Platite neka mu gi pokacat i nemam nisto protiv toa no nie ke gi izgubime rabotnite mesta toj period koj ke go opravda naseto otsustvo od rabota, na nikojj nema da mu bidi gajle deka so tie pari nie si gi gledame decata, a ako imame pari nema da odime na rabota ke sedime doma i ke gledame kako ni rasta decata. Krajno neodgovorno e ova ! Stramota
Нема генерална препорака, зависи од детето т.е. индивидуално е. Може да трае и 6 недели, што е многу ама е ок. Педагог што има работено во градинка ми кажа дека најдолгата адаптација според нејзино лично искуство траело 3 месеци, ама такви биле околности во фамилијата. Така да не може да се каже 3 недели е максимум. И да детето што уште се привикнува од ноем. е нејзино и се работи исто за дете кое е посебен случај односно highly sensitive.
Безобразно е (благоречено), преку деца мали да пробуваш да постигнеш цел. Колку сака нека се во право, овај не е начин.
Јас не го гледам на тој начин, може затоа. Ако е некој незадоволен штрајкува со тоа што нема да работи. Тоа не е сега ново измислено. Владата е кривец што не успеале да најдат решение, туку изгледа баш ги брига што ти, јас и станка ќе треба одмор да користиме
Абе по мене и ние родителите треба да се буниме. Нели со врски ги запишуваме, нели чекаме со години ако немаме врски, нели не ги чуваат добро,храната не чини салмонела добија во кум, нели не уценуваат дојди во 14ч земи го... Сега ем сите се жалиме од градинките и прв момент кога негователките се бунат ние одма ааа ама зошто, а децата? Јас во темава 1м веќе пишувам за децата. Секако има исклучоци и треба да се плаќа по учинок. Ако родителите се незадоволни да се кине од плата, ако се задоволни да се наградува. Ама и да се одреди со колку деца реално можеме да работиме...шведско сценарио. Зборот ми е чекор по чекор ама сите ако запнат можеби и може нешто да се среди. Јас викам плати бараат, ама што нудат? И кога Фана и Милки ќе си ќутат ќе си земат одмор или баба сервис, државата ќе рече епа ете супер значи не се буни никој.
@Milkiway немаме ние родителите таков тип на притисок. Тие имаат со тоа што ќе не остават во небрано да се снаоѓаме како знаеме па дури иако не се согласуваме да им се покачи платата да вршиме притисок до владата за да им ги покачи. Пример како би постигнале ние нешто? Како би ја притиснала јас владата да изгради повеќе градинки? Немам со што да ја уценам. Тие имаат. И користат.
Со патики од надвор седи со другите деца во занимална Па затоа приватните добиваат лоша репутација, од вакви ситуации. Крофна дека ветила. Извини, тебе ова ако те импресионира мене ми е надвор од сите граници. Нели имаат мени таму, утре може кебачиња ќе сака? Џабе се бунам изгледа во темата за приватни градинки, ова во државна не верувам дека ќе се дозволи
Не ме импресионира воопшто, не можам да ги оправам цела недела со температури. Немаат ни рачиња измиено зашто одбивале, јас дома им зборам колку е важно и таму да соблечат патики, да мијат раце итн. Погоре коментарот ми беше за адаптација, дека стварно се трудат да влезе. Познавајќи го моето дете со поинаков пристап тој не би ни влегол внатре, ова го доживеав како чудо па може така ми звучи коментарот. Инаку барам опции, ете ги носам без јакни, следно и со перени патики во раце ќе ги носам ако треба, ќе молам да им мијат раце и да им даваат вода. Идеја друга немам. Свашта слушнав и видов од сегде, страшно е, хорор. После се чудиме од кај одбивност одеднаш кај децата. Вработена во градинка и слики му покажала на мм од деца што со саати биле оставани под казна во ходник. Јас сум згрозена. Ако има некој подобра опција да ми понуди нека повели. Лично не верувам ни дека во државните внимаваат на хигиена, а и во претходната приватна кога влегов беа страшно валкани теписите и исто не пуштија со патики као ај па чисти ви се. Чистеле постојано, како не. Ги однесов во едукативен центар. Среќа уште првиот ден плачеше едниот па ме пуштија внатре и доживеав шок . Свесна сум дека џабе јас ќе форсирам внимавање на хигиена кога утре и други нови деца ќе седат така. И дека си одат болни без проблем. Менито колку што видов го почитуваат ама плус минус што прават зад затворени врати никој за нигде не знае. Среќа едниот ми е дрдорко раскажува се па ќе се оправаме колку можеме. Ако можеме, ако не здравје. Ни први ни последни што нема да одат во градинка. И така, лута сум за многу работи па ај малку се издував Едит: Искрено крофната воопшто не ми засмета (освен моментот што не бев прашана, бидејќи сметам дека така е правилно), а ако им е мерак и ќебапчиња нека се частат некогаш. Ама за хигиена нема компромис.
