Ја слушав министерката дека мора замена да се најде за тие што ќе штрајкуваат затоа што децата не смеат да не бидат згрижени. Не може и ние што не работиме во градинка, а немаме баби за чување да штрајкуваме.
Абе да замена се ок, ама каква замена какви се тие жени? Или замени небитно. Плус се мисли ли на психолошкиот аспект кај тие мали деца бебиња се навикнале на еден и оди друг го зема непознат некој незнам мене искрено не ми се допаѓа тоа @SanelaS незнам и јас се чудам. Една од воспитувачките и рекла така на другарка моја незнае ништо подетално....
сите од објектот ќе оделе на штрајк. нема замена. ок. ќе си седам дома. не зимам одмор. и ја сум на штрајк јер сум у образование.
И образование треба да е на работно место и од таму да штрајкува. Така бар јас знам. Во детска радост беше твоето? Јас денес прашав рекоа не знаеле уште како ќе биде..
Нас денес ни кажаа дека од понеделник штрајкуваат и нема кој да ги чува децата. Искрено ако прават протест ќе им се придружам и тоа со двете децс, не само за платата туку и за недоволно вработени, недоволно градинки, недоволна опременост, подобрување на мени и слично.
Јас мислам дека е возможно само да ги притиснат воспитувачките и негователките, да им се заканат со откази и така да ги натераат да работат, за жал.
Затоа реков ако прават протест, ден ќе земам од одмор за да им се придружам. Секако кога нема кој да ми ги чува ќе земам одмор јас, па мм, па боледување и така. Затоа штрајкуваат градинките за да се види колку други зависат од нив.
Лошо, ги поддржувам во ред е се тоа со платите, но не бива и вака, како да се снајдам за чување, тешко и на сите родители што немаме сервис баба/дедо или било кој. едит: @S.J.Parker Во право си, но кој приватен работодавец ќе го толерира се ова што го напиша?