2 пати ми заѕвонеа телефонот не им беше кренат, почнаа да се бунат дојди во волку во толку не спие не јаде а нема врска и од кога им се заканив дека ќе барам решение кај директорката на градинката веднаш почна да јаде и да спие и не ми свртеа никогаш повеќе.
Син ми плаче, не велам не. Ама ми пречи тоа што тој вели јави мама јави мама, тие велат сега и ми се јавуваат веднаш. Не знам како до толку не можат да го залажат да седи до пред спиење. Не седи ни цел ден.
Zdr sakam da prasam koi dokumenti se potrebni za upis vo gradinka I dali mora I dvajcata roditeli da se vraboteni ili nemora posto jas sum nevrabotena sega
Мора да се двајцата. Вакцинален картин со сите примени вакцини и барање таму ќе ти дадат. Отприлика то.
Многу долг период е 4 месеци за адаптација. Очекувано време за адаптација е 2 недели, а за тешка адаптација се смета 3 месеци и дека секое дете севнавикнува во тој период. Дали сте зборувале со воспитувачката да најдете причина зошто не се адаптира? Да се види во кој дел треба повеќе да се работи со него? На 3 ипол години ако зборува, они како педагози треба да разберат зошто дава отпор. Пробајте и со разговор со главниот педагог во градинка, да смени група. Колку и да се фини учителките, очигледно не знаат да се снајдат, и или нека побараат помош или нека го префрлат кај некој подобар воапитувач. Дете на кое му се задоволени потребите во градинка, игра, јаде (добро ова и до детето е), спие, прифаќа градинка. Секако дека сите деца имаат фази кога вијаат дома дека нејќат да одат, а некои и до прво одделение дома плачат пред да тргнат, ама таму кога ќе влезат се супер. Презадоволна си заради зборењето, ама очигледно воспитувачката не се замара многу Секое дете е помалку или повеќе размазено, ама тоа нема никаква врска со тоа како ќе се навикнат. Без преувеличување, кај син ми во градинка сите до едно со трчање одат, никогаш не се слуша да плаче дете, на земање сите се насмеани,а слушаш дека ги караат. Колку пати на земање слушам и мојот како го караат зошто исипал вода, или бутнал некој, па пак не е расплачен, си оди и кажува супер било. Добар педагог знае и како да ги искара за да научат. Па ќе излезе негувателката да ми го предаде и ќе ми каже ' абе први се за бељи правење, каква банда се собрале, ама така растат, ќе научат.' Се е до негувателката и до воспитувачката. Само што, за жал, има и такви што работата сп деца им е терет а не задоволство, а не смее така да биде
Јас и @hello-kitty.90 како да сме пратиле дете во иста градинка. Истото од збор до збор ми го кажуваат. Очигледно не се сите кои работат со деца вистински педагози. Треба да умеат со сите деца, не ми е мене детето толку несоцијалиризано како што велат дека е. Некои денови само викал плачел и ниту една играчка не сакал да погледне. Тие денови кога ке го земам, дома со се се заигрува, сам си прави игри, јас само седам и одговарам на прашања. Значи ид градинка дома дојдовме и скоро еден час си се играше сам без проблем.
@MilaSs12 во неколку поста пишуваш како детето за неполн месец во градинка имало подобрување во говор. Пола месец градинка (сигурно и отсуствувал) со седење максимум до 12 часот, пола од тоа време со кенкање да си оди, плус со не толку ангажирани воспитувачки ја со две раце ти потпишувам дека нема врска со говорот. Тоа е прекраток период за тоа што пишуваш дека го постигнал. Едноставно на детето му дошло време да збори и тоа е тоа. Градинката има големо влијание да, но на долги стази. Па тука има деца што со месеци посетуваат логопеди и индивидуални часови, одат и година дена во градинка па не постигнуваат тоа што ти пишуваш дека сте го постигнале во градинка за неполн месец со плачење и седење до пред спиење. Мислењата ти се тотално нерелевантни и може само поише да збуниш родители кои имаат мака.
Јас со месеци работам со него и ништо. Сите играчки за возарста ги вклучував соодветно и некои порано од очекувано ги совладуваше. Уста отвараше да каже мамо и да ме носи кај му требам. Во градинка почна да оди и почна да збори. Не верувам дека случајно му дошло баш тогаш да врзува реченица со по 5-6 збора. Првиот месец одеше со малку или ич плачење. Вториот месец почна да плаче пред одење. Неделава од понеделник до среда беше супер. Четврток не можеле да го смират во петок иста ситуација. Ке видам наредна недела како ке оди и ке одлучам што да правам.
Не ми е јасно како тоа три дена оди супер, четврт не може да го смират? Го караат, а никогаш не е каран па не прифаќа тој ден кога плаче? Зошто ако дава фул отпор,ќе дава цело време додека целосно се навикне
И мене не ми е јасно. Затоа и барам совет овде. Памет немам со ситуацијава. Не го караат, велат плаче и те бара. Само велел мама мама јави мама и сакал да седи во ходник.
Моево константно има одбивност спрема градинката. Мојот проблем е што не сака да се игра таму со децата, а вака со децата од маало се игра, ама сите се поголемки (над 4 год се). Во градинката има неколку деца што се како него, повеќето се помали. Ретко е делен од мене, и во градинката стално ме тражел и плачел. Дали заради тоа не се привикнува, или дека не се игра со децата, туку ги гледал само отстрана или одел кај воспитувачките, стварно нз. Инаку @MilaSs12 и претходно имаме зборено. И син ми како и твоето, не збореше скоро па ништо, и одеднаш почна да кажува цели реченици. До 2 год и 7,8 месеци ( не памтам точно), збореше мама, тато, баба, дојди,тете, дедо, дај, и некои др бебешки зборчиња. Што и да сакаше некако како со мимики се разбиравме.. Ми покажуваше, ме водеше на местото да ми покаже што сака.... И како преку ноќ да научи се и почна да збори. Сеуште не зборува чисто, ама баш има голем фонд на зборови, прашува, потпрашува, раскажува. Да тргнеше во градинка во тој период и јас ќе бев убедена дека е до тоа, ама не е, сигурна сум. Не дека не влијаела градинката можеби отпосле, ама сигурно не била пресудна за да прозбори.
Истото и мене ми го кажуваа и вистина е дома не можам да мрднам 1 метар подалеку од него кај сум јас таму е он пошто цел ден е со мене, со татко му саат 2 дали се гледа во денот ама верувај негователките секогаш сакале и ќе сакаат да си ја олеснат работата тоа многу вработени по градинки ми го кажуваат.3 дена наводно не спиел по ходници го шетале а дома минута не заспива.Тоа може друг да лажат јас детето си го знам.И тогаш ѕвонат дојди земи си го.Од кога им се заканив со директорката веднаш почна да спие.На крај искочи најмирното дете во групата wooow.
@MilaSs12 другарка воспитувачка во градинка работи ми кажа дека и детето ако не спие немаат право да ти се јавуваат да го зимаш.Во нејзината група пола спиеле пола не спиеле и тие 2 саати ги занимавале, никогаш не ги барале родителите тоа време да ги зимаат пошто не спиеле.
Син ми исто правел. Не сакал со други деца, ама некогаш и сакал и кажуваат денес беше супер се играше немаше плачки. Не знам како може некои денови да сака некои денови не. И синко е таа возраст, 2 г и 8 м. Збори задоволително чисто, во лифт кога ке каже нешто го разбираат, домашните ние го разбираме. Не е целосно чисто секако ама е доста добро. Синко не е делен од мене повеќе од 3-4 часа, ама тогаш е или со татко му или со баби и дедовци кои ги обожава, нема проблем за така си седи не не бара. Јас знам дека син ми не е мирен, многу е палав. Не не јас не го оставам на спиење, го земам пред, а проблем е што некогаш бара да го земам порано.
Како ќе се адаптира детето ако денес го земеш порано од претходните денови? А на влегување како реагира? Исто и тогаш плаче? Дома ги збори децата,градинката? Таму јаде? И на мене ми викаа дека не сака да спие кога спијат другите деца,т.е. дека заспивал порано од нив (тоа беше на 13м) и кога сите спиеле он бил буден и наводно ги будел( во превод учителките не можат 2 саати на раат да одморат). Знаеа дека порано завршувам со работа и ми викаа мајка сега кажи решение (во смисла да си го зимам кога ќе заспијат другите). Им реков дека не можам јас да им кажам решение,јас сум на работа( и да сакав порано од 12:40 не можев да стигнам) нека го играат во периодот кога му се приспива за да издржи до 12 за со другите да спие. И види чудо,се навикна
Си го барав мислењето да видам што последно сум пишала, а тоа било уште на адаптација Епа да ви кажам мајки Антонија сака да оди во градинка. И мене ме мафтаа еден месец со адаптација, и откако беа во изолација поради воспитувачката, (имаше друга на замена) и Антонија остана до пред спиење. Значи месец дена одеше по саат максимум и ја носам после изолација и ја прашувам другата воспитувачка, во 10.00 да дојдам да ја земам? И таа изненадена не мајка, дојдете во 12.30, и јас уште поизненадена ама уште не е адаптирана, ќе се адаптира мајка не се секирај, она за еден саат не може ни да се опушти. И и викам на воспитувачката јавете ми се ако плаче, и воспитувачката ми вика не се секирајте се ќе биде во ред. И стварно беше, неделата седеше од 09.00 до 12.30 и од понеделникот им јавив дека ќе ја носам 08.00 порано зошто имам обврски и ми кажа таа старата воспитувачка (се врати од изолација) не може така, штом сакате порано а не во 09.00, да ја носите во 07.30 има ред во градинката. Ок, им ја однесов во 07.30. Ја земав во 12.30. Еднаш ми се јавија да ја земам порано зошто другите ручале а она секако не ручала, немало што да прави??? па да ја земам порано, не можам им кажав. И прашав кога ќе спие Антонија во градинка, одговорот беше кога ќе почне да јаде. Две недели штрајкуваше со глад Антонија ама не престанав да ја носам и на прашањето зошто не јадеш одговорот беше дека не и било убаво. (И дома ми беше нејадач) и и кажав епа мами јади само лебче, само тогаш ќе можеш да спиеш на убавите душечиња. И Антонија пројаде само за да може да спие на убавите душечиња. Претходно не и давале ни да легне на нив и викале нема за тебе душече ти ќе си одиш дома И сржав малку кај воспитувачката дека 9ти месец сум и да се потрудат зошто иако плаче насабајле сака да спие таму како другите дечиња. Дојде и тој ден кога самата им рекла ќе јадам само леб ама да ме пуштите да спијам на душекот и јас,дома нон стоп и кажував ако јаде ќе спие во градинка. Јадела а сепак не ја пуштиле да спие зошто не било спремно душечето и таква со плачење ја земав и ме виде воспитувачката дека искри ми излегуваат од очите и почна да се извинува и и реков еве сега слушни ја воспитувачката како ќе ти вети дека утре ќе спиеш во градинка и секој ден понатаму ќе спиеш во градинка. Од петни жили се обидував да се смирам да не почнам да и викам на воспитувачката како може на тој труд за да почне да јаде и да спие вака да постапат. И тоа беше последен пат кога ја земав Антонија порано. Од тогаш па до сега имавме паузи стандардни со moraxella, со течење на носе, со кашлање, со алергии, со изолации ама сака да оди, дури два три пати ми кажа до ноќ да ја оставам во градинка Има другарчиња кои постојано ги збори, кажува песнички и си ги сака сите учителки само малку помалку ја сака таа што беше во изолација (на почетокот ја викаше старата баба) а и воспитувачките ја фалат дека била за пример дете (уште дома вака да беше ) Се заблагодарувам секој ден на таа што ми рече не се секирај мајка ќе се адаптира. Стварно треба да се погодат воспитувачките и да сакаат да се потрудат околу детето, па совет пред да се откажете пробајте сменете група, клон па дури и градинка
Така ми велат дојди земи го плаче. А не плаче секој ден. Туку некои денови. Од понеделник до среда не плачеше, четврток и петок да. Некогаш плаче на влегување некогаш веднаш влегува и си е весел. Збори со кого се играл, сите биле добри, на одење ги гушка учителките и праќа бакнежи, јаде колку јаде, и дома не јаде многу. Работам на апворк, по 4 сати дневно ама работам навечер, или додека е во градинка. Сакам да работам повеќе часови, и додека е во градинка и навечер кога ке заспие, не се малку пари во прашање, просечна плата вадам сега.
Тогаш не попуштај. Објасни им како во меѓувреме си нашла работа од 8 часа и дека не можеш кога сакаш да правиш пауза за да го земеш. Гледај да се адаптира со спиење после ќе си фатите убав ред.
Работам на апворк, по 4 сати дневно ама работам навечер, или додека е во градинка. Сакам да работам повеќе часови, и додека е во градинка и навечер кога ке заспие, не се малку пари во прашање, просечна плата вадам сега.[/QUOTE] И јас работам 4 до 5 часови дневно ама никогаш не им дадов до знаење дека можам да го земам во 12.Јас или во 11 ипол или до 1 ипол сум дома ама го зимам во 2ипол секој ден, така ги научив од почеток така еве до ден денес си тераме.