Учителките треба да имаат авторитет над децата, а не обратно. Следно ќе направи нешто незамисливо за децата да не се лутат? Ич не ми е ок ова. Има мн добри државни градинки. 3000 евра годишно за градинка за мене е фрлени пари во вода. И правење триста глупости од страна на тие учителки, децата уште од мали ќе си научат дека они ги командаат другите, и после проблеми. (доволно е што ние како родители им попуштаме)
Имавме избор да се изјасниме дали сакаме штрајк или протест и сонк да одлучи според тоа што ќе биде. Разликата е во тоа што протест може да е и за време на викенд и за време после работа, додека штрајк знаеме сите што е. Не работиме и то је то. Јасно ти е мислам зашо се одлучи за штрајк. Секој да треба да бира ќе рече штрајк. Е сеа тоа што ни мене ова не ми одговара, бидејќи имам избор или да идам на штрајк сосе детето и да се вратам на раб и да си ја сработам работата јер нели, јас не сум научен кадар туку пацов, или да земам денови од одмор зашо сонк ќе штрајкува.
Па еве да речеме во еду центарот или во таа некоја си друга градинка ако си била на крај на ден секако ќе се валкани тепихчиња, под или масички. Тоа се чисти подоцна или наутро ( логички) или па сигурно нема у чорапи да шеташ низ градинката и тоа небитно. Мене ми падна во очи целото улизување и дозволување на се што детето или родителот ќе посака. Не е ни за крофната или кебачињата. Тоа е институација бре, треба да си има тек на правила и адаптација. Како што те сфаќам, децава ти се големи. Ние на ново работно место како сме? Збунети, внимателни. Не плачеме гласно зашто знаеме да контролираме емоции. Така и со децата. Мене ми е искрено премногу вештачки ова, без никаков авторитет и праење филмови. Мое мислење, дај боже да грешам
Па да, а утре во школо? Ќе очекува и таму наставничката да седи на клупа и да ја чека мама Сами сме си криви за некои работи и за тоа какви ни се децата.
Во близина немам саглам државна, а верувам дека има и подобри од приватна. Удоволување и издвојување од другите воопшто не оправдувам но има разлика од постепен пристап. Немам пишувано на темава колку маки си имам со детето а немам ни сила да се распишувам сега. Постепено го пуштаат да се вклучи со другите и да не биде "привилегиран", тоа е сигурно и се надевам дека ќе стигнеме до таму. Значи не го носам во градинка за да биде лигав и привилегиран туку постепено да се вклучи во колективот. Освен постепено нема опција. Еве другото дете нема таков проблем па ако е само он јас како родител нема да имам поима дека таму некое дете влегло со патики, јадело крофна и не миело раце. Уште па ако не раскажува дома детето само зборовите од учителките ќе се.
Зашто не пробаш во 8 март? Јас сум задоволна од хигиена грижа, се трудат многу со јадењето дека големиов не јаде. Имаат актовности секој ден.
Ако треба и во чорапи ќе шетам, не гледам проблем иако постојат и калјачи. Значи не се ова претпоставки туку факти. Во градинката јасно ми кажаа дека чистат на крајот на денот, а кога ние завршувавме договараа кај кого е клучот за заклучување. Беше и повеќе од крај на денот. Го земаа со влечење, клоцање, врискање и излезе друга да ми каже да си одам, ќе зголемеле време, да дојдам за 2 ипол саати. Супер бил, се смирил. Баш се зачудив ама ок, поверував. За да ми се јават после саат ипол да се спремам полека да одам, не се смирувал. Кога отидов не можев да си го препознаам детето, воопшто не се смирил а не е дете што приплакува туку доживува премногу емотивно и буквално панично се бори да се спаси од ситуацијата. Во моментот излегуваа надвор. Учителките си ја тераа работата а он и уште едно дете плачеа секој на своја страна. Ок, детето плачеше (со едни огромни зелени мрсули кои му влегуваа во уста) а мојот врискаше, губеше воздух и се тресеше. Во еду центарот не бев на крај, влегов додека беа децата. Знаете што значи еду центар, така? Епа овде скокаа, трчаа, растураа на сите страни цели 2 саати. Според тоа што го видов ни претходно ни потоа немаа намера да работат ништо. Настрана што ја грееа само "училната" со клима а децата седеа на ладни плочки со подотворена врата од големиот ходник кој беше преладен(немаше греење), исто и купатилото со скршена веце шоља за возрасни, големо лабаво со ладна вода и бришење раце со пешкир. Едно дете убаво му се искашла во фаца на син ми и знаете за два дена што следеше.
Детето ти било во адаптација во сите случаи до сега, не ми е јасно што очекуваш? Еве да речеме си шетала во новава градинка по чорапи, пак џабе. Твоето дете е во патики цел ден и другите деца се на валкан под поради тоа. Затоа не држи вода. Скокале и растурале два саати омг Ама чим ти е ок за он да е со патики цел ден во занимална а као толку пазиш на хигиена, без измиени раце и да јаде крофни за да е смирен веќе не коментирам. Ти си знаеш.
Јас навистина непотребно сум пишала за случка од адаптацијата од која не бев задоволна но тоа нема никаква врска со се друго што кажав погоре. Не знам каде прочита дека ми е ок да седи со патики и немиени раце (крофната не ми смета ), веќе кажав. А од едукативен центар сигурно не го очекував тоа што го видов. Во која е он? Размислував за малиот да го запишам во таа кај Зегин но слики и жалби дојдоа баш од таа , а од родители сум слушнала пофални зборови.