуваат имунитет. Правењето брисеви на 6 месеци и почесто не го оправдувам, џабе се малтретира детето. И ако спушта на гради и има изразен секрет, не секогаш бактерија е причинителот, може и вирус да биде, бактериите излегуваат на брис оти може да се присутни, а не значи дека се активни. За да се разграничи тоа ти треба лекар што е добар дијагностичар, а такви за жал се ретки, повеќето лупаат антибиотици, и често превентивно, и прилично силни, со што се уништува и нормалната флора. Па излегуваат и други проблеми. Среќа што живееш во Македонија и здравството ни е такво какво што е, па може да си правиш какви сакаш испитувања на своја рака. Слободно продолжи, ама мој совет ти е да го ојачаш детето. Ако е помало од 3 години, чувај го дома до трет роденден, после пушти го во градинка, ако е поголемо, обрни внимание на исхраната и поминување на што повеќе време на отворено.
Имам пријатели чии деца подалеку од дневна не отишеле, секој 3 ден беа болни. Ама болни!!! Малце капка вода да им капнеше, у сред лето на 40 степени, одма ги предоблакаа, и да беа со долна маичка у август. Не одеа у градинка, никој не им доаѓаше дома. Родителиве со маски седеа дома. Од што беа болни? Од слаб имунитет и од ај бе превентивно нека пие антибиотик. Значи без кс, брисеви, следење на состојба, не сум дала антибиотик. Сега веќе ни кс не правиме како порано. Затоа што телото си створило имунитет и се и поминува за еден ден. Последно така на другарка му пишаа антибиотик, само ради тт. Без наод на кс, без брисеви. Ама тт никако не спадна, џабе антибиотикот. Нормално после испадна друго... Ако така се се лечеше едноставно, никогаш немаше никој да се разболува.
Ј Јас не сум во Мк, детето ми е 17 месеци, до сега еднаш има пиено антибиотик ама препишан без правење кс и брисеви еве како што спомна ти за пријателката. Бидејќи знам како е во мк, бев скептична да дадам без брисеви и кс. Докторот ми објаснуваше тогаш и рече мене не ми треба да го знам името на бактеријата, па да го малтретираме детето со КС и брисеви, сум слушнал како е во други земји ама еднодтавно тука тоа не е протокол според кои работиме со деца, знам дека е бактерија во прашање, вакви балтерии се лечат со овој антибиотик. И го дадов. Не сум медицинско лице, не знам како ама знаат докторите разлика од вирус и бактерија, овде кс и брисеви не се прават за такви разболувања Тогаш и вториот пат кога се разболе од градинка со темп, кашлица, нос растечен тоа секако, ми рече ова е вирус, парацетамол за температура над 38.5 и солени капки за носот. И така беше после 4-5 дена помина. Од градинката има правило само да се чека 48часа од последна температура па да се врати во градинка. За нос, кашлица не коментираат па фала богу еве скоро 6 мес оди со две разболувања сме. сфатив дека нема правило, божем на ад е од почеток, велат доените деца имаат појак имунитет еве на пријателката доенчето нонстоп е болно.