Ве молам за совет утеха нешто. Малиот ми оди у градинка 3 недели ама секое утро е исто му кажувам ќе оди на градинка кај децата мама и тато на работа подле ќе го земеме ќе си играме ќе се гушкаме кажува добро да, и кога тргнуваме да се спремаме е со плачки не сакал да оди сакал дома многу тешко ми паѓа кога го слушам. Таму бил добар кажуваат си јаде си игра си спие чат пат заплакува ама воглавно ок е . Незнам како да постапам и што да правам веќе многу ми е жал кога плаче така. 19м е
и кога ќе престане да плаче одсабајле пак ќе има денови кога ќе биде тажен и ние не сме секое утро расположени, нели во градинка кажуваат дека е добар тогаш е во ред, после градинка ќе се дружите повеќе со посветено внимание и сега на пролет со дечињата од група дружба надвор по лулашки, тоа многу ми помогна со големата. и кажував дека ја чекаат (ана, марија, миила, кики.. омилените другарки) и почна да се спрема без проблем, награда беше дружба после градинка иначе и тие се паметни пробуваат до каде можат да одат да попуштиме и ние, биди храбра пред него да не осети дека ти е жал и тебе, кажи му дека учителката ти се јавува дека го гледаш на слики дека му е супер
После градинка не се двои од мене. Постојано сме заедно си играме шетаме се по ред. Има доволно внимание и од мене и од татко му. И таму кога си оди кажува дека му било убаво дека утре пак ќе дојде. И наредното утро пак се исто со плачки. Кажуваме збориме се. Се надевам побрзо ќе престане да плаче разбирам јас дека некое утро пак ќе е така ама па секое веќе не знам што да мислам.
да не се нервираш, нели му е убаво и е јаден и спиен добро е, ќе осетиш и ти самата ако на детето не му е добро, мал период е во градинка, ќе се привикне во целост, различно е секое дете, големата плачеше на оставање 3 месеци, но се смирувала внатре одма, мал е сеуште и разделбата му е тешка, да наполни 2 годинки и подруго ќе е
Најава за затварање градинки од 11 април? https://deca.mk/finalni-podgotovki-za-ekomaskenbalot-vo-ramstor-mol/
не се нормални, штрајк да, барање на подобри услови да, зголемување на плати да, кажување на став да, но децата каде ќе бидат? пред врата? да земеме и ние штрајк па да се блокираат сите институции го препраќам линкот @KuklickaSk https://deca.mk/za-nashiot-goran-na-9-april-povtorno-vo-mnt/
Така е во право си. Супер си е тој онака дома и весел и се како што треба само наутро се плачките додека го оставиме после нема мака ти благодарам за убавите зборови
Денес кога ја земав малата од градинка ги прашав за штрајкот на градинките и школите, ми рекоа не биле во тек иако можело се да се случи до наредна недела. Што правиме со тие деца што нема кој да ги чува, или не размислиле за тоа?
А што има да размислат? Зар не сметате дека заслужуваат подобри услови и повисоки плати. Ипак детето ти го чуваат
Ако нешто ви значи, јас сум во образование до сега бема никаков допис дека дефинитивно ќе се штрајкува, сеуште се во преговори. Иначе и јас размислувам што би било ако јас не бев во образование, а градинките да штрајкуваат кој би ми го чувал детето, ама како и секогаш градинките ќе бидат изоставени од штрајкот и на крај и нив нема да им бидат зголемени платите. Ако основно,средно и високо образование добија по 5% покачување тоа не беше случај и во градинките, за жал
Фала богу, јас сум Да им покачат плата. Заслужуваат. Ама да се чека до последен ден а ти да не знаеш на што си, не е фер.
Немам лично искуство, ама се спремам. Знам дека имаат фази на почеток плачки, па се е ок, па пак плачки и зависи од детето кога ќе се навикне. На некое му треба помалку, на друго повеќе време. Ја имав краток разговор за адаптацијата и ми рекоа да си планирам мин. 4 недели и после тоа можеби би можело да остане цел ден, а може и да потрае. Не сум Мк. Последно една мајка ми кажа дека нејзиното уште се адаптира од ноември. Ама сама си кажа дека е специфично, па негователката за која било приврзано останала на боледување 2 месеци и сл. Има многу фактори кои влијаат, а највеќе ти како мајка да не си правиш стрес и да издржиш додека да пројде, зошто децата чувствуваат и ако тебе не ти е ок, нему уште повеќе.
Па тоа е поентата на штрајкот да те остават на цедило, за да и родителите се побунат и повеќе притисок да има за брзи промени. Јас те разбирам незгодно е стварно да немаш што со детето. Ако се деси децата и и вие родителите на улица со нив поддржете ги.
Сега ми се најде мајка ми го чува син ми, иако има здравствени проблеми со бубрези и низок притисок, синко има бактерија во нос. Па и тоа дасе случи, да се даде подршка мислиш ќе попуштат и ќе дадат покачување? I don't think so.
Треба да имаат 40.000 плата ако ме прашаш мене, ама не смее да останат децата незгрижени. Има други механизми и начини.
Ако излезат сами ке биде уште еден штрајк како и други. Ама ако има општо незадоволство ке мора да покачат плати. Зошто се затвораат патишта кога земјоделците се незадоволни? За да осети цела држава а не само да дремат пред влада и да има гужва во центар. Какви механизми има во државава смешна?
не знам какви се препораките таму, но 4 недели е многу, детето ќе се навикне дека треба да го земаш порано , а не дека треба да остане во градинка, 2 до 3 недели мислам дека е доволен период за адаптација, со тоашто на 3, 4 дена ќе го продолжуваш период на седење во градинка, има родители што ми го потврдиле ова, детето знае дека ќе биде земено пред спиење и настанува проблем.. сепак е индивидуално, а за плачење при оставање при спремање ќе има,, битно е таму да е задоволно и да го следиш напредокот и однесувањето на детето после градинка
Па не знам, ама најверојатно. На вести прееска кажаа.. Врвка работава. Се надевам само ќе се среди до тогаш.