Во септември секаде беше со препорачана цена околу 280 денари. Кога пројде таа тура качија на 480. Веројатно си нашла нешто заостанато од таа тура.
Мајкички ќе ве замолам за искуство. Синчето е година ипол,и ќе го запишуваме во градинка.Во Аеродром сме со живеење па ќе биде во некоја кд клоновите на Срничка.Некој искуство да сподели со Црвенкапа,Изворче,Калинка... Гледам при аплицирањето морам да изберам која .Секое искуство би ми помогнало. Извинете на долг пост
за упис во градинка треба да се внеси клон во кој сметате дека ви одговара најмногу, но обично ги ставаат дечињата каде што има место, реално треба врски за упис, може и прочита погоре, мојата голема ќерка оди во Изворче и јас сум задоволна, од хигиена простор и исполнување на акивности, малата оди во јасли во Калинка и таму занималните се помали, не можам да кажам искуство затоа што е бебе и муабетот во јаслена група секогаш е јадена пиена спиена или обратно, сметам дека на децата местото им е во градинка, но барем од 2 години.
Поефтиниот е за деца до 3 години, само Виранто фор ју пишува на него, а Виранто Форте фор ју е за деца над 3 години и е поскапиот. Инаку, има ли некоја мајка да сподели искуство со дете кое никако не сака да оди во градинка, дали успеале да се прилагодат или ни нема чаре? Ич неќе да оди, се оди со плачење. Веќе 4 месеци како оди со паузи, никако не можам да го оставам на спиење зошто и до 12 едвај седи. Учителките му се супер, ама он не сака да се игра со децата, повеќе седел настрана или се играл со учителките. Со децата не се заигрува. Еднаш пробав и го оставив на спиење, многу плачел и на крај заспал, ама еве сега едвај го оставив, се тегнеше и влечеше, не ми даваше да го внесам внатре. Стварно нз што да правам, му зборам цело време дека е убаво, дека треба да се игра со децата, зошто толкава одбивност? И за децата му зборам дека треба да се игра. Има ли некоја да била во ваква ситуација, ќе се смени ли нс подобро или тешко?
Мајки дома пак им правите ручек, така? Моиве беа навикнати на појадок, ужинка, спиење па ручек. Сега ручаат во градинка (на местото на ужинка претходно) но сметам дека е ок пак да си ручаат после спиење Иии Виранто само на симптоми се дава? Или може превентивно? Колкаво е детето? Мојот на 3г направи голема одбивност и не смеевме ни да спомнеме градинка. Сега после една година повторно се обидуваме, рано е да кажам но дефинитивно пристапот на воспитувачката е многу важен. Од 5дена само вториот влезе без молби чуда ама ниту еднаш не го внесе со сила. Првиот ден неколку пати влезе и излезе, веројатно за да се осигура дека сум тука. Внатре седи со патики, почнав без јакна да го носам бидејќи и нејзе нејќеше да ја соблече. Вчера крофни им дала, вика му ветив и памти, сака се да му се исполни па морам да иаполнам. Прееска уште се паркирав они излегоа. Вика сакаше да излезе па да не ми се лути си реков ако треба ќе почекаме на клупа. И лани и сега се работи за приватна градинка ама сепак многу различен пристап. Не знам дали ќе се навикне ама од таму дефинитивно се трудат.
Вака ми изгледаат ок воспитувачките и дека се трудат. Има 3 години и 3 месеци, одбивноста не е од сега, никогаш не ја ни засака. Ако го прашува некој нешто за градинката, се прави декане слуша и не одговара ништо, на мене ми кажува. Кога го зимам вика дека пак ке оди, а пред да си легнеме и сабајлето вика дека неќе да оди. Мислам дека кога би почнал да се игра со децата ќе сака да оди, ќе му е интересно, вака само седејќи, може тоа му е досадно. Одбива и да јаде, он и дома не е јадач, ама таму ништо не јаде.
Он. Плаче на секое влегување. Вчера ми се јавија да го земам, не престанал да плаче, почнувале и другите да плачат. Причина нема.
Јас работам пола работно време. Флексибилно е и навечер работам додека спие. Ама имав интервју и чекам одговор за дополнителна работа. Тогаш ке нема кој да го чува ако почнам плус тоа да го работам. Не знам дали да менувам градинка. Дали е до нив? Сите ли оставаат работа? Има ли дете кое не се навикнало?
Мислев ко да те имам читано дека за социјализација само го праќаш. Седни низ игра некако потпрашувај го, да се отвори и да каже што е тоа што толку му ја прави одбивна градинката... Ако е таму супер некако тешко е дека детето по некое време нема да ја прифати, што знам.
Да, почнав да го праќам за социјализација и заради говор. За нецел месец прозбори и презадоволна сум. Има денови кога седи колку треба. Плаче, ме бара ама го смируваат. Кажуваат дека се игра, и ке му текне да ме бара и да си оди дома. Има денови кога воопшто не плаче. Фини се многу, му удоволуваат ама сака дома. Други не го дираат, тој прв се дира. Ама почнав да барам и дополнителна работа, не се малку пари. Флексибилно е и ми одговара 4 часа додека е во градинка и уште 4 навечер.
Кажи им дека веќе 2м прошла нека се снајдат да не плаче. Јас добив совет да не им кревам слушалка ама не можам и си го запишав вп приватна од каде никогаш не ми се јавија дојди плаче земи го. Изглеа под хипноза им седи таму син ми и тоа без цуцли е во градинка.
Од понеделник кажиим тргам на раб ве молам потрудетесе нeможам да можам да искачам. Те возат учителките тебе.
И јас сум на мисла да менувам градинка. Мислам дека откако кажав дека работам со флексибилно работно време си зедоа за слобода да му кажат дека ке ми се јават и ке дојдам. Дете како дете, како му кажеш така ке прави. И дома јас ако кажам дека ке правиме нешто мора тоа да се направи. Плус нема шанси да заборави, ако кажеш мора да реализираш. Знам дека е многу темпераментен и можеби и попалав од сите други деца, размазен и потежок за чување, ама нели се тие педагози? Син ми ни цуцла ни памперс ни пак изведува нешто за јадење, само сака активно да си играш со него. И мене така ми личи. Си сакаат мирни деца да не се замараат многу.
Јас мислам ти кажав еднаш, они обожаваат мајки како тебе што им викаат дека се флексибилни и дека им е за социјализација. Одма сечеш кажуваш дека фул тајм си од денес на работа да си го адаптираат. Твојот е пак поголем разбира син ми почна на 9м се трткавме 4мес скоро со адаптации. Сменив клон џабе. Исто вака штп пишуваш и мене ми збореа шаблон им е. Сакаат мирни деца син ми не застанува.
Сама си се зезнав. Син ми не застанува ама плус почна со прашања зошто ова зошто она вака онака и те гледа во очи чека да му кажеш. Најчесто по три четири пати ми бара да му објаснувам